логоFacebookTwitterYouTubeeMail


zrze.jpg

Годината што измина ја одбележи и една несекојдневна вест, дека на состанокот во Равена, Италија, делегациите на католичката и на православните цркви, потпишале документ од 46 точки со кои се поставени темелите на соединувањето на црквите?  Познати ли ви се решенијата од овој договор, дали се тие добра основа?
. Да, добро ми се познати решенијата од равенскиот договор за кои сум и изворно информиран од страна на Епископот Виенски и Австриски г. Иларион (Алфеев), за време на неговата посета во Македонија. Тој ми ги посочи клучните поенти и случувања при последното заседавање на мешовитата православно – католичка богословска комисија во Равена. Тоа ми помогна да го изградам својот став околу овој, како што го нарече италијанскиот весник “Република”, “возен билет” за надминување на православно-католичките проблеми. Ако продолжам во стилот на употребениот журналистички жаргон, би рекол дека никогаш не би патувал со оваа патна карта, затоа што впишаната дестинација на неа е неизвесна. Документот содржи спорни моменти особено во делот за т.н. Универзална Црква. Предложениот нов модел на црковно устројство во овој контроверзен документ е мошне проблематичен. Во своето интервју за “Интерфакс”, споменатиот архиереј, како предводник на делегацијата на Московската патријаршија во Равена веќе ја изрази својата убеденост дека Равенскиот документ не само што нема да н$ приближи со католиците, туку ќе внесе нова поделба меѓу православните. Искрено ја споделувам неговата грижа која ми се чини мошне оправдана.


 Можно ли е, според Вас, воопшто обединувањето на христијаните по долговековниот раскол кој датира уште од 1054 г. и има се уште недоволно залечени последици?
Современиот свет се обединува и се интегрира во унија на економски интереси и во алијанса на воено-политички цели. Тие, пак, конституираат општествен амбиент во кој како демократска придобивка на граѓанинот-верник му се загарантирани верските слободи и права. Но, и покрај тоа што живееме во свет кој пред се на економски и воено-политички план интензивно се обединува, сепак, како што барем засега стојат работите меѓу верските неусловени центри, не постои таков тренд на интеграција. Обединување на христијаните би било многу нереално да се очекува, особено кога за тоа не постои здрава основа. Ова, пак, не значи дека не треба да постои дијалог.


. Вселенскиот патријарх Вартоломеј отворено кажа дека на папата треба да му се признае приматот на Рим, а тоа веќе наиде на отпор, посебно кај Руската православна црква која не сака на Вселенскиот патријарх Вартоломеј да му го признае и "приматот по власт". Се чини дека еден од проблемите за обединувањето се наоѓа во рамките на православни цркви, во нивните несредени односи, посебно во релациите меѓу Руската православна црква и Цариградската патријаршија. Како тој да се залечи?
 Знаете, сите ние на Цариградскиот патријарх му го признаваме приматот по чест со кој од древност се стекнал. Но, кога неговиот најблизок соработник  митрополитот Јован (Зизјулас) промовира став дека каноните признаваат само еден примат – примат на реална власт, почнуваме сериозно да се запрашуваме дали во православниот свет на повидок е пирамидалниот проект - конструкција на “православен папа”? Дали на Фанар кој се доживувал и се претставувал како координативен центар меѓу помесните православни цркви, наместо да презема мирни иницијативи му се потребни вакви сомнителни потфати, кои го подриваат неговиот црковен авторитет и морален кредибилитет. Московската Патријаршија чијашто паства е побројна од онаа на сите останати помесни Православни Цркви заедно, е најповикана со Фанар  да дискутира за сите исклучително комплексни и реални проблеми и актуелни состојби во православното црковно семејство. Факт е дека Равенскиот инцидент ги заостри односите меѓу Москва и Фанар. По неуспешните преговори по прашањето на трите нови епархии во Бесарабската митрополија, крајна затегнатост во релациите се забележува и меѓу Романската и Московската Патријаршија. Токму затоа, час поскоро, сите теми кои нас како пастири н$ обременуваат, а современиот човек го соблазнуваат, треба да бидат отворени на Сеправославен собор.

zrze1.jpg
Не е само тој проблем кој го обременува Православието туку и низа други. Прашањето на признавањето на автокефалноста е само едно од нив. Тука, директно е засегната и Македонската православна црква. Зошто православните цркви не можат да демонстрираат поголемо единство и сплотеност по многу прашања?
 Постојат многу причини за некохерентноста во Православието, но главната е навлегувањето на грубата профана политика, која подмолно и беспоштедно го секуларизира. Ова ќе го илустрирам преку примерот со Македонската православна црква потсетувајќи на општопознатиот факт дека причините заради кои таа сеуште не е инкорпорирана во сеправославното семејство, не се од црковен туку од политички карактер. Само заради тоа што  опстојува на непроменливоста на името и сочувувањето на автокефалниот статус, влијателниот грчки црковен блок МПЦ ја маргинализира. Наспроти ова, факт е дека  малиот дел, кој откако се откажа од македонското црковно име и автокефалниот статус и како српски проект т.н. “ПОА” се отцепи од МПЦ, експресно беше прифатен и финансиски силно поддржан токму од грко-ортодоксната црковна заедница. Во православниот свет беше претставен како единствена канонска црква во Република Македонија. Но, само што помисли дека МПЦ веќе е супституирана со т.н. “ПОА”, СПЦ преку томосот за “автономната  Православна Црква во Република Македонија” си отвори неочекуван проблем со гркофонските цркви кои индигнирано &  забележуваат за спомнувањето на уставното име Република Македонија во содржината на српскиот црковен документ. Тоа е главната причина што грчките црковни центри одбиваат официјално да го проследат томосот, но парадоксот да биде уште поголем од грчките медиуми дознаваме дека се уште не го добиле истиот. Ако навистина Српската Патријаршија томосот за автономија не го доставува до гркофонските цркви, тоа ќе биде само од една причина. По забелешката дека ги става пред свршен чин своите грчки собраќа, на црковен Белград не му остана ништо друго освен да постапи по предложеното – српскиот томос со македонското име никогаш да не го испрати до грчките црковни центри Фанар, Атина, Александрија, Никозија…. Можете ли само да замислите каква би била реакцијата кога во која било гркофонска црква, каде што по правило речиси како ерес се доживува спомнувањето на името Република Македонија, би пристигнал црковен акт со таква содржина. Нека е тоа и томос на Српскиот Патријарх, сепак, официјалната грчка црковна администрација таквиот документ нема официјално да го проследи и да го архивира. Во спротивно таа би била првата што ќе попушти во битката со името и пред државата би го признала името на Република Македонија. Еве што се случува кога политиката ќе навлезе во Црквата!


.Очигледно е дека преговорите со СПЦ околу признавањето на автокефалноста чекаат на разрешувањето на состојбите во регионот - од утврдувањето на статусот на Косово, па до преговорите со Грција за уставното име на државата. Како МПЦ го користи овој интервал за подобрување на односите со другите православни цркви, дали е дефинирана стратегија за преговорите?
.Не сте далеку од вистината кога импликаците од политичките настани  ги доведувате во релација со одредени верски или црковни проблеми на Балканот. Мене лично не ми се допаѓа ваквиот дивергентен процес на сврзани садови во кој се мешаат лончињата но, за жал, сведоци сме дека тоа се случува. На пример, барањето со кое како услов за отпочнување на дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ се поставува амнестирањето на Вранишковски од каква било негова граѓанска и кривична одговорност, не ветува многу. Тоа подразбира мешање во внатредржавните работи и во законодавството на една суверена земја, што е недопустливо. Сепак, освен ваквото непријатно искуство со СПЦ и ГПЦ, МПЦ забележува нагорна линија во релациите со другите сестрински православни цркви. За посоченово сведочи учеството на голем број на православни архиереи на Светската Верска Конференција во Охрид 2007 год.


 Мислите ли дека процесот на христијанското обединување би можел да помогне нешто во однос на прифаќањето на МПЦ како автокефална црква?
.Ако претходно констатиравме дека процесот на христијанското обединување е долг и непредвидлив, тогаш исчекувањето на позитивниот исход во решавањето на клучните проблеми во многу што наликува на утописка перспектива обоена со сизифовски труд. Не мислам дека сехристијанската интеграција е единствениот фактор кој би помогнал во прифаќањето на автокефалноста на МПЦ.


 Вие сте сеуште викарен епископ, што значи дека не раководите со конкретна епархија. Во моментот, сеуште е "слободна" само Австралиско-новозеландската епархија во која актуелниот администратор владиката Петар се соочува со големи отпори и барања за смена. Не Ви е предизвик да се соочите со тамошните проблеми како личност која нема хипотеки од минатото? Каде се гледате во иднината?
Пред неполни три години од Светиот Архиерејски Синод бев избран за викарен епископ во Преспанско-пелагониската Епархија.  Подоцна, на една од седниците на која се одлучуваше за пополнување  на празните епархии со архиереи, упатив устен исказ со молба до Синодот да останам на позицијата на која сум избран како помошен епископ со седиште во манастирот Зрзе. Добив целосно разбирање од браќата архиереи за што постојано им благодарам. По неколку синодски заседанија од мнозинството  синодални архиереи ја добив довербата и бев изгласан за секретар на Светиот Архиерејски Синод, функција на која се наоѓам до денес. Кога веќе ги споменувате предизвиците би напоменал дека тие, барем кај мене происходат од содржините на внатрешниот живот. Ценам дека во многу што предизвикот кај секого создава силен поттик за успешна реализација на потфатот со кој се зафатил но, истовремено,  и отсуството на предизвикот е доволен знак,  кој не би требало лесно да биде пренебрегнуван. По моето враќање од Света Гора во Македонија сесрдно се вложив во возобновувањето на монашките заедници во македонските манастири и никогаш не сум размислувал за устројство на црковниот живот во дијаспората.
 Кога ме прашувате како се гледам во иднината ќе ви речам вака: силната свест за тоа дека од историјата патувам кон есхатонот, тргнат на патот за Дома, создава во мене егзистенцијална потреба  и  цврст став да не се одалечувам од Божијот план и промисла. Го молам да бидам во него. Се останато барем за мене е ризик на онтолошко рамниште.


. Истовремено, Вие сте и секретар на Светиот архиерејски Синод на МПЦ. Како се случи да во едно кратко време МПЦ да се најде во фокусот на медиумите заради случаите "Говрлево", "Изгрев"... Оставија ли тие траги на  внатрецрковните односи, постојат ли фракции во Синодот?
. Факт е дека во јавноста споменатите случаи фрлија сенка и нанесоа штета на угледот на МПЦ. Мислам дека сите, а особено ние во Синодот посакуваме нивна финална завршница. Но, кога веќе ги спомнавте, би сакал да го споделам мојот неодминлив впечаток за тоа дека одредени медиуми во оркестрираниот напад врз личноста на Поглаварот постапуваа несоодветно и тенденциозно. Во прилог на ова ќе ви го наведам врвниот непрофесионализам на еден дневен лист. За да ја насочи јавноста кон поентата на новинарскиот текст со фотомонтажа конструира слика на која белата богослужбена одежда на Архиепископот ја оцрни. Со ваквата фотографија беше “украсена” насловната страница на тој весник. Се прашував и тогаш, а се прашувам и сега, кому се потребни ваквите  банални иконични метафори? Во услови во кои се наоѓа МПЦ пред својот речиси најголем предизвик на опстој до сега, кој може да профитира од  сево ова?
 Во Синодот постојат конструктивни дебати со различни мислења но не и фракции и издвојувања, затоа што тие се карактеристични за партискиот плуралистички живот, а се крајно нетипични за црковната структура. Секое нивно иницирање во црковниот амбиент, заради дејствувањето на Светиот Дух однапред е осудено на пропаст. Црковната полнота и единството меѓу македонските архиереи е над се и мислам дека никој од нас не сака тоа  да биде поинаку.

zrze2.jpg


. Верниците не ретко изјавуваат дека им се скапи црковните услуги. Од друга страна, стигнуваат и забелешки дека МПЦ недоволно се бави со хуманитарна дејност со која повеќе би им помагала на луѓето. Зошто е тоа така, не може ли Црквата повеќе да им помогне на луѓето кои имаат се повеќе проблеми?
 Во услови на постојан раст на цените на основните производи неопходни за живот верувам дека граѓанинот верник дополнително е натоварен со наплатата на црковните такси. Наспроти веќе видениот и с$ уште важечки систем се размислува и се бара нов попогоден модел за наплата преку кој верникот би бил заштитен од горчливиот вкус на скапотијата во својата парохиска црква. Мислам дека меѓу поприфатливите би бил германскиот модел за наплата на верските услуги познат како религиозен данок. Со издвојувањето на одредена минимална сума што секој може да си ја дозволи од вкупните месечните примања на сметка на верската заедница на која и припаѓа, тој би бил ослободен од понатамошна обврска за наплата на секаква услуга. На овој начин би го имале точниот број на верници кои припаѓаат на секоја верска заедница, но и многу други бенефиции подеднакво на двете страни.
Што се однесува до вториот дел од прашањето за социјално-хуманитарната дејност на МПЦ, имам потреба да нагласам дека по природата на нештата таа не е и не може да биде примарна туку секундарна дејност на црквата. Но и покрај тоа МПЦ се труди и се ангажира според своите сили и можности и на ова поле. Во поголемите градови низ земјава секојдневниот топол оброк го обезбедуваат црковно-народните кујни, хранејќи многу гладни усти меѓу кои и на стечајните работници кои штрајкуваат пред Македонското Собрание. Црковен е и струмичкиот центар во кој им се помага на младите луѓе кои се соочуваат со болестите од зависност, практика која се  повеќе се одвива и во Бигорскиот како и во Трескавечкиот манастир.


 Како, воопшто, гледате на денешните состојби со моралните вредности кај луѓето. Се чини дека се нема причина да се биде задоволен во тој поглед?
 Наспроти етаблираниот за масовна употреба граѓански морал, светата Православна Црква го негува аскетскиот (подвижнички) и евхаристискиот (благодарствен) етос. Кога е човек без Бога како Апсолутен принцип тој за нужна последица го има релативизирањето на се, што само по себе може да биде големо искушение. Како с$ почест феномен на нашето време се јавува хомо дуплексот. Едно лице во црква и сосема друго во чаршија! Лекот за оваа колку нова толку древна болест е покајанието доживеано како преумување.


 Како гледате на иницијативата за промената на црковниот календар што ја покрена бизнис-асоцијацијата, може ли МПЦ тоа да го направи, ако не зошто? 
МПЦ не планира да го промени црковниот цалендар, но сепак тоа не значи дека не треба да се размисли зошто повиците за неговата реформа стануваат се погласни. Не случајно иницијативата за промена произлезе од  бизнисмените меѓу кои не е мал бројот на верни чеда на Црквата. Според нивните кажувања тие најинтензивно ја доживуваат напрегнатоста меѓу црковниот етос, чии подражатели се, и секуларниот граѓански морал.  Велат ја поставиле оваа иницијатива за реформа бидејќи веруваат дека променетиот  црковен  календар би бил посоодветно решение за проблемите на граѓаните верници кои не сакаат да им противречат на древните црковни правила за постот и молитвата. Ние како пастири мораме да им објасниме и ним како и на сите заинтересирани за комлексната слоевитост на ова прашање кое не трпи грешка. Анкетирано е мислењето на верниците и со сигурност се знае дека промената на календарот во Македонија во црковните структури неминовно ќе создаде раскол. Тоа овде никому не му треба и затоа каледарот сега за сега нема да се менува.

 

Бранко Горгевски

Извор: весник „Дневник“

Посети:{moshits}



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 108
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 77
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 202
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Такви луѓе во Христово време имало многу, но и денес не се малку. Тие малку се интересираат за Евангелието, или, пак, и воопшто не се интересираат, а некои се дури...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират...

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние...

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

Така пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда...

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Митрополит Струмички Наум:  Зошто пишувам?

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е...

« »