презвитер Горан Стојчевски

 

НЕ СУДЕТЕ

Goran.Stojcevski.jpg

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ

  • Не судете, за да не бидете судени, оти со каков суд судите, со таков ќе бидете судени, со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери. Зошто ја гледаш раската во окото на брата си, а гредата во своето око не ја чувствуваш? (Мт.7,1-3).

Зарем сега треба да бидеме дотолку зајадливи за да најдам „лажни„ читатели кои заради нарушувањето на етиката во професијата, ете и  за  некои новинари преку ноќ  дознаваме кој со кого бил поврзан, и кој каква фирма поседува, и чии пари трошел, па не ни чудо што дел од фелата го следи нивниот пример без трошка страв од општеството. Зарем вреди низ презир  да правам поделба на лажни новинари и лажни читатели, и дали навистина ќе поставам дебата во општеството ако ги набројам етичките надостатоци или гревови на било кој човек, зарем тоа ќе ми помогне? Да, за да ми ја надополни гордоста!

  • Но, сите можеме да си помогнеме само ако погледнеме во своето срце, и во него ќе го најдеме одговорот (Марко 7,20-23), но доколку без предрасуди и стереотипи ќе послушаме, и најважно од се, дали како личности ќе го примениме, и тоа без да го осудуваме ближниот. Христијаните кои го усвоиле Христовиот живот бараат прошка за своите гревови, и не ги бројат гревовите на другите, христијаните кои се исповедале, кои постат и се молат, учествуваат во Литургијата на Црквата и редовно се причестуваат со Телото и Крвта Христови не ги осудуваат своите духовници, не заради тоа што духовниците се подобри или поправедни, авторитети, туку заради љубовта Христова, стекнатата преку таа литургиска култура односно преку духовниот живот воден во Црквата. Во духовниот живот потребно е да го искусиме падот, со сите тие промашувања кои се случуваат, па дури и при прославување на празниците, за да видиме дека нешто треба да смениме, да се преумиме, поточно да се вратиме на литургиската основа.

Но, на основата, на евангелското, покајте се... можеме да се вратиме секогаш само кога ќе погледнеме на себе, а не осудувајќи ги другите.  Денес секој критички новински осврт за Црквата и свештенството се завршува  со заклучокот газди, бизнисмени, џипови, итн., дали е тоа доволно за да го презираме секој свештено? Ако така продолжиме, ќе поченеме да ги презираме и сите други професии, дали тој презир ќе смени нешто? Тогаш, ќе дојдеме до најпогубното, ќе неможеме од презир да гледаме било што добро во другиот, а нели сите луѓе се нашите ближни, со секоја личност се поистоветува Христос.

  • Пеколот е кога другите ги осудуваме, а себе се фалиме, кога во другиот не можеме да видиме добро, и љубов немаме! Кртитиките се одлични за да почнеме да гледаме со поголемо внимание на себе, и од себе да почнеме да се поправаме и работите околу нас, но сигурно не со осудување. Како што велат светитеи отци и учители на Црквата,  љубовта кон Бога, а не стравот од Него ги потполнува сите недостатоци, а во овие времиња, за жал, љубовта ни недостасува.

П.с. Што се однесува до, Водици и подароците и ставот на Црквата, кој имаше уши, ќе чуеше, од проповедите низ храмовите, порталите, па дури и социјалните мрежи.
презвитер Горан Стојчевски
Реакција за текстот „Во името на отецот, синот и на вредните подароци„ од гл. уредник Ненад Мирчевски (бр.73, година III од 24 јануари 2014 година) 

11-ти февруари, лето Господово 2014