логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 ============


МАНАСТИРОТ  ПРАСКВИЦА И СТРАШНАТА  ТАЈНА:  Заради таткото монaх руската    благородничка   станала српски калуѓер

 manastir praskavica




Екатарина,  ќерка  на Eгор Строганов, кој што се обврзал на завет на молчење, преоблечена во монах со име Елисеј, го пронашла својот татко во Прасквица , каде што  обајцата умреле.

Манастирот Прасквица над Свети Стефан, душата на Паштровиќи, како што го нарекуваат, кој што минатиот месец одбележа 600 години од постоењето на црквата Свети Никола , во своите ризници чува невидено богатство.
Тоа е златниот крст на Цар Душан, кој што е пренесен од Високи Дечани за да биде сочуван , путирот на Рускиот цар Павле,  даровната грамата  на руската царица Катерина , ракопис на Евангелието од 1600. година на Гаврил Цетински, подарок на владиката Данило, Балшина камена “маса од правда,“ на која што заседавал племенскиот собор на Паштровиќ, фрески и икони од непроценлива вредност, околу 5000 книги...

ТРАЕН   БЕЛЕГ

Егоровиот  пат и денес се користи. Преку него , до врвот на ридот , од каде што  пука  единствен поглед на поголемиот дел од брегот , најчесто одат туристите , меѓу кои  има и Руси.
На врвот на Челобрдо , таму каде што завршува патот, Паштровиќи му  подигнале спомен - плоча  на Егор Строганов.
Прасквица , чии  што првобитни темели  потекнуваат од 1050 година, значи, четири години пред поделбата на христијанството, има и една тајна,  за која што пошироката јавност малку знае. И еден необичен пат кој го создал уште понеобичен монах, кој што и ден - денес се користи. И несекојдневна вистинска приказна за Егор Строганов.
- Кон  крајот на 18 век - раскажува за  „Новости“ игуменот на  манастирот Прасквица , смерниот еромонах Димитриј (Лакиќ)  - на пристаништето во Будва  од еден брод се симна необичен патник.
Еднорак, мрачен  и пресериозен,  со остар поглед и со накострешени мустаќи,  се упатил кон манастирот Прасквица.
Очигледно веќе слушнал за овој храм, кој што го воодушевил. На привремениот игумен Сава Љубиша му кажал дека е Русин, дека пристигнал преку Будва  и дека сака тука да остане, да работи во манастирот и  дека единствено сака - мир.
 „Се заветив“, му кажал на стариот игумен ,   „дека  до крајот на животот ќе молчам“.
Игуменот Сава кој добро знаел руски, бидејќи седум години бил свештеник на дворот на царицата Катарина Втора, не се збунил.  „Прочитал“  дека непознатиот е со аристократско потекло, дека во себе собрал голема мака.
Наредил: за рускиот незнајник со аристократско потекло да му се одреди посебна  камара  (соба) и да се почитува неговиот завет за молчење.
Веднаш бил прифатен и работата која што себе си си ја одредил испосникот, кој решил морето да го поврзе со селото Челобрдо со најубавиот видик на јужниот брег.
Секое утро со парче леб и со  една лејка  вода , заминувал на работа.   Низ шумското беспатие и  лутиот камен, крчел,  пробивал и  ѕидал.
Со една рака, со цариградски топук и со железна волја.  Зад него останувала  убава, камена  скалеста патека. Само во  неделите  и во светите денови одморал во својата ќелија.
Во времето додека необичниот Русин го крчел  и го поплочувал патот,  во летните предвечерија, упаднал во манастирот млад монах.
Голобрад, насмеан, веднаш го прифатил предлогот да застане на певницата.  Поење, кое дотогаш не се чуло ги восхитило манастирските браќа , се воодушевил и стариот игумен.  Витото момче, кое кажало дека добило монашко име Елисеј, бидејќи е постриган  во Киевската лавра, го примиле како најблизок род.
Таа вечер, во разговор со нив во манастирската  трпезарија присуствувал и едноракиот Русин. Убавото лице од кое течел  рускиот јазик и ведрото чело, измамиле брчки на неговото лице.
А на друга страна на младиот монах,  кога го здогледал лицето на старецот, му се зажариле очите, а тоа малку кој го забележал.  Како што и денови подоцна , кога низ малиот отвор на својата ќелија  младичот  со долг поглед го испраќал старецот кој заминувал на својот друм.
Ова траело четири полни години. Елисеј научил српски,  станувал се` повозљубен  и игуменот сакал Митрополитот црногорски - приморски да го ракоположи за еромонах на Цетиње. Овој тоа упорно го одбивал, оправдувајќи се дека се` уште преку молитвите не ги искупил сопствените гревови,  за кои  никој не знаел.
 Еден ден Елисеј ненадејно паднал в кревет. Не помагале тревките лековити кои што ги носеле калуѓерите и лекарите. Бил веќе жолт како восок., кога побарал од калуѓерите да запалат свеќи и да го доведат старецот Егор во неговата ќелија.   И да ги остават насамо.

manastir praskavica.spomenik-na-vrhu-brda

Кога старецот - градител седнал на работ од постелата ,  посматрајќи го уморното лице на Елисеј низ кое се сливале солзи, претрнал.  Го препознал погледот. А тогаш, со уморната рака Елисеј ја симнал  црната монашка капа, под која се распослала костенливата коса.
И се покажала црна бемка  кај левата слепоочница. Заридал тогаш Егор Строганов и го стиснал со едната рака монахот од кој што излегувал животот.
Всушност, тоа  била неговата ќерка единица Екатерина.  
Напладне, младиот монах издивнал. Калуѓерите долго време се срамеле  кога во неговиот лик откриле убава девојка.  Закопана била истиот ден, а калуѓерите во Прасквица се заветиле дека ќе ја чуваат тајната.
Егор продолжил да го  гради својот пат, не проговорувајќи.  Уште година - две пробивал и  подѕидувал.  Тоа било некаде во 1808. година, кога необичниот Русин, после една деценија работа, ја поставувал последната плоча на врвот на брдото Челобрдо. Потоа легнал во камарата и повеќе не излегувал.
 Го пронашле мртов едно утро.  Погребан е веднаш  до темелите на Црквата Свети Никола.
Големата тајна Егор Строганов, сепак, не ја однел  в гроб. Изморен, претчувствувајќи го крајот , се исповедал на калуѓерот  кој што го негувал Елисеј, односно Екатерина.
Бил, како што раскажал, висок офицер на царска Русија, задоволен  со службата и со особено убавата  и паметна ќерка  Екатерина.  Но, како што тоа често  се случува, среќата ја заменила несреќа.
 На еден офицерски бал Екатерина се загледала во убавиот капетан. Заискрила љубов на која што Екатерина и капетанот различно гледале. Таа го љубела, а тој сакал  авантура.
Ја заболело ужасно тоа, но ништо помалку и таткото Егор. Го предизикал несудениот  зет на двобој.
Капетанот прв пукал, тешко го ранил Строганов во раката и слабината. Но, десната рака на Егора не затреперила: го погодил капетанот право во срцето.
Долго потоа се лекувал, левата рака му била ампутирана.
По излегувањето од болница , го стигнала нова неволја - дома ја немало ќерката. Ја барал од манастир до манастир цели седум години. Безуспешно. А тогаш во Санкт Петербург се качил на бродот кој го довел во Будва...
Преведе: Мина Даниловска
Извор: (Вечерње новости)
  05.11.2013

 http://srbin.info/2013/10/anastir-praskvica-i-strasna-tajna-zbog-oca-monaha-ruska/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 654
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 947
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 892
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

За Христoвитe дeла (беседа)

За Христoвитe дeла (беседа)

Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка...

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

Пилат бил учeник сo свeтска мудрoст. А свeтската мудрoст нe дава сила туку влeва страв. Свeтската мудрoст нe ја пoддржува душата туку тeлoтo. Свeтската мудрoст нe влeва страв за душата...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

На секоја Литургија, ако ги слушате внимателно молитвите, оној дел што Црквата го нарекла и го доживува како анамнеза, сеќавање, е спомнување за сето она што Господ го направи за...

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

 Во денешново евангелско четиво Господ Исус Христос не упатува на три основни чекори: простувањето, постењето и безвременската награда која не очекува. И токму првиот чекор е простувањето: „Ако им ги...

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

Цeлoтo Eвангeлиe учи дeка трeба да сe oстави пoмалoтo заради пoгoлeмoтo, минливoтo заради нeминливoтo, лoшoтo заради дoбрoтo, eвтинoтo заради драгoцeнoтo. Кoга Eвангeлиeтo нe би вeтувалo пoгoлeми врeднoсти, тoгаш кoј би...

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Секој христијанин, своите напори може да ги насочува на разни активности во животот. Може да се труди во своето семејство, на работните места, во науката, во школството и на многу...

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

« »