Ако наведнеш глава кога ова ќе го прочиташ, нема да ме чуди дереџето кое нė снашло.
Ако наведнеш глава, и ако е пролет, очи зеленило од тревата ќе наполниш и ќе ги одмориш, ама нема да видиш дека и лисјата се зелени.
Ако наведнеш глава, и ако е есен, ќе видиш шарен тепих од лисја исткаен, но не
Што толку длабоко допира до нас? Дали е тоа ревноста за Бога или ревноста за нашата професија? Како денес, и не само денес, се брани Црквата, со што? Ако Црквата може и треба на светот да му ја понуди Евхаристијата, присуството на Царството Божјо во овој свет, односно благодарењето што треба да го опфати сиот свет за да му Го принесе на Творецот – Твоја од Твојих...
Станувајќи критериум на етиката, одредувајќи што е добро, а што лошо, профитот се наметнува и како критериум кој се дрзнува да ја одреди и смислата на човечкиот живот и неговата крајна цел. Доколку една работа не носи профит – таа работа не вреди ни да се работи; доколку еден човек не остварува профит, или не придонесува за остварување на профит во општеството – тогаш која е смислата на постоењето на тој човек?
"Голема предност е кога човекот се препушта во Божји раце! Луѓето си поставуваат цели и се трудат да постигнат успех, а не им паѓа на ум да се запрашаат каква е Божјата волја, ниту пак, сакаат да ѝ се прилагодат. Треба со надеж да Му се препуштиме на Бога, за Тој правилно да нѐ насочи, па сами да правиме сѐ што е потребно и тоа со голема посветеност.
Се гледаат запалени бегалски кампови.
Се гледаат загрижени европолитички фаци во дебатни емиси исправени пред вечната дилема змија или магаре.
Се гледаат украсени европски градови за Божиќ, но се гледа и дека ќе биде ова тажен Божиќ.
Неспорно е дека сме некултурни, невоспитани, необразовани, дека се восхитуваме на секаков евтин (но и скап) кич, дека турските сапуници ни стануваат мерка за стварноста и вредностите, дека во кафаните ечи турбо-фолк, дека на празниците и свеченостите го оставаме зад себе и она малку достоинство што го имаме. Сето тоа е премногу очигледно. Прашањето што ме мачи е: дали ако тоа се промени ќе станеме навистина подобри?
Парата е над сите религии, дури и над паганизмот во овој случај. А добрата реклама и желбата да бидеме "ИН" и во тек со сите светски мас прослави, кога веќе Дедо Мраз ни го донесе пред многу години од Лапонија, карневалите од Рио, зошто не би го донеле и Џек фенерџијата.
Па тоа е само забава, ќе речат во образованието, оние кои не знам дали по наставна програма или по нивна креативна слобода даваат дури задолжение децата да дојдат на школо со страшни маски од вештерки, костури и со издлабени тикви како фенери.
Жешко прежешко беше и на блискиот Исток, па стотици илјади луѓе тргнаа на северозапад. Изгледа не чуле дека кај нас беше најавено жешко лето, па кутрите минуваа преку нашата територија. Не очекуваа дека и на нашите полицајци може да им удри сонцето во глава, па дека понекогаш ќе има и нељубезност од нивна страна.Им дожеже изгледа и на новинарите, па слабо работеа летово, па си најдоа еден човек со магичен телефон во рака и го следеа по села и градови.
Преку ситната рипка сфаќаше колку сме сите ние ситни риби во животното море. Сфаќаше дека суштината на животот и промените се состојат во сопственото наоѓање на мирот. Размислуваше за оние племиња до кои не допрела цивилизацијата. Се восхитуваше на нивната среќа и спокој и покрај тоа што имаат толку малку а имаат сè. Завидуваше на нивната скромност.
Да се расте во самодовербата во денешно време е некако работа со која од сите страни те „билдаат„ за да те биде, некаде и во нешто, да имаш добивка од сето тоа, а и цело време си пубертетлија мислејќи на првиот состанок со девојката (или на девојката со момчето), а кога ќе биде работата ќе кажам сè што ми лежи на срце, но зависи што лежи во таму.
Во православната црква важи едно начело: го мразиме гревот, а не грешникот. Ако не беше ова правило, и ние во средниот век би имале инквизиција. И ние би спалувале луѓе на клада. Сега некаде би имале музеј на инквизиторски справи за вадење на гревот од грешниците, би имале позамашна колекција на запалки, ќибрити... Би имале мрачни подруми по манастирите. Ама немаме.
Ера на кариера, секој по свое си тера, гордоста е мера. Во тоа евангелие според себе и предрасудите се исполнети, не постојат, оти станале и остануваат само осуди. Во една рака бројаницата, Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот, а во увото „милно„ брмчи фарисејот, фала му Бога што не сум како оној митар. Ај што брмчи, ама умот го впива побрзо од ритамот на молитвата,...
Нашиве земаат ли земаат бугарски пасоши, и си заминуваат на запад. Деновиве чув дека во Битола направиле и некое предавање за начинот на кој најбрзо може да се дојде до пасапорта.
И сите свети канони на Православната Црква да се изрецитираат и се тотемизираат во Закон (Гал. 3,10), сепак ако го немаме внатрешниот критериум познат во Црквата како аскетско-исихастички, што значи очистување на срцето од страстите, просветлување на умот и обожение, без овој внатрешен критериум нема Православие, вели свети Григориј Палама, кој исто така сведочи дека на секој збор со збор можеш да му се спротиставиш,