Одговори на Вашите прашања    

Одговара: отец Горан Стојчевски

 

Прашање:

Здраво до сите и Господ да ни е на помош!

Се наоѓам во муслиманска земја и околу мене каде што сум сместен нема православна црква, има катоилчка и една друга црква не сум сигурен која е, зошто не сум бил да видам 
Сакам да прашам, дали е дозволено да се влезе во католичка црква или во другата црква и да се помолиш пред крстот доколку нема православна црква во близина?

 

Одговор: 

Навистина е тешко! Но кога ќе си споменеме за зборовите Христови, „Царството Божјо е внатре во вас„, тогаш секако ќе се потрудиме да го пронајдеме Господ во молитвата која е наш разговор со Бог. Затоа, најдобро би било да ја практикуваме Исусовата молитва „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот„ на било кое место и во било кое време. Христос Богочовекот е Името кое е над секое друго име, кое го повикуваме непрестајно и со Кое  се спасуваме. Инаку, може да се посети и да се влезе во било кој христијански храм, доколку нема православен храм, може и да се помолиме во него онака како што се молиме и надвор од храмот, но како православни не треба да земаме активно учество во обредите кои извршуваат таму за потребите на односната заедница.