Одговори на Вашите прашања

 

Одговара: отец Горан Стојчевски

 

Прашање од Гоца: Дали нашата вера и воедно црквата може да помогне и дали има молитви или било што за оние кои немаат спокој  во душата, мир, за нервозата а воедно и за стравовите т.е. фобиите?

 

Прашање од М.: Почитувани би сакала да знам бидејќи се уште доволно не сум упатена во верата , ме буни едно нешто со денови и денови , дали Бог е машко или женско ? Благодарам.

Одговор:

Во Христос е содржана севкупната човечка природа (и машкиот и женскиот пол) обновена и пресоздадена за вечност преку Неговото Воскресение кое е образ на нашето воскресение. 


Прашање од А.: Многу немирно и тешко спијам,сонувам кошмари и редовно во средина на секој месец на исто место на телото ми се појавуваат модринки,а не се имам удрено никаде. Инаку, јас сум верник, редовно се молам, одам во црква, постам и се причестувам. Ве молам да ми кажете што треба да направам, за да не ми случува погоре опишаното? Однапред Ви благодарам!

Одговор
Избор на духовен отец и исповед  и согласно неговите духовни упатства, насочување на духовниот живот кои до сега сте го имале!