логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Во животот на Ала Мешчерова сè се одвивало како по правило: земала часови по сликарство на Академијата за уметност „И. Е. Репин“ во родниот Санкт Петербург, а потоа учела иконопис во тверската „Школа за црковни занаети“. Сè се одвивало како по правило, освен една околност: Алфија (името што ѝ го дале нејзините родители) била родена во муслиманско семејство, во кое многу се почитувале вековните традиции на предците. Меѓутоа, таа во православието го нашла домот за нејзината душа. На оваа, но и други теми, со Ала разговараше Олга Луњкова.


Би рекле дека мал е бројот на оние муслимани, особено жени, кои се одлучуваат верата да ја стават над семејството. Што ви се случило вам и поради што така одеднаш сте го завртиле тркалото на фамилијарната историја?

Јас сум родена во муслиманско семејство. И двете баби ми беа верни муслиманки, и двете вршеа намаз. Особено баба ми по татко. Таа, како што наложуваат правилата, неколкупати на ден се молеше, и ме учеше мене на муслимански молитви. Меѓутоа, тие молитви, за жал не допираа до мене, затоа што ги кажував на неразбирлив арапски јазик. Баба ми не знаеше да ги преведе. Откога знам за себе сум трагала за разбирлива вера, и поради тоа никако не успеав да изградам доверлив однос со Бога.

Кога почнаа да се развиваат овие односи?

Ала Мешчерова

Ала Мешчерова
По завршувањето на студиите продолжив упорно да трагам по смислата на животот и за почеток го прочитав целиот Куран. Меѓутоа, бидејќи во оваа мудра книга не ги најдов оговорите на моите прашања, започнав да читам најразлични философи: марксисти, идеалисти, за потоа да се преориентирам на Соловјов, Берѓаев и Розанов. Последниот од овие ме заврте кон Христа. Но, патот до Него беше поприлично трновит: кон крајот на осумдесетите години на минатиот век поради неселективниот интерес кон сето она што е паранормално, во себе открив најразни „способности“, па неколку години заглавив во калта на езотеријата, стекнувајќи секакви фобии. Во мојата глава, како што вели отец Андреј Кураев, беше омиленото јадење на руската интелигенција – една каша од будизам, езотерија и теософија. И сето тоа беше зачинето со сос од ислам и бибер на нејсни претстави за христијанството. Е тогаш почнав да го читам Евангелието, кое ноќе го ставав под перница, и само така можев мирно да спијам, зашто ме мачеа кошмари.

Во 1987 баба ми се разболе од рак. Веќе есента таа легна в постела и најмногу од сè се плашеше дека ќе мора да умре во зима, што значеше дека ќе биде закопана во ладна земја. Така, еден ден, сосем случајно, на една ликовна колонија на брегот на реката Смољенка зборував со еден наставник, и му реков дека баба ми е на смртна постела и дека по проценките од лекарите, нема да живее повеќе од две години. Тој ми предложи да ме однесе до гробот на блажена Ксенија, затоа што таа им помагала на сите. Кога појдовме, ми покажа каде да запалам свеќа. Ова се слу чуваше околу четири часот попладне. Искрено се молев, барајќи од Ксенија да ѝ помогне на баба ми и да ѝ ги олесни маките. Од некоја причина толку ѝ верував на таа за мене непозната светителка, што и воопшто не се зачудев кога, доаѓајќи вечерта дома, ја видов баба ми како оди низ станот. Ми рекоа дека ѝ станало подобро токму околу четири часот попладнето.

Меѓутоа, не е сè така едноставно. Во тоа време го прочитав Евангелието и постојано бев во храмот, но никкако не можев да се одлу чам да се крстам: сепак се работи за промена на верата – сериозен чекор. Знаев дека за моите родители тоа ќе биде голем удар и стравував за нивното здравје. Се молев на Господа да ми даде некаков јасен и недвосмислен знак, за да сфатам дека моето крштевање е Негова волја. И така, еден ден дојдов во црвата на Смољенк. До почетокот на службата имаше околу два часа, така што немаше луѓе во црквата. Стоев во параклисот на света Ксенија Петербуршка, наслонета на еден од столбовите. Одеднаш сиот простор околу мене како да се измени: сè исчезна – нема ниту под, ниту таван, воопшто ништо немаше, а истовремено – тоа не беше некаква празнина, туку густо синило, како примрак.

После оваа случка без двоумење се свртивте кон православието?

Примрак – исто како на мандорлите од новгордската икона „Слегување во адот“. Долго време потоа не сфаќав зошто просторот беше темен, и дури по неколку години кај Дионисиј Ареопагит прочитав дека Божјиот нетварен свет човекот го гледа како примрак. Општо земено, тоа беше неверојатно убаво, апсолутно несфатливо, и веројатно моите чувства беа налик на она што го чувствува едно бебе во мајчината утроба – заштитеност и љубов. Потоа, од таа магловитост што го зазеде целиот простор, кон мене се подаде рака со крсте закачено на ланче. Ја подадов дланката и штом крстето ја допре, истиот момент се вратив во реалноста. Утредента без двоумење појдов и се крстив.

Дали иконописот се јави како гранка од вашата професија?

Тоа беше Божја Промисла која, исто така, имаше своја предисторија. Чинам дека околу 1994 година мојот живот доживеа глобална криза: прво, творечка – не можев да сликам; второ, човекот кого го љубев ме напушти, силно трескајќи со вратата; трето, поради астмата речиси престанав да дишам. И, најважно – сфатив дека целиот тој хаос од непријатности е резултат на мојот бурен живот претходно. Но, Господ никогаш не нè напушта. И сфаќајќи дека за мене нема живот без Божјиот храм, на 6 февруари, на празникот на блажена Ксенија, буквално ползев до нејзината капела, едвај издржав да стојам на службата, за потоа да ми биде многу полесно. Кога на крај престанав да се чувствувам како полужив инвалид, и започнав да дишам колку-толку нормално, се наметна прашањето – како да продол жам да живеам? Дали во 29-тата година да ја променам професијата? Но, сликањето за мене не беше само професија. За да станам сликарка, јас 11 години опсесивно работев по 16 часа на ден. Ако ја променев професијата, тоа ќе значеше дека сите мои напори и жртви биле направени попусто, а сиот мој живот – бесмислен. Случајно дознав за Дивеево и св. Серафим Саровски, и одлу чив да појдам таму, да побарам одговор на моето внатрешно прашање, иако немав поим што е тоа манастир или поклоничко патување. Тргнав со една пријателка. До Новгород стигнавме лесно, но понатаму… Наместо пријатно трочасовно патување во удобен автобус, ние 13 часа стоевме во километарски сообраќаен метеж поради снегот. И баш кога конечно заврши таа мака, започна нова: за прв пат во животот – се надевам и последен – се најдов во снег до вратот.

На првите неколку дена во манасти- рот се сеќавам како на кошмар. Беше многу тешко. Но, јас токму таму повторно се родив. Жената кај која бевме сместени и со која за две седмици во Дивеево успеавме да се спријателите, еднаш ме праша: „Еве, ти си сликарка. Можеби ќе можеш да ми ја насликаш блажена Ксенија?“ Таа молба беше вистинско провидение. Отец Владимир Шикин самиот ми пријде во храмот, забележувајќи ја мојата збунетост. Кога му ја објаснив ситуацијата, тој ми рече дека не благословува своеволно да ја насликам иконата, дека тоа треба да се научи, за што ме благослови да одам во Твер, во иконописната работилница на Андреј Запрудин. Само тоа ми го рече, и замина. А јас го прашав: „Отец, но што да правам со родителите? Тие се муслимани, нема да разберат, ниту ќе ми дозволат да одам во непознат град…“ Тој само замавна со раката и рече: „Господ ќе те води“. Отец Владимир беше во право: Господ ме водеше, а родителите смирено ја прифатија мојата одлука да у чам во Твер. Вистина е дека не им објаснив подетално дека се работи за у чилиште за црковни занаети. Одејќи по патот на православието и новата профе сија, секогаш ја чувствував Божјата помош и Неговата Промисла.

Никогаш порано себеси не сте се замислувале како иконописец? Како сликарка веројатно сте се восхитувале на делата на Теофан Гркот и Рубљов?

Уште додека не бев крстена, мислам дека беше 1991 г., бев на изложба на делата од збирката на Рускиот музеј: Кандински, Маљевич, Гончарова, Шагал, Филонов… Но, мене не ме допираа тие – иако тогаш ги сакав сите нив – туку руските икони од збирката на Никодим Кондаков, познат историчар на уметноста. Тоа беше празник, неискажливо чувство на рај и чудо, и тогаш долго време одев како зашеметена. На таа изложба доаѓав десетпати, токму поради иконите; да се гледа Шагал по трет или четврти пат би било незамисливо. Бев вчудоневидена од мајсторството со кое беа насликани иконите. Во нив го здогледав рајот. И за мене тоа беше откровение, оти во времето на Советскиот Сојуз беше вообичаен потценувачкиот однос кон руските икони: италијанската ренесанса се сметаше за добра, а иконата, секако, симпатична е, но… Восхитувањето на иконите живееше во мене сите години кои следеа, и стана како клу ч кој одеднаш ми ја отвори вратата во светот на православието. Всушност, веројатно тоа и го определи мојот сегашен, свечен стил.


Икона насликана од Ала

Икона насликана од Ала

Дали имавте искушенија кога започнавте со сликање на светители или сè одеше лесно и благословено?

Првата икона што ја насликав беше мачеништвото на св. Георгиј. Во тоа време работилницата за иконопис живописуваше два иконостаси за еден белоруски храм, а еден од олтарите беше посветен на свети Георгиј. Потоа ја насликав Света Троица за иконостасот во Дивеево. Општо земено, сите икони што сум ги насликала се некако поврзани со искушенија. Не можам да се сетам на некое чудо, но затоа искушенија имаше колку што сакате. Особено кога се слика престолна икона, крст или иконостас. Првата престолна икона ја насликав на почетокот на новиот милениум за храмот на св. Сергеј Радонешки во Сертолов. Само што започнав со работа, искршив едно ребро. Не се сетив да земам лекови за смирување на болки, ниту лекарот ми предложи такво нешто.

Таблата за икона беше огромна, тешка, и морав постојано да ја кревам, вртам, да ја преместувам од штафелај на маса, а потоа повторно на штафелај. Свештеникот од мене бараше да ја завршам што е можно побрзо, и не сметаше дека ми е потребно боледување, барем додека повредата беше свежа. Поради постојаната физичка болка се наоѓав во еден вид на несвесна состојба, и можеби поради тоа таа испадна многу добро и молитвено. Така велеа сите. Првите две иконостасни икони ми одеа многу тешко, сето време се слу чуваше нешто, но потоа стана малку полесно, иако и понатаму не одеше сè како подмачкано. Една од нив подоцна мироточеше.

Иконата го прикажува небесниот свет. Ние понекогаш забораваме дека зад оваа реченица стои љубовта Христова, дека ние го претставуваме скапоцениот свет на хармоничната Љубов кој не може да биде ниту тажен, ниту натажен, ни мрачен – сето тоа е човечка особина. Православието е радоста на заедницата со Бога. Ние затоа и Го славиме Бога, зашто Тој ни го донел Благовестието за Љубовта. И тоа се одразува на иконите.

Извор: „Тавор“ бр. 6

Кумановско- осоговска епархија



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…
Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 136
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 317
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 189
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

« »