Одговара: отец Горан Тасески


Прашање од Ивана: Дали може да ми објасните што се молебени, и дали кај нас во Македонија, конкретно Скопје, се читаат молебени, или тоа е можно секаде на наше барање?
Благодарам

 

Одговор:
 Молебен е поусрдно молење кон Господа каде се молиме за избавување од некои неволји кои не снаоѓаат низ животот. Архиерејот може да донесе одлука за да се исполнуваат молебени по сите цркви за да се избавиме од некои невојли /пр.: суша, болести, земјотреси поплави ,оган, војни../
Во посебни случаи секако дека може да се договори со свештениците да се направи молебен за некои посебни конкретни потреби на верниците.

Христос Воскресна-