Одговара: отец Горан Тасески



Прашање од Благоја: Почнав да ја читам библијата , која  ми ја има  поклонето едно семество од евангелистичко -методистичката(протестанската е таа мислам црква) и сега сакам да знам дали помеѓу  протестанската и православната библија има разлика.. .за да знам дали да продолжам со читањето..
Однапред ви благодарам.

Одговор:
Најдобро е да си набавите Свето Писмо кое е издадено со благослов на православната црква. Светото Писмо во глобала е исто, но само една црта или запирка можат да наведат на погрешно толкување. Треба да се знае и тоа дека кога се чита Светото Писмо тоа треба да се прави со молитва за правилно расудување на прочитаното, и да се учестува на светите богослужби на православната црква,  како и да се присуствува на православна веронаука и да се прават консилтации со свештеник  кој ќе го следи вашиот худовен раст и ќе ви дава соодветни поуки.
Господ да ви дарува просветление на умот и срцето .

Христос Воскресна-