логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


И. А. Иљин

ЗА РЕЛИГИОЗНОТО ОЧИСТУВАЊЕ
1
Идејата за религиозниот „катарзис“ (очистување) е стара, правилна и длабока идеја. Таа се јавувала секогаш кога човекот почнувал да чувствува дека религијата не е резултат на инстинкт, туку на дух, не на суеверие, туку на веродостојност, не на измислици, туку на созерцувачко искуство, не на страв, туку на радост и љубов. Таа се јавила во сите големи религии и станала белег на нивното созревање или на настапувачката зрелост. 
Во основата на религиозниот катарзис лежи елементарната вистина, според која Господ е велик, а човекот мал, така што за правилно восприемање на Бога човекот мора духовно да расте и да се усовршува. Патот до Бога е пат што води „горе“ и човек кој сака да го види Бога, или духовно да го почувствува Неговото струење, мора да го „има своето срце горе“. Изразувајќи се философски, би можело да се каже: Од Бога дадените предмети имаат своја, внатрешно присутна, духовна важност; и восприемањето (секогаш лично) на таа важност зависи од верноста, чистотата и силата на субјективниот чин, на субјективното искуство и видение. И ете, процесот на религиозниот катарзис е предодреден да му ја соопшти на човекот таа верност, таа чистота и таа сила.
Тоа значи дека, предметно и само по себе, ништо не е ништожно; па дури и субјективно-најништожното (на пр., бого-слепиот грешник, завршен во својата субјективна баналност) – објективно не е ништожно, туку има своја негативно-трагична смисла пред лицето Божјо. Сите од Бога создадени предмети, дури и оние што го изопачиле својот зрак и ја изгаснале во себе искрата на Божјиот пламен, имаат свое скриено духовно значење: не постојат ни ствари, ни луѓе, ни предмети коишто се супстанцијално безначајни или апсолутно ништожни. Бого-празнотијата не е својство на предметите и на субјектите, туку само на субјективните акти и „осубјективените“ содржини. 


ambient1.jpgОвој факт не е измислен од некаква доктрина, туку е вистинска основа на религиозниот светоглед и, притоа, основа која може да се докаже. Доказот, или искуствената потврда за тоа, човекот може да ја добие само преку лично, непосредно искуство, преку искуство на религиозно сознавање: секој банален, безначаен предмет, при неговото користење, се покажува, главно, како „недоразбирање“: зад ништожноста се покажува објективна смисла, од правта на безначајното изнурнува предметно-суштественото. Баналноста на никаков начин не престанува да биде баналност, но сега се осмислува како човеково духовно бессилие. Безбожието и противбожието на никаков начин не стануваат дострел, туку ни се претставуваат како трагедија на духовното слепило. Порокот и злодејствието никако не се оправдуваат, туку ни се претставуваат како болест на духот и на волјата, како спазма на богоотфрлената душа, како безумие на човекот којшто паднал во бездуховност, безсвесност и срам. „Негативното“ воопшто не се покажува како позитивно; напротив, тоа се разголува, како негативно и му се суди со Зракот Божји; и неговата смисла има духовно-патолошка природа (болест на духот), трагична (паѓање на духот) и тератолошка (духовна изопаченост).
Сето тоа како да се процепи во Божјото ткиво, или духовни „рани“ на Царството Божјо, или темни, црни места во Неговиот светол етер. „Важноста“ нивна е сосема поинаква од важноста на бого-светлечките предмети; ако им се измерат вредностите, таа им е спротивна; но на религиозниот поглед сепак му се открива нивната длабока религиозна смисла: сокриената во неа „празнотија“ или „рана“ е важна не поради важноста на совршенството, туку поради трагичната важност на гревот, во кој се открива присутната интенција на злото и неприсутната потенција на доброто. 
Оваа религиозна смисла, сокриена во предметите, како да чека да биде откриена од религиозното восприемање. И религиозно-зрачниот човек самата баналност на баналноста ја гледа како неприсутна духовна важност, како субјективна недозреаност, како духовно слабосилие, како беспомошност, заблуда и паѓање на силата којашто е добра по своја природа. Имено, кон такво мудро и прозорливо восприемање на предметите ја подготвува човечката душа религиозниот катарзис.
Тоа значи дека, ако човек гледа на објективно важни предмети, а ги восприема неговите тривијални содржини, корените за тоа лежат во субјективните недостоци на неговатат восприемачка душа и на нејзините активности. Согласно мислата на Беркли, човекот не го гледа сонцето затоа што самиот крева прав, и кренатата прашина му го затскрива погледот кон сонцето. Не е Бог „скуден“, и не е создадениот од Него свет „ништожен“, туку е скуден духот на човекот-созерцувач, ситна е неговата душа, кратковидо или слепо е неговото око, бессилно е неговото восприемање, безначајни се неговите мерки, лажни се неговите критериуми – и затоа се ништожни содржините усвоени од него. За да се восприемаат Божјите зраци, потребно е да се очисти својот духовен вид; за да се види Бог, нужно е да се зајакне своето духовно око, правејќи го способно за религиозните очигледности. Темнината не е во Предметот, туку во субјектот. Од Бога исходи Откровението; тоа не се восприема, зашто во човекот владее бессилие и постои ограда. Човековата душа е исполнета со банална содржина, таа сите нешта ги мери со банални мерки, прилепена е кон безначајни цели, кон фиктивни „богатства“, кон илузорни перспективи, се одржува со постојани страстии и желби – и како таа да го види Бога-Отецот, како да го препознае во Христа – Синот Божји, како да се препушти на повикот и на потстрекот од Светиот Дух?     
Религиозниот катарзис е призив – прво да ја ослободи човечката душа од тоа ропство, а потоа – да ја изгради и зацврсти нејзината духовност.
Првата задача е – негативна. Тоа е негативната фаза на религиозното очистување. Катарзисот ја открива неправилната состојба на субјективната душа, води кон спознавање и признавање на неспособноста на нејзините акти, просечноста на нејзината содржина, ништожноста на нејзините цели, постојаноста на нејзините страсти и потстреци. Баналноста се разобличува, оградата се трга; темнината се расејува.
Втората задача е – позитивна. Тоа е позитивната фаза на религиозното очистување. Катарзисот создава религиозно правилни чинови и ги зајакнува. Духовното око се отвора; тоа ја восприема Божјата светлина и божествените содржини; се собира лично религиозно искуство, се гради личниот духовен карактер; душата стекнува способност да пребива на нивото на божествените содржини и созрева кон религиозна очигледност. Религиозниот катарзис завршува преку земната смрт и неземната бесмртност. 

 Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети: {moshits}

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5839
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6649
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6448
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5635
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная