логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


19.02.2013, 16:45

 

„Речиси во сите манастири во Македонија обновени последните децении со монашки живот, вели проучувачот на руското монаштво Архимандрит Никола (Трајковски)

arh.Nikola.jpg 

На Саемот на книгата во Москва одржан минатата година меѓу монографската, научна и историографска литература беше презентирана и книгата „Руските монаси од Македонија“ на архимандрит Никола (Трајковски), која на руски јазик ја објави „Македонска реч“. Станува збор за руско издание на едно поглавје од неговата книга „Света Русија - записи од Македонија“, која во земјава на македонски јазик беше издадена во 2011 година. Самиот наслов „Руските монаси од Македонија“ посочува на едно не многу познато поле од нашата црковна и културна историја, кое беше и повод за разговорот со архимандритот, кој од 2008 година живее и работи во манастирот „Свети Никола“ во Мариово

 

Колкав и каков пат моравте да минете за да ги добиете сознанијата што им ги понудивте на читателите во Русија?

Интересот за духовната култура на руската емиграција е присутен повеќе децении, но во делот на црковното творештво кулминира последните неколку години, по враќањето на Руската задгранична црква во јурисдикцијата на Московската патријаршија. Насекаде по земјите на Балканот, Русите биле прифатени уште со првиот бран на прогонствата по Револуцијата и поради тоа и најинтересно за оние што ја следат таа историја на рускиот егзил е да се запознаат со нејзините најрани фази, односно да го проучат дејствувањето на првите емигрантски центри. Оттука, својот научен и богословски пат го започнале најзначајните претставници на современото православно богословие, меѓу кои и протоереј Георгиј Флоровски, архимандрит Кипријан Керн, архиепископ Јоан Шаховској, отец Николај Афанасјец и други.

Неслучајно кај нас желбата да се проучи и да се презентира пред јавноста оваа тема се роди во црковните кругови, а како главни извори за овој труд беа токму црковните и манастирските библиотеки и архиви, усните сведоштва, итн.

Уште кога се објави трудот на македонски јазик, постојано се појавуваше желба и кај руските истражувачи да се запознаат со дотогаш необјавуваните сознанија. Нивното внимание најмногу го привлекува фактот дека руските духовници беа носители на идејата народот во егзил да остане доследен на христијанските традиции од татковината, на монархистичката идеологија и на желбата токму тие да ги преродат овие вредности по враќањето дома. Нашето внимание, пак, го привлекува нивниот несомнено огромен придонес во обновувањето на црковниот живот во Македонија во 20 век, а со тоа и суштинското учество на руските духовници во обновувањето на самостојноста на Црквата во Македонија, под чија јурисдикција и понатаму продолжиле да живеат и творат.

 

Какви се првичните одгласи, има ли интерес за книгата?

Во одредени кругови на Руската православна црква веќе беше познато дека темата за руската емиграција во Македонија е обработена, а и првото издание на книгата беше промовирано од рускиот митрополит Кирил на Меѓународната конференција во Охрид во 2009 година. Во 2011 година владата на Руската Федерација, во еден процес на прогласување споменици на руската култура од исклучително значење надвор од татковината, го прогласи гробот на игуменија Ирина во манастирот Зрзе за споменик на културата. На Меѓународниот саем на издаваштво во септември 2011 година во Москва, кога е објавено изданието на руски јазик, исто така, беше пројавено огромно љубопитство за содржините на книгата. Историчарите и центрите што се занимаваат со оваа проблематика веќе ги цитираат содржините на објавениот превод, што исто така е еден своевиден показател за приемот.

 

Кога прв пат доаѓаат руските монаси и монахињи во Македонија и што го карактеризира нивното дејствување на овој простор?

Руските духовници се доселуваат во македонските манастири и цркви во дваесеттите години на минатиот век, а последните монаси и свештеници се упокоени во 1989 година. Освен тој бран на т.н. бела емиграција, една група од 35 Валаамски монаси биле населени во десетина манастири во скопската околина, а и уште една група руски монаси - Светогорци, кои ја напуштиле атонската градина на Богородица поради кризата што завладеала по земјотресот во 1932 година. Првите руските духовници сметале дека живеат во привремена состојба на прогонство и живееле во колонии од позатворен тип, но паралелно со постепеното помирување со идејата дека враќањето во татковината е се' подалечна и понедостижна желба, кај нив се отворила нова перспектива и потреба да се отворат кон локалните општествени и духовни услови во местата каде што се наоѓале. Стиховите на руската поетеса Зинаида Гипиус прекрасно го илустрираат тој процес: „Ние не сме во прогонство, ние сме во послание“. Дејствувањето на руските духовници во одредени периоди и места слободно можеме да кажеме дека било и раскошно: обновени се неколку десетици манастири во Македонија, рускиот кадар претставувал мнозинство меѓу предавачите во битолската Богословија, чии ученици се неколку епископи и стотици свештеници на МПЦ во втората половина на 20 век. Мнозина од руските духовници, како академик протоереј Владимир Мошин, се отворени поддржувачи на возобновувањето на Охридската архиепископија итн.

 

Каде живееле и во колкава мера денес е присутен споменот за нив меѓу населението, во црковните, културните и во образовните кругови?

За наша радост, во собирањето на историските податоци за конкретни личности ги „фативме“ последните години кога можеше да се соберат голем број усни сведоштва и сеќавања. Речиси во сите манастири обновени последните децении во Македонија со монашки живот, монасите го откриваа живото предание врзано за ликовите на нивните руски претходници. Личноста на св. Јован Шангајски, кој со право го нарекуваме и Битолски, кој само десетина години предавал во битолската Богословија, останала засекогаш врежана во душите на неговите тогашни ученици, а неговата светоотечка педагогија и знаења во областа на духовниот живот многумина од нив ја примиле и останале доследни до крајот на животот.

 

Пишувате, меѓу другото, дека воспоставената симбиоза меѓу македонската и руската духовност „го сведочи универзалниот христијански код и на македонската и на руската култура“, но какво е Вашето мислење за денешната културна поврзаност на двата народа?

Сметам дека континуитетот на македонско-руските духовни врски започнува уште во кирилометодиевската епоха, со голем интензитет се одвива во периодот на преродбата, а денес можностите што ги нуди таа духовна врска се далеку поголеми од она што се случува де факто. На црковен план, верувам дека капацитетот на Руската црква во однос на справувањето со современите духовни предизвици, кои се исти насекаде, може во голема мера како искуство да и' помогне и на нашата Црква во пастирското дејствување и литургиската практика. Несомнено голема е улогата на руското православие во изнаоѓањето одговори и решенија и за актуелните јурисдикциски спорови.

 

Ќе продолжите ли и понатаму да ја истражувате оваа тема и во кој правец би го насочиле вниманието?

Имам впечаток дека темата е поставена и започната на добри основи, но бидејќи се работи за историја на личности, потребен е уште многу труд за да се вреднуваат плодовите од културата на рускиот клир во Македонија. Бидејќи работам и на други теми и историски проучувања, свесен сум дека тоа дело не може да го направи само еден човек, но ќе продолжам со работата барем за најзначајните претставници од руската емиграција кај нас: свети Јован Максимович, отец Владимир Мошин и неколку поистакнати ликови од руското монаштво во Македонија.

 

 Катерина Богоева - Утрински весник

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5809
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6627
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6412
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5607
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная