логоFacebookTwitterYouTubeeMail

презвитер Горан Стојчевски


„ЕВАНГЕЛИЕ„ СПОРЕД СЕБЕ


(подмолното житие на старецот Разум)


„Сè повеќе се заборава на фактот дека црковните пастири се учители и воспитувачи, чувари на преданието и служители на олтарот Божји…Современите пастири, како учители и теолози par excellence, сосема ја запоставуваат теологијата, и во сферите на теоријата и во сферите на катадневната прагма… верниот народ е наречен царско свештенство, свет народ, свети, Црква, богочовечка заедница која низ соборниот светотаински живот се грижи за своето спасение… важно да се запамети, ние сме во Црквата заради единството со Бога, а не за било каква друга корист или цел„


Митрополит Методиј Златанов


  Ера на кариера, секој по свое си тера, гордоста е мера. Во тоа евангелие според себе и предрасудите се исполнети, не постојат, оти станале и остануваат само осуди. Во една рака бројаницата, Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот, а во увото „милно„ брмчи фарисејот, фала му Бога што не сум како оној митар. Ај што брмчи, ама умот го впива побрзо од ритамот на молитвата, и се лепи на срце, небаре е пчела, а мува е. Ѓаволот свири, а ние играме ли играме мислејќи дека Господ ни е ороводецот, а сме се закачиле на опашката од свирачот. Срцето не гори како од Емаус, туку е  само defrost (одмрзнато) како по патот до селото…упорно убедни дека Христа го проповедаме, а всушност сме опијанети од лицемерие како со слатко вино, бидејќи на трезно наитието на Духот од крштението го отфрламе. Настаниве ќе ги најдете во Светото Евангелие и Делата на светите апостоли (Лк. 18,10-14 и Д.Ап. главa 2), не се изменети, ниту извртени како што тоа ѓаволот го прави, оти и тој нема други зборови освен Божјите, ама лукав е, и ги извртува уште кога прелажа дел од ангелите и нашите прародители. Да, сè е од Бога, и добро е, но доброто кога ќе се изврти се изопачува, станува зло, нема суштина, ниту постоење, но го има бидејќи е резултат на извртените во името на слободата богоугодни и благоугодни зборови и дела на Создателот. Богоугодни и благоугодни зборови како што ги нарекува свети Василиј Велики, се зборовите на благодарност, Евхаристија. Евахаристија, сведоштво за исихастчко-соборниот подвиг во Црквата. Црквата, сведоштво за единството со Бога преку Евахристијата. Црквата и Евхаристијата или Евахристијата и Црквата – присуство на царството Божјо кое ни е ветено и кое го очекуваме, сè преку Христа Исуса низ Светиот Дух, а за слава на Отецот, благодтта на Нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух, нека бидат со сите вас. Но, дали денес евхаристискиот живот е израз на исихастичкиот, или молитвениот е израз на евхаристискиот, тие се неодвоиви како постот и молитвата, како Бог и човекот во Христа Исуса. Црквата е самото Негово Тело, и не познава раздвојување на само евхаристиски или само исихастички подвиг во Него, подразбира теологија со пракса и пракса со теологија, вера со дела и дела со вера. А, кога не сме заинтересирани во исполнување на практикувањето во верата православна, го немаме евхаристискиот-исихастички подвиг во Црквата, или кога сами од себе сметаме дека едното е доволно, или кога во Црквата не сме заради единство со Бога, тогаш дефиницијата на о. Павел Евдокимов е премногу од јасна, дека, денес да се биде религиозен, рамнодушен или атеист, не е само прашање на темперамент, туку пред сè, на политичка припадност. Ова последново ни се случува токму нас, во нашето партиско-политичко поделено општество. Ако си конзервативен или десно ориентиран, тогаш си религиозен, ако си либерален или лево ориентиран, тогаш си атеист, а можеш и пилатски, да бидеш рамнодушен. И веќе споровите во врска со верата, не се верски, туку политички, нема разграничување, и се извлекуваат погрешни заклучоци како она насилното одвојување на науката и верата.

   Религиозноста како психичко задоволство, е погубно за верата. Тука најмногу се случува моделирањето на Бога според својата свест, го правиме Бога во разумот небаре е од пластелин, и изделкан како тотем го сервираме на душичката, задоволувајќи се тоа дека е доволно Бога да го имаш во разумот, и почнува да се гради една цела теологија врз основа на евангелието според сопственото убедување, нема врска што темелот е me, myself and I (гордост). Имаш свое евангелие и теологија и почнуваш да проповедаш по кого стигнеш, поучуваш и судиш верски лица, бидејќи ушето не е научено да прима други сигнали освен оние кои ти ги подготвил разумот, дека во Бога веруваш, но не и во Црквата, во Црквата веруваш, но не и во свештениците, и така продолжува таа човечка комедија во името на Бога, па и во име на татковината (земната). Никако, да признаеме дека сме грешни, оти како што вели мојот духовен отец, чаламот ни голем. Или признание, а не покајание, да сум, грешел, ама не како оној... митарот. Едноставно во тоа гласно размислување, во тоа наше знаење, не сакаме да слушаме,секој се повикува на вековниот национален и верски континуитет, дедо ми бил комита, чичкото негов поп, баба ми секој ден беше в црква, братот нејзин пееше во црковниот хор, и од каде сега овие „нововерски работи„, пост, молитва, причестување, море за пари ви е... толку можеме да очекуваме кога кај Бога пристапуваме како наемници, робови, а најмалку со љубов, слободни.

   Друга работа е инквизиторскиот дух меѓу верните, употребата на делата од светите старци од кои направивме мали нострадамуси, припишувајќи им својства на нешто што тие не биле, ниту пак претендирале да бидат папи ex catedra. Заинтерсирани само за адвантот, чекаме некому да ја соопштиме пресудата од нашите срца, овој епископ е екуменист, оној свештеник е конформист, ѓаконот е материјалист, монасите се елитисти, оние браќа и сестри се либерали... итн.итн., како едвај да чекаме некој да падне, или ако не го „опраиме„ по наше, му правиме delete, наместо да се помолиме за таа личност да не падне во искушение, не не воведи во искушение, но избави не од лукавиот (Мт.6,13), како да не важи ова за нас толку „утврдени„ во својата вера, што дури и не веруваме дека падот може да ни се случи веднаш, побрзо и од брзината на светлината, со првата таква помисла, зарем Адам не царуваше над сите свои помисли, како што вели св. Макариј Египетски, зарем св. апостол Петар не беше постојано со Христа? Адам го созерцуваше Бога и падна, св. апостол Петар го виде Христа во сета Негова Божественост на Таор и падна, а ние „големите„ тврдиме дека ќе се запазиме и верата и себе преку предупредувањата од нашите старци, а зарем не ни звучи гласно, она Христовото бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение (Мт.27,41), а уште повеќе да ги начулиме ушите да чуеме, о безумни и тврди по срце.... (Лк.24,25 и Мт.14,17). Сите очекуваат свештенослужителот да им биде мегафон на нивните ставови, или ставовите на нашите омилени старци, и да ги чеша по ушите во своите проповеди, да така е, во  време на мегафони односно разгласувања од покривите (види Мт. 6,2-4), само тоа се очекува. Низ призмата на идолатризација на старците, градиме идеологизација за свештенството, а сите сме грешни, за што сме всушност во Црквата, преку покајание да стекнеме единство со Бога. Христос не дојде да ни ја гали совеста, ниту да ни ги чеша ушите, туку повикува на покајание и да ни даде живот вечен и изобилие (Јован 10,10), царството небесно. Со тоа постојано занимавање со апокалипсата го претвараме православието во она што никогаш не било, секта. Зошто чекаме да го видиме крајот надвор покрај портата (види Јован 18,16), или да бегаме в планина, можеме уште сега да го направиме изборот, да се спасуваме внатре во Црквата, во манастир т.е. во антиградот, или во светот, т.е. во градот. Сакаме да ја напуштиме магиската „бапска„ теологија, а ја форсираме „по свој вкус„, старечката. Православието е вера во Хрстос Богочовекот, вера во триумфот на Љубовта, која е самиот живот на Света Троица (св. Григориј Ниски), вера во триумфот на животот над смртта со Воскресението Христово, вера во триумфот на новиот благодатен живот во Светиот Дух, вера во Светотроичниот Бог Кого нема човечки или ангелски збор да го опише (она што око не виде, и уво не чу, ниту на човека на ум му падна, тоа го подговтви Бог за оние кој го љубат (1 Кор.2,9), ако претходно сме ја покажале кон ближниот т.е. кон сите луѓе (Мт.22,39), и ако не велиме само Господи, Господи... (Мт.7,21)), а Кој ни се открива во Црквата и ни го дарува царството небесно преку Евхаристијата, вера за триумфот на силата Божја во светиите Свои, особено кога си спомнуваме за Пресветата, Пречиста, Преблагословена, Славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, кои се сведоштво за остварувањето на единството со Бога во Црквата, а тоа единство видливо го реализираме причестувајќи се со Телото и Крвта Христови.

   Старозаветно возгласуваме Благословен е нашиот Бог, сега и секогаш и во вечни векови, новозаветно, Христос ни открива да возгласиме Слава на Светата, Единосуштна и Неразделна Троица, сега и секогаш и во сите векови, а Светиот Дух ни го открива во Црквата она што што го очекуваме подготвено од Отецот, откриено во Синот, а станува присуство на Евхаристијата, Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. 

   Секој го живее евенгелието според себе, вклучувајќи ме и мене грешниот, и жнее тоа што сее, оти сака да биде вољата негова, а треба да се живее според Евангелието, благата вест која е Христос, царството Божјо наближи, покајте се и верувајте во Евангелието (Мр.1,15), и да биде вољата Твоја Господи (Мт.6,10).

 

П.С. Најсмртоносниот вирус што досега го инфицирало човештвото, а преку човекот и светот е гревот. Дали некој сакал да го прими? Знам дека некој поинаку ќе ме разбере, не ги осудувам старците (да не даде Бог) кои сите различно, но автентично ни го пренесуваат опитот во Христа, но сметам дека не треба да одиме со чевлите на другиот, и секако да ги тргнеме суетите наши. До Бога не постои еден ист и разгазен пат..., како што вели митрополитот Иларион Алфеев, но секој треба да го земе крстот свој и да врви по Христа.

Извор: Православен пат

2-ри мај, лето Господово 2015



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 533
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 834
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 806
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Од црковната историја сме сведоци дека многупати се појавиле раздори и несогласувања во Црквата, но никогаш Бог нè дозволувал тоа неразумие да надвладее. Уште во апостолско време, Посланието сведочи дека...

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Многупати сум говорел дека живееме во карактеристично време. Не ги сакаме фанатизмот и апокалиптичниот дух во Црквата, ниту пак, да говориме дека живееме во последните времиња. За оној што живее...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

Вoдата и крвта гo прават тeлoтo, а духoт e дух. “Тeлoтo сака спрoтивни рабoти на духoт, а духoт – спрoтивни на тeлoтo” (Гал. 5:17), штo значи дeка нe сe eднo,...

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ    на нашиот свет отец Јован Златоуст

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ на нашиот свет отец Јован Златоуст

Христос се бори, а јас венец примам! Он војува против ѓаволот, а јас ја земам победата над ѓаволот! Он ја смачкува главата на змијата во вода, а јас како законски...

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo тoгаш тoа...

« »