логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


За светиот пост
старец Доротеј

Во законот Бог им заповедал на синовите Израилеви дека секоја година треба да даваат десеток од сè што ќе добијат, и ако тоа го правеле тие добивале благослов во секоја работа.[1] Светите апостоли знаејќи дека тоа било од голема помош и напредок за нашите души, ни укажуваат на нешто што е големо и возвишено, односно да дадеме десеток од деновите на нашиот живот и да ги посветиме на Бога, за да бидеме благословени во сите наши дела и за да бидеме помилувани за гревовите извршени во текот на целата година. Тие одлучиле да осветат седум недели пост[2] од триста шеесет и пет дена во годината. Но нашите отци, во свое време, мислеле дека е препорачливо да додадат уште една недела, така што оние што ќе постат да се навикнати и подобро да се подготват за постот и така да му дадат чест на бројот на деновите од светата Четириесетница колку што постел нашиот Господ. Осумте недели, освен саботите и неделите, прават четириесет дена. Но, ја чествуваме и Светата сабота со пост бидејќи е најсвета и тоа е единствена сабота во годината во која се пости.

Седумте недели, без саботите, прават триесет и пет дена. Кога ќе се додаде и постот на Светата сабота и половина од сјајната и светлодевна ноќ,[3] се добива триесет и шест и половина дена, што претставува десеток од триста шеесет и петте дена во годината. Триесет е десеток од триста, шест од шеесет а половина е десеток од пет дена. Оттаму доаѓа триесет и шест и половина, како што рековме. Тоа е десеток, така да се рече, од целата година, кој светите апостоли го осветиле за да ни биде за очистување на гревовите преку целата година.[4] Според тоа, браќа, блажен е оној, кој добро и како што треба, се чува во овие свети денови. Се случува човекот, да згреши било преку слабостите или преку негрижа. Но, Бог ги дал овие свети денови за да се очистиме од гревовите, секако доколку се потрудиме во смирението и покајанието. На тој начин очистени ќе го дочекаме светлиот ден на Воскресението и неосудено ќе се причестиме со Светите Тајни, постанувајќи нови луѓе преку покајание во овој пост и останувајќи во духовна радост и духовна веселба, прославувајќи со Бога преку целата света Педесетница. Педесетницата, како што е речено, е воскресение на душата и може да се поткрепи со фактот што не коленичиме во црква за време на целата света Педесетница.[5]

Секој кој сака да се очисти од гревовите од целата година во текот на овие денови, првенствено треба да се чува од уживање во јадењето, зашто задоволството од јадењето, како што велат отците, е причина за сите човечки гревови. Потоа треба да се чува да не го прекине постот без голема потреба, да не бара вкусна храна или да се преоптоварува со мноштво на јадење и пиење.

Постојат два вида на угодување на стомакот. Така, некој се бори со вкусот: не сака да јаде многу, но сака храната да е вкусна. Кога јаде храна која му се допаѓа, тој е победен од нејзината сладост да ја задржува во усните, долго ја жвака, постојано ја превртува, и не сака да ја голтне бидејќи ужива во нејзиниот вкус. Тоа се вика лемаргија.[6] (угодување на грлото). Некој друг се искушува со мноштво храна: не бара многу вкусна храна, туку едноставно сака да јаде и да има полн стомак. Ова се вика гастромаргија.[7] Ќе ви кажам зошто се нарекува така: маргенин значи да беснееш, да бидеш луд; во согласност со богохулникот маргос е име што му се препишува на човекот кој се разбеснува или е луд. Кога оваа болест го напаѓа човекот кој сака да го наполни својот стомак се нарекува гастромаргија, што значи разбеснет стомак, додека, пак, лемаргија означува уживање на грлото. Од овие треба секој со трезвеност да се оддалечува ако сака да се очисти од своите гревови; зашто таквото беснило не е предизвикано од телото, туку од страста. Оној кој $ се препушта, паѓа во грев. Активноста е иста кога е во прашање законската брачна врска и блудот, но намерата им е различна. Едниот е заради раѓање на деца, а другиот е заради задоволување на страстите. Истото е и со јадењето: во првиот случај се работи за задоволување на телесните постреби а во другиот случај јадењето преминува во сладострасност. Но, целта е онаа што доведува до гревот. Човекот јаде од потреба кога ќе одреди колку му треба во текот на денот. Ако гледа дека она што го одредил го оптоварува и дека е потребно да земе само малку од тоа, тогаш ја смалува мерата. Исто така, гледајќи дека не само што преоптоварува, туку гледа дека не е доволно за своето тело и дека треба да се додаде уште малку, ја зголемува мерата. Така тој добро ја испитува својата потреба и се држи до она што го одредил не заради ужување, туку со намера во задржување на силите на своето тело. И она што го добива треба да го прима со молитва и со помислите да се осудува дека е недостоен за каква било утеха. Човекот не треба да обрнува внимание на тоа што некој, заради некоја потреба или нужда, прима посебна нега, за да самиот не побара удобност и да помисли дека телесната утеха е нешто лесно за душата.

