логоFacebookTwitterYouTubeeMail

1. Што е тоа „православен катихизис“?

Православен катихизис е поучување во православната, христијанска вера. Катихизисот му се дава на секој христијанин, за секој да може да достигне благоугодување на Бога и да добие спасение на душата.

2. Што значи зборот катихизис?

Зборот катихизис во превод од грчки јазик значи огласување, усно поучување, а, соодветно на неговата употреба во времето на апостолите со тој збор се означува првоначалното учење за православната христијанска вера, учење кое му е неопходно на секој христијанин (Лк. 1, 4; Дела. 18, 25).

3. Што е неопходно за благоугодување на Бога и за спасение на нашите души?

За благоугодување на Бога и за спасение на душата се неопходни, најнапред, познание на вистинскиот Бог и правилна вера во Него; а, како второ, живот во верата и правење добри дела.

4. Зошто најнапред е неопходна вера?

Верата е неопходна затоа што, како што сведочи Библијата: без вера не е можно да Му се угоди на Бога (Евр. 11, 6).

5. Зошто освен вера се неопходни и живот според верата и добри дела?

Животот според верата и добрите дела треба да се неразделни од верата затоа што, како што сведочи Светото Писмо: верата без добри дела е мртва (Јак. 2, 20).

6. Што е всушност тоа што го нарекуваме вера?

Според објаснувањето на светиот апостол Павле, верата е жива претстава за она, на кое се надеваме, и докажување на она, што не се гледа (Евр. 11, 1), односно таа е увереност во невидливото – како во видливо и, во посакуваното и очекуваното – како во вистинско, реално.

7. Во што се состои разликата меѓу верата и знаењето?

Разликата помеѓу знаењето и верата се состои во тоа што знаењето за свој предмет го има видливото и податливото, а верата – невидливото и недостигливото. Знаењето се темели на опит или на проучување на предметот, а верата – на доверба во свидетелот на вистината. Знаењето му припаѓа на умот, макар што може да дејствува и врз срцето; верата, пак, првенствено му припаѓа на срцето, иако таа се зачнува во мислите.

8. Зошто во изучувањето на благочестието не ни е неопходна само вера, туку и знаење?

Во учењето на благочестието не се бара само знаење, туку и вера, бидејќи главниот предмет на тоа учење е невидливиот и недостижен Бог и Божјата премудрост, која е сокриена во тајна. Затоа, многу делови од тоа учење не можат да бидат опфатени со знаењето на разумот, но можат да бидат примени со вера. „Верата“, вели свети Кирил Ерусалимски, „е око, кое ја озарува секоја совест; таа му дава видение на човекот“. Оти, како што вели пророкот Исаија, ако не верувате, нема да се додржите“ (Ис. 7, 9) (Петто огласително поучение).

9. Свети Кирил ја објаснува неопходноста од верата и на следниов начин:

„Не само во нас, кои го носиме Христовото име, се почитува верата, туку и сето она што се извршува во светот, дури и од луѓето кои ѝ се туѓи на Црквата, се совршува со вера. Врз основа на верата се утврдува земјоделието, бидејќи ако некој не верува во тоа дека ќе собере плодови, тој нема да ги истрпи трудовите. Со вера се раководат морепловците кога ја доверуваат својата судбина на малечко дрвце, па непостојаното движење на брановите го претпочитаат и пред најтврдата земјена стихија, та се предаваат себеси на неизвесите надежи и имаат толку голема вера која за нив е понадежна од секое сидро“ (Петто огласително поучение).
За Божјото откровение

10. Кој е изворот на учењето за православната вера?

Учењето на Православната Црква го црпиме од Божјото откровение.

11. Што подразбираме кога говориме за Божјо откровение?

Под „Божјо откровение“ се подразбира дека Самиот Бог им открил на луѓето дека можат правилно и спасително да веруваат во Него и достојно да Го почитуваат.

12. Дали Божјото откровението им е дадено на сите?

Бог им дава откровение на сите луѓе, затоа што тоа е неопходно и спасително, но со оглед на тоа што не сите луѓе се кадарни непосредно да го примат откровението од Бога, Тој избрал особени возвестители на Своето откровение, и тие го предавале на сите луѓе, кои сакале да го примат.

13. Зошто не се способни сите луѓе да го примат Божјото откровение?

Заради гревовната нечистотија и немоќта на духот и телото.

14. Кои се возвестители на Божјото откровение?

Возвестители на Божјото откровение се: Адам, Ное, Авраам, Мојсеј и другите пророци. Тие го примиле и проповедале зачетокот на Божјото откровение; но во полнота и во совршенство Божјото откровение на земјата го примил, и преку Своите ученици и апостоли го распространил по целата Вселена воплотениот Божји Син, нашиот Господ Исус Христос.

Во почетокот на своето Послание до Евреите апостолот Павле вели: Бог, Кој во старо време, многупати и на многу начини им зборуваше на нашите отци преку пророците во последиве дни им зборува преку Синот, Кого го постави за наследник на сѐ, преку Кого ги создаде и вековите (Евр. 1, 1-2). Истиот апостол им пишува на Коринтјаните: ја проповедаме Божјата премудрост, тајна сокриена, која Бог ја предодредил уште пред вековите за наша слава, која никој од господарите на овој свет не ја познал… нам, пак, ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зашто Духот испитува сѐ, па дури и Божјите длабини (1 Кор. 2-7-8, 10). Во Евангелието евангелистот Јован пишува: Бога никој никогаш не Го виде, единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот – Он Го објави (Јн. 1, 18). Самиот Исус Христос говори: никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие (Мт. 11, 27).

15. Може ли човек да Го познава Бога без лично откровение?

Човек може да Го познава Бога преку набљудувањето на светот кој е создаден од Бога, но тоа разбирање е несовршено и недоволно и може да служи само за подготовка во верата или на извесен начин да води кон познание на Бога од Неговото откровение.

Она, што е во Него невидливо, односно вечната Негова сила и Божество, се гледа уште од создавањето на светот (Рим. 1, 20).

Тој ги создаде сите народи за да се населат по целата земја, откако им определи одредени времиња и граници на нивните живеалишта за да Го бараат Бога, па да Го напипаат и најдат, бидејќи Тој не е далеку од ниеден од нас. Зашто во Него живееме, се движиме и постоиме (Дела 17, 26-28).

„Во верата во Бога претпостои помислата дека Бог постои, помисла која изникнува преку набљудување на создадените нешта. Внимателно набљудувајќи го Божјиот свет, спознаваме дека Бог е премудар, семоќен, благ; па така ги познаваме и сите Негови невидливи својства. На тој начин Го примаме како врховен Управител. А со оглед на тоа дека Бог е Творец на целиот свет, а ние сме дел од светот, следствено, Бог е и наш Создател. По ова познание надоаѓа верата, а зад верата доаѓа поклонувањето“ (свети Василиј Велики, Послание 232).

 

Извор: http://koe.mk/vera-i-otkrovenie/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 654
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 947
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 892
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

За Христoвитe дeла (беседа)

За Христoвитe дeла (беседа)

Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка...

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

Пилат бил учeник сo свeтска мудрoст. А свeтската мудрoст нe дава сила туку влeва страв. Свeтската мудрoст нe ја пoддржува душата туку тeлoтo. Свeтската мудрoст нe влeва страв за душата...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

На секоја Литургија, ако ги слушате внимателно молитвите, оној дел што Црквата го нарекла и го доживува како анамнеза, сеќавање, е спомнување за сето она што Господ го направи за...

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

 Во денешново евангелско четиво Господ Исус Христос не упатува на три основни чекори: простувањето, постењето и безвременската награда која не очекува. И токму првиот чекор е простувањето: „Ако им ги...

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

Цeлoтo Eвангeлиe учи дeка трeба да сe oстави пoмалoтo заради пoгoлeмoтo, минливoтo заради нeминливoтo, лoшoтo заради дoбрoтo, eвтинoтo заради драгoцeнoтo. Кoга Eвангeлиeтo нe би вeтувалo пoгoлeми врeднoсти, тoгаш кoј би...

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Секој христијанин, своите напори може да ги насочува на разни активности во животот. Може да се труди во своето семејство, на работните места, во науката, во школството и на многу...

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

« »