логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 sv.filaret.moskovski.jpg

Свети Филарет Московски

ПРАВОСЛАВЕН КАТИХИЗИС
(електронска верзија)

Кумановско-осоговска епархија
Куманово, 2013

 

206. Како крсната смрт нѐ избавува од гревот и смртта?
За да можеме полесно да веруваме во таа тајна, Божјото слово нѐ вразумува во неа, во мерата во која можеме да го поимиме тоа, преку споредба на Исус Христос со Адам. Адам природно е глава на сето човештво, кое е едно со него по природното потекло од него. Исус Христос, во Кого Божеството се соединило со човештвото, благодатно станал нова, семоќна Глава на луѓето кои Тој ги соединува со Себе преку верата. Затоа, како што преку Адам потпаднавме под власт на гревот, проклетството и смртта, така преку Исус Христос се избавивме од гревот, проклетството и смртта. Неговите доброволни страдања и крсна смрт, како смрт на Оној Кој беше безгрешен и Богочовек, за нас станаа бесконечна вредност и достоинство, а се и совршено задоволување на Божјата правда, според која Бог заради нашите гревови нѐ осуди на смрт, и се безмерна заслуга која Нему Му даде право, а без притоа да дојде до оскорбение на правосудноста, да ни даде нам, грешниците, прошка на гревовите и благодат за победа над гревот и смртта.

    Тајната, сокриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии на кои Бог посака да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна на незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас (Кол. 1, 26-27).

    Бидејќи, ако со престапувањето на еден смртта царува преку едниот, тоа многу повеќе оние, што ја примија благодатта и дарот изобилно, ќе царуваат во животот преку Единиот Исус Христос (Рим. 5, 17).

    Сега нема никакво осудување за оние кои се во Исус Христос и живеат не по телото, а по Духот, бидејќи Законот на Духот, кој дава живот во ИсусХристос, ме ослободи од законот на гревот и на смртта. Она, што Законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, исправајќи Го Синот Свој во тело, слично на телото на гревот, и поради гревот Тој го осуди гревот во телото, за да се оправда Законот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот (Рим. 8, 1-4).

    207. Дали Спасителот пострада за сите луѓе?
     Господ Исус Христос пострада за сите нас: од Своја страна Тој Себеси се принесе како жртва точно за сите и на сите им ја врати благодатта и спасението. Но со тоа се ползуваат оние меѓу нас кои од своја страна доброволно примаат учество во Неговите страдања, грижејќи се својата смрт да биде слична на Неговата(Фил. 3, 10).

    208. Како ние учествуваме во Христовите страдања и смрт?
    Во страдањата и смртта на Исус Христос учествуваме преку посредство на живата срдечна вера, преку посредство на Тајните во кои е сокриена и запечатена силата на спасителните страдања и смрт на Исус Христос и, на крај, преку распнување на нашата плот и нејзините страсти и похоти.
    Апостол Павле вели: преку законот умрев за законот, за да живеам за Бог. Со Христос бев распнат; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене, а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку вера во Божјиот Син, Кој ме засака и Се предаде Себеси за мене (Гал. 2, 19-20). Зар не знаете дека сите ние што се крстивме во Исус Христос, во Неговата смрт се крстивме (Рим. 6, 3). Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Тој не дојде (1 Кор. 11, 26). Оние кои се Христови го распнаа своето тело со неговите страсти и похоти (Гал. 5, 24).


    209. Како можеме да ја распнеме својата плот и нејзините страсти и похоти?
     Нашата плот со нејзините страсти и похоти можеме да ја распнеме преку воздржание од нив, како и преку дејства кои им се противположни на страстите. На пример, кога гневот нѐ побудува да му злословиме на непријателот и да му правиме зло, ние, сепак, ќе ѝ се спротивставуваме на таа желба; спомнувајќи си како Исус Христос на крстот се молеше за Своите непријатели, па така да се молиме и ние за нашите, и на таков начин ќе ја распнеме страста на гневот.

За петиот член од Символот на верата
    
    210.Зошто се спасителни за нас страдањата и смртта на Исус Христос?
    Господ Исус Христос го објавил првиот доказ за тоа дека Неговите страдања и смрт се спасителни за луѓето со тоа што Тој воскреснал и поставил основа и за нашето блажено воскресение. Христос воскресна од мртвите и со тоа стана првина за умрените (1 Кор. 15, 20).

    211.Во каква состојба пребивал Господ Исус Христос по својата смрт, а пред Воскресението?
     За таа состојба во која бил Исус Христос после Својата смрт и до Воскресението се говори во следното црковно песнопение: „Во гробот со тело, во адот со душа, како Бог, во рајот со разбојникот, и на престолот си бил Христе, со Отецот и Духот, сѐ исполнувајќи, и бивајќи Неопфатлив“.

    212. Што подразбираме под зборот ад?
    Зборот „ад“ во превод од грчки јазик значи место кое е лишено од светлина. Во христијанското учење под тој поим се подразбира духовна темнина, односно состојба на душите кои преку гревот се оттргнати од Божјото лицезрение и од светлината и блаженството коишто се добиваат тогаш кога човек се наоѓа во состојбата на лицезрение на Бог. (Јуда 1, 6; Осмогласник, глас. 5, стихири 2, 4).

    213. Зошто Христос слегол во адот?
    Господ Исус Христос слегол во адот за и таму да ја проповеда победата над смртта и да ги ослободи душите кои со вера го очекувале Неговото доаѓање.

    214. За тоа во Светото писмо стои следново сведоштво: и Христос умре за гревовите еднаш засекогаш, Праведниот за неправедните, за да може да нѐ одведе кај Бог; убиен во телото, но оживеан во духот; во кој отиде и им проповедаше на духовите(1 Птр. 3, 18-19).

    215.Од каде се земени зборовите: „Воскресна во третиот ден според Писмото“?
     Тие зборови од Символот на верата се земени од Посланието до Коринтјаните: Ви го предадов најнапред она, што го бев и примил, дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата; дека Тој беше погребен и дека на третиот ден воскресна, според Писмата (1 Кор. 15, 3-4).

    216.Што значат зборовите „според Писмото“?
    Зборовите „според Писмото“ означуваат дека Исус Христос умре и воскресна токму така, како што е за тоа напишано во книгите на Стариот завет.

    217. На пример, во 53-та глава од книгата на пророк Исаија во многу подробни црти се опишани страдањата и смртта на Исус Христос: Тојбеше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме (Ис. 53, 5). За Христовото воскресение апостол Петар ги наведува зборовите на 15-от псалм: зашто нема да ја оставиш мојата душа во адот, ниту ќе дозволиш Твојот светец да види распаѓање(Дела 2, 27).

    218. Постои ли сведоштво во Светото писмо за тоа дека Спасителот треба да воскресне во третиот ден?
    Во книгите на Стариот завет има показател и за тоа дека на Исус ХристосМу прилега да воскресне токму во третиот ден. Пророчки пример за тоа ни е претставен кај пророкот Јона: и Јона остана во утробата на тој кит три дена и три ноќи (Јона 2, 1).

    219.Како луѓето дознале дека Исус Христос воскресна?
     Луѓето дознале дека Исус Христос воскреснана следниов начин: Воините кои го чувале Неговиот гроб со ужас дознале за тоа, затоа што ангелот Господов го отргнал каменот, под кого бил сокриен Неговиот гроб, и притоа се случил голем земјотрес. Ангелите така им возвестиле за Христовото Воскресение на Марија Магдалена и на некои други. Самиот Исус Христос, во самиот ден на Своето Воскресение им се појавил на многумина: мироносиците, на апостолот Петар, на двата ученика по патот за Емаус, и, на крајот, на сите апостоли кои се наоѓале во домот, чии двери биле затворени. Потоа, Тојмногукратно им се јавувал во тек на четириесет денови; а во еден од тие денови им се појавил на повеќе од петстотини верни, истовремено (1. Кор. 15, 6).

    220.Зошто Господ Исус Христос по Своето Воскресение им се јавувал на апостолите во текот на четириесет денови?
    Исус Христос по Своето Воскресение им се јавувал на апостолите во текот на четириесет денови затоа што во тоа време Тој продолжувал да ги поучува во тајните на Божјото Царство (Дела 1, 3).
    