Еднаш, додека сè уште бев во општежитие, отидов да го посетам еден старец – а таму имаше многу големи луѓе помеѓу старците. Го видов неговиот ученик како седи и јаде со него, и кога осамнавме му реков на младото момче: ’Знаеш ли брате дека овие старци кои ги гледаш како јадат и се одмараат личат на луѓе, кои долго работејќи, се здобиле со големи складишта кои ги полнат. Кога ќе ги наполнеле и запечателе, тие продолжувале да работат уште повеќе и собрале други илјади златници, така што ако дојде време на неволји би знаеле од каде да земат и како би го сочувале она што е во складиштата. Така тие истрајувале во работата, собирајќи си за себе богатство. Бидејќи го запечатувале, тие и понатаму работеле уште малку за во време на слабост или старост имаат од каде да земат, а во исто време да го чуваат недопрено богатството кое било складирано. А ние сè уште не сме се здобиле со складиштето, па од каде би можеле да трошиме.

Ако треба да земеме храна од потреба, како што реков, да се сметаме себеси за недостојни од секаква нега, па и од самиот монашки живот – и да не земаме храна само заради задоволување на страстите. Само така ќе ја избегнеме осудата.

Зборувавме за воздржувањето на стомакот. Меѓутоа, не треба да држиме диета, туку да се оддалечуваме од секаков друг грев. Како што постиме со утробата, така треба да постиме и со јазикот и да се оддалечиме од озборување, од лаги, од празнословија, од гнев и од секаков друг грев кој доаѓа од јазикот.

Исто така, треба да постиме со очите. Не треба да гледаме безначајни работи, да не бидеме дрски со очите и да не гледаме без страм. Освен тоа, и рацете и нозете треба да ги отклонуваме од сите зли работи. Постејќи на ваков начин, како што вели св. Василиј,[8] со похвален пост и одалечувајќи се од секое зло кое делува преку нашите сетила, ќе дојдеме до светиот ден на Воскресението,[9] обновени, чисти и достојни за причест со Светите Тајни, како што рековме.

Најпрво со маслинови и палмови гранчиња се сретнуваме со Господа, Кој седи на магаре и влегува во светиот Град.[10] Што треба ова да значи: седењето на магаре? Тој седнал на магаре за да ја преобрати душата (која, како што вели пророкот,[11] станала бесловесна и се споредува со неразумните животни) и да ја приведе кон образот Божји, која е подложена на Неговата божественост.[12] Што значи: да се сретнеш со Него со палмови и маслинови гранчиња? Оној кој се враќа од битка како победник, сите сонародници го пречекуваат со палмови гранчиња, бидејќи палмовите гранчиња означуваат победа. И повторно, оној кој е повреден од некого, тој посакува да се обрати кон оној кој може да го одбрани. Тогаш принесува маслинови гранчиња, барајќи помош и сомилост. Маслиновите гранчиња се симбол на милоста.[13] Затоа одиме надвор за да Го сретнеме Владиката, нашиот Христос, со палмови и гранчиња – бидејќи го победи нашиот непријател – и со маслинови гранчиња – бидејќи бараме милост. Така и ние, просејќи, да победиме со Него носејќи ги ознаките на Неговата победа, но не само заради победата со која Тој ја извојува за нас, но и поради победата која ние сме ја извојувале со Него, по молитвите на сите светии. Амин.

 Извор: Скопска епархија

 06 Март 2012



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5802
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6403
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная