Одговори на Вашите прашања

Одговара: отец Горан Тасески

 


Прашање од Лидија : На кој датум се слави св.Лидија и зошто малку внимание се обрнува на светицата (или светиците, ако се повеке)и името,знаејки дека е првата покрстена европејка!

Одговор:

 Ви благодарам, критиката е сосема на место . св. Лидија се празнува на 16/03 април.
Добро е да се направи нешто поконкретно во тој поглед , јас колку можам ќе гледам да апелирам ако ништо друго барем  во календарот да биде означена со болдовани слова што асоцира дека празникот е од поголемо знаење, па да има света  Литургија во тој ден по храмовите 




Прашање од Стојан : Дали молитвата упатена без икона има полезност, односно, дали ќе биде услишена? Бидејќи скоро сите ние обичните верници имаме обичај да се молиме само пред осветена икона.

Одговор:
 Иконите ако може така да се рече, се врати и прозорци преку кој општиме  молитвено со жителите на Царството Небесно.
Гледајќи ги светите ликови се поттикнуваме на поусрдна молитва,  мирот Божји кој зрачи од овие благодатни извори ја разгорува љубовта и копнежот на човекот да се сретне  со Бога.
 Но треба да знаме и тоа дека ако нашето срце се скаменило од мноштвото непокаени гревови  а нашиот ум пак е исполнет со суетни помисли ,   тогаш и да стоиме пред икона за да се молиме ништо не ни користи, бидеќи устата зборува ,  срцето молци , а умот се занимава наместо со молитвата со суетни работи.
Од друга страна пак каде и да се наоѓаме, во висина, во длабочина, на места каде нема ниту икона ниту виделина ако нашето срце се кае за мноштвото наши гревови, умот пак мисли за тоа да се сретнеме со Господа, за да не помилува да ни прости да го послуша нашиот молитвен глас , тогаш несомнено таквата молитва ќе биде услишена, Господ ќе не утеши и ќе ни дарува се што просиме за спасение,

Амин!
Христос Воскресна