За шестиот член од Символот на верата
    
    221.Од каде е земен описот во кој во Символот на верата ни е кажано за Вознесението на Господа?
    Указанието за Вознесението Господово во шестиот член на Символот на верата е земено од следниве зборови изречени во Светото писмо: Слегнатиот е Истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да се исполни сѐ (Ефес. 4, 10); имаме таков Првосвештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата (Евр. 8, 1).

    222.Со која од своите природи Христос се вознесе на небесата, соБожествената или Човечката?
    Исус Христос се вознесе на небесата со Своето човештво, а со Своето Божество Тој секогаш пребивал и пребива на небесата.

    223. Како треба да ги разбереме зборовите дека Господ Исус Христос седи оддесно на Отецот?
    Речено е дека Исус Христос седи оддесно на Бог Отецот, но Бог, всушност, е Сеприсутен. Кога велиме дека седнал оддесно на Отецот, тоа треба да се разбера во духовна смисла, односно дека Исус Христос има подеднаква моќ и слава со БогОтецот.

За седмиот член од Символот на верата
    
    224. Што ни говори Светото писмо за идното Христово Пришествие (повторно Доаѓање)?
     Светото писмо на следниот начин ни говори за идното Христово Пришествие: Овој Исус Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде така како што Го видовте да оди на небото(Дела 1, 11). Тоа на апостолите им го рекле ангелите во времето на Господовото Вознесение.

    225.Како ни говори Светото писмо за идниот Суд?
    За идниот Суд Светото писмо вели вака: доаѓа часот кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат: оние кои правеле добро - ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување(Јн. 5, 28-29). Тоа се зборови на Самиот Спасител Христос.

    226. Што ни говори Библијата за бесконечното Христово Царство?
    Светото писмо вака говори за Неговото бесконечно (Вечно) Царство: Тојќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давид; и ќе царува над домот Јаковов секогаш, и Царството Негово нема да има крај(Лк. 1, 32-33). Овие зборови на ангелот се упатени кон Богородица.

    227.Дали Второто пришествие ќе се разликува од Првото?
     Идното Христово пришествие во голема мера ќе се разликува од Првото. Тогаш Тој дојде да пострада за нас оддавајќи се на целосно понижување, а во Второто приштествиеќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него (Мт. 25, 31).

    228.Дали Тој ќе им суди на сите луѓе?
    Тој ќе им суди на сите луѓе, без исклучок.

    229. Како ќе ни суди?
     Ќе ни суди така што совеста на секој човек ќе се открие пред сите и не само што ќе се откријат сите дела што ги направил во текот на својот живот на земјата, туку и сите кажани зборови, сите тајни желби и помисли. Ќе дојде Господ, Кој ќе ги изнесе на видело тајните на мракот и ќе ги објави намерите на срцата; и тогаш пофалбата на секого ќе му биде од Бога(1 Кор. 4-5).

    230.Дали сите наши мисли ќе подлежат на Судот?
    Тој без сомнение ќе нѐ осуди и за лошите зборови или мисли, доколку не ги елиминираме преку покајание, вера и правилен живот, И ви велам, дека за секој лош збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден (Мт. 12, 36).

    231.Кога ќе се случи тој Суд?
    Времето во кое Господ Исус Христос ќе дојде да суди е неизвесно, но треба да живееме така што секогаш да сме подготвени за него.
    Господ не го забавува ветувањето, како што некои мислат, туку е трпелив спрема вас, зашто не сака некој да загине, туку сите да дојдат до покајание. А Господовиот ден ќе дојде како крадец во ноќта(2 Птр. 3, 9-10).
    Бидете будни и не спијте, затоа што не го знаете ниту денот ниту часот во кој ќе пријде Синот човечки (Мт. 25, 13).

(Продолжува)

Pravosl.Katihizis.korica.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

6-ти декември, лето Господово 2018

Преминпортал

 

Друго:



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5758
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6575
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6360
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5554
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

15/04/2024 - понеделник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная