Одговара: отец Горан Стојчевски

 

Прашање од: А. . Немаме деца 7 години.Ако може да објавите  молитва за испросување од Бога,  рожба?

 

Одговор:


Има молитва, и секогаш кога ве носи патот кон некој православен храм замолете некој од свештениците да ви ја прочита, но, секако потребно е  да се практикува духовниот живот во Црквата, пост, молитвено правило и исповед пред духовен отец (свештеник или свештеномонах) кој ќе ве раководи духовно, и се разбира, врз основа на тоа и редовно пристапување кон Светата Причест. Мислам доколку се потрудиме со духовен подвиг и силна вера Бог ќе ни подари она што го бара нашето срце, и најважно е да не ја изгубиме надежта.
Колку што е можно во текот на денот повторувајте ја кратката Исусова молитва, Господи Исусе Христе, Сине Божји помилуј ме мене грешниот/ата.