Одговара: отец Горан Тасески


Прашање од Владимир:
Зашто поголемиот дел од свештениците од МПЦ возат поскапи коли а бараат донации од граганите.Јас на пример немам воопшто кола, и дали е тоа фер.За мене едно религиозно лице не треба воопшто да има било каков