логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Многумина не знаат дека Божик е всушност денот кога се родил нашиот Спасител, Исус Христос, иако православно-христијанската вера кај нас е вкотвена уште пред многу векови. Ве молам, објаснете што празнуваме за Божик?

 Божик, како што и сами посочивте е празникот на Христовото Раѓање. Самиот историски факт на Раѓањето на Богомладенецот веќе го објавува тој посебен период. Така почнува христијанската ера од историјата на човековиот развој и култура. Отец Александар Шмеман прашува: Возможно ли е да ги заборавиме корените од кои изразна сето она со кое ние живееме и дишеме? Христијанството влезе во телото и крвта на нашиот живот. Без христијанството ние не можеме да ја разбереме ниту уметноста, ниту философијата, ниту науката. Денес Бог се роди и со нас поживеа и добивме можност лично да Го запознаеме, како што вели старецот Софрониј од Есекс. Ќе напоменеме дека подготовката за овој празник, за овој единствен и неповторлив миг, траела долго. Тоа е времето од падот на нашите прародители, па сѐ до денешниот ден, кога прекрасната Девојка Марија Го роди Богомладенецот во Витлеемската пештера. Целиот период пред Раѓањето Христово е време на подготовка за вистинско празнување. Забележувате дека сѐ што ви зборувам е во сегашно време. Тоа е исто така дел од празничното време, во кое денес ги обединува и минатото и сегашноста, но ја објавува и иднината.

 Колкаво е значењето на Божик за народот, за човештвото?

 Накратко, за да ви одговорам на ова прашање, би се послужил до овогодишната Божикна порака на Цариградскиот патријарх Вартоломеј, во која тој вели: „...Воплотувањето на Синот Божји не е просто симболично како воплотувањата на многубројните богови во митологијата, тоа е реалност, една навистина нова реалност, единственото ново нешто под сонцето кое се случило во конкретен историски момент, во време на управувањето на императорот Октавијан Август околу 746 години од основањето на Рим, среде еден конкретен народ, од домот и родот Давидов (Лука 2, 4), на конкретно место, во Витлеем Јудејски, со сосема конкретна цел – Он стана човек за да можеме ние да станеме богови, во согласност со краткиот израз на Атанасиј Велики“.

 Која е тајната на Христовото Рождество? Која е иконичната претстава пред која се поклонуваме при нашето влегување во храм на Божик?

 Кога влегуваме во храмот, ние влегуваме во еден иконичен простор. Целиот храм претставува икона на Божјиот домострој, икона која претставува очигледно онтологија на Царството Небесно. Меѓутоа, иконата, пред сѐ, е образ пред кој се поклонуваме. Таа не е автономен носител на благодатта, туку претставува изобразба на Првообразот. Фасциниран сум од интерпретацијата на православниот богослов Џон Брејк и неговите согледувања и коментари за иконата на Христовото Рождество. Некои од нив ќе ги споделам со вас. Воплотеното Слово доживеано како жртва на љубовта на Отецот кон севкупното човештво, од моментот на раѓањето во Витлеемската пештера до Неговото полагање во гроб, само ја потврдува тајната на Неговиот повик. Аналогиите пештера –гроб, пелени – плаштаница, лулка – олтар присутни на изобразената икона на Рождеството, длабоко го потресуваат секого кој со трепет се поклонува. Во неговиот карактеристичен стил тој продолжува: Едно дете еднаш ме запраша зошто Господ го испратил Својот Син Исус Христос да умре, а не се жртвувал Самиот. Му покажав една икона на Христовото Рождество и се потрудив да му го објаснам она што тешко може да се изрази со зборови. Му реков дека секој татко попрво самиот би умрел наместо своето дете. Кога Господ ни го предложи Својот Син за живот на човештвото, Тој ни го предложи највредното – Својата љубов. Со смртта на Исус Христос, Богородица учествува во една бескрајна болка и тага. Истите чувства со сигурност ги искусил и Отецот.

 Како да го прославиме овој празник во согласност со православната догма избегнувајќи ги замките на многуте народни обичаи кои им се наметнувале на христијанските ритуали?

 Денес по 21. век од овој настан, во амбиент на либерално општество, во кој нема никакви ограничувања и рамки и сѐ мора да е транспарентно и јавно, се прашувам колкумина од моите современици ја доживуваат тајната на воплотувањето и раѓањето на живиот Бог. Забележуваме дека Божикните празници на Запад до тој степен се искомерцијализираа и профанизираа што лишени од христијанската содржина на настанот станаа причина за некакво секуларизирано славење без Бог. За жал, тој тренд на славење без славеникот, но во сосема поинакво руво пристигна и кај нас во Македонија. Во оваа пригода морам да потсетам на занесот од третата чашка топла ракија околу коледарскиот оган, разрешувањето на постот со колбасите на жар и масовното отсуство на утринската Божикна Литургија. Сите овие нус-ефекти се логичен производ од големото незнаење, атеизацијата која како феномен е сѐ уште присутна кај нас, но и на недостигот од динамична мисија и поука на верскиот фактор во современото македонско општество.

 Бадник или вечерта пред Божик е посебно среќен ден не само за децата, туку и за повозрасните кои со задоволство се подготвуваат за него. Тоа е посебен ден кога се седи дома, се приготвува обилна вечера, се кити домот со бадникови гранчиња, се расфрлаат по домот бонбончиња и оревчиња за да има многу берикет во годината која е почната. Колку од овие ритуали се во согласност со христијанските обичаи, а кои се производ на локалните традиции?

 Поборник сум на онаа струја меѓу богословите која се залага за тоа обичајните подземни текови на народната побожност да се артикулираат и покрстат во светоотечкото богословие, процес за кој знам од опит дека е искучително тежок и без Божја помош невозможен и кој на овие простори се случува во лоното на мајката Македонска Православна Црква. Обичајот е обичај, но она што ме загрижува е малиот процент на оцрковување токму за празниците каков што е Божик. Ако се цени по масовноста, сведоци сме на тоа дека поддржан од некои масмедиуми некому како да му појде од рака Христовото Рождество да го супституира со коледе. Ова не само што не смееме да дозволиме да се случи, туку сме одговорни да го сочуваме благословениот поредок. Факт е дека нашата црковна реалност на празнувања е под притисок на тековните секуларни влијанија. Оваа година кога ќе се додадат и последиците од светската економска криза, чии последици нѐ засегаат и нас, ни останува единствено искрено и молитвено да побараме од воплотениот Богомладенец мир и благосостојба за сите луѓе во светот.

Извор: весник „Време“



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 726
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020 )

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »