логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Наш избор - (Од архивата на Преминпортал)


 Goran.Stojcevski.jpg

 презвитер Горан Стојчевски

ИЗБОРИ СЕ ЗА ЉУБОВ

„Пазете сé што сум ви заповедал, и  ете Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот„
(Мат. 28,20)

Ако природата што нé опкружува сведочи за величината на Божјата љубов што е излеана во постоењето, тогаш Светото Писмо е непресушниот извор на таа голема благодат и љубов откриена во Богочовекот Христос. Преданието на Црквата е сведоштво и потврда за Вистината објавена во Библијата, во Евангелието, реализирање на постоењето, живот и триумф на вечниот живот со Воскрсението Христово. Денес, по се изгледа и покрај тоа што се изјаснуваме за православни христијани, по Божја милост и за  свештенослужители Христови, мислам на целата Црква Христова, не само на свештенството, иако тоа треба нас најмногу да не засега, заглавени во секуларното квазибитисување како да забораваме на непобитниот факт на нашата вера, Воскресението. Еве, само што си упативме честитки по повод Христово Воскресение, онака културно, согласно востановениот секуларен бон-тон за тоа дека исполнивме дел од нашата религиозна обврска, веќе наредните денови и периодов што настапи сведоци сме за тоа како едни на други почнуваме да си ги броиме гревовите, страстите, осудувајќи се еден со друг, или како што вели Христос, од преполнетото срце прикажува устата (Матеј 12,34).

  • Ова и не е нешто ново, користејќи ја библиската егзегеза, дознаваме дека во Христово време, постоеле неколку струи или партии кај богоизбраниот народ. Најпознати биле фарисеите и садукеите. Тие биле во постојана расаправија односно непомирливи противници околу прашањата за Законот и Пророците, поточно согласно нивните страсти повеќе заглавувале на формата отколку на суштината од Мојсеевиот Закон и пораките од Пророците. Исто така, имале и различни гледишта околу пристапот и односот кон елинско-римската култура, т.е. меѓународната заедница во тогашната глобална империја. Фарисеиите или како што се толкува нивното име издвоените го признавале воскресението на мртвите и ангелските чинови, а садукеите или праведните убедувале дека не постои ниту ангел, ниту дух, а не пак воскресение. Преставниците на двете струи, сакале прво место на гозбите и предни места во синагогите, поздрави по улиците и народот да им вели, учителе, учителе! (Матеј 23,6-7). Значи, многу полагале надеж на функција и популарност. Имало и трета струја, книжниците, учените, кажано со денешна терминологија, експерти. Тие биле спецјализирани да го толкуваат Законот и Пророците, но во зависност од тоа како би им одговарало или на фарисеите или на садукеите, се приклонувале или кон едните или кон другите. Познати исто така биле и зилотите т.е ревнителите, тоа биле самопрогласените чувари на верата, традицијата и обичаите, и биле љубители на построги методи кон оние кои не мислат и не делуваат како нив.


Забележливо е дека и покрај тоа што поминале повеќе од двеилјади години, животот во светот, во општеството и не се сменил многу, можеби денеска е пософистициран, но сепак  страстите остануваат исти. Заради тие наши страсти прво си наштетуваме себе си, па наштетуваме на ближниот, па следствено на тоа наштетуваме на светот, и на сето создание. Ако сакаме себе си да се идентификуваме како православни христијани, потребно е да се научиме на зборовите Христови, дека она што излегува од устата, го осквернува човекот... тоа доаѓа од срцето...од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули; тоа го осквернува човекот (Матеј, 15,10-20) т.е. не е доволно да ја задоволиме само надворешната страна на нашата припадност како православни, туку да се покаеме за гревот што е во нас, но и да го исчистиме срцето од страстите, бидејќи ако тоа не го сториме сигурно ќе станеме слепи водачи на слепци, а кога слепец води слепец, тогаш и двајцата ќе паднат в јама (Матеј 15,14).

  • Поделбите меѓу нас секогаш ги правиме кога не погледнуваме длабоко во нашето срце, кога се занимаваме со анализирање на туѓите животи, кога осудуваме согласно нашите страсти, кога не дозволуваме Христос Богочовекот да биде наша мерка во сиот наш живот, со право вели свети апостол Јаков, од каде се војните и расправиите меѓу вас? Не оттаму ли-од вашите похоти? и додава, каде што има завист и карање, таму има неслога и сé е лошо (Јак. 3,16; 4,1). 

Ова се случува кога го знамаруваме фактот дека Христос Воскресна, дека ни подари живот вечен, дека ни го врати достоинството кое го изгубивме со гревопадот, и нé постави на повисоко достоинство, да бидеме во единство со Бог во Црквата преку Телото и Крвта Христови, да бидеме еднокрвни со нашиот Создател и Спасител примајќи го во Светата Причест за простување на гревовите и живот вечен, а преку Него да бидеме она што сме, браќа и сестри, народ Божји, личности кои во себе го носиме ликот Божји. Другиот наспроти нас, секогаш во себе го носи образот Божји, Христос се поистоветува со секој човек, бидејќи за сите и за сé проповедаше, пострада, претрпе смрт, но и Воскресна, отворајќи му пат на секој човек до вечниот живот во Царството Божјо, секој наспроти нас е нашиот ближен, нашиот однос кон него е и наш однос кон Христос Богочовекот, па од тој однос зависи или нашето спасение, или нашата осуда, треба да избереме дали ќе бидеме како гоределивиот фарисеј или смирениот цариник, дали на некого ќе му ги броиме гревовите како што му ги броеја на слепородениот и ќе го осудуваме (Јован 9,34), или ќе бараме прошка за нашите гревови, со непрестајно повикување, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот, за да ни ги отвори очите кон Него - вистинската светлина на светот (Јован 9,5). 

Целиот наш живот, како христијани не може да биде поделен на религиозен и секуларен, туку еден, како што е еден Христос. Неговиот живот треба да биде наш живот, како што вели свети апостол Павле, не живеам јас, туку Христос во мене.  

  • Без Мене не можете да направите ништо, вели Христос, секоја наша мисла и делување треба да ги поврзуваме со овие зборови на Спасителот, многу можеме да измениме во времето и просторот со името Христово, прво можеме да се измениме себе си, пристапувајќи на покајание, можеме да го измениме ближниот со нашиот христијански однос, можеме да го измениме светот да го преточиме во литургиското време, во вечноста, зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме (Дела 4,12). Со тоа име свети апостол Павле нé повикува да се молиме непрестајно, бидејќи само во името Христово можат да престанат поделбите и да бидеме обединети само во плодовите на покајнието, љубовта, долготрпеливоста, милоста, незлобливоста, простувањето...  со овие добродетели откриени во Христа да ни биде исполнето срцето, па омразата да ја преточуваме во љубов, навредата во почит, лошите зборови во молитва, за да бидеме светлина во светот и да познаат дека сме Христови ученици, бидејќи ако имаме љубов, а по љубовта ќе познаат дека сме Негови ученици, во спротивно заглавени во гордоста во многу ќе заличуваме на оние погоре наброените струи и фракции што го распнаа Христос.

 Спасителот го исполни Законот и Пророците и не се приклони кон ниту една од наброените страни, туку ни го покажа патот на покајнието, вечниот живот во царството Божјо кое не е од овој свет, исто како што и Црквата Божја не е од овој свет, туку преку Литургијата е сведоштво и присуство на Царството Божјо во овој свет. Има излез, а тоа е Литургијата преку која низ покајание ќе им ставиме крај на нашите страсти, а со благодатта ќе се кренеме на нозе и ќе се определиме за за нашата иднина, вечниот живот и единството со Бог во царството Божјо, каде несомнено ќе ја реализираме нашата слобода во Христос Богочовекот. 

 

8-ми март, лето Господово 2014



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5834
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6646
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6442
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5630
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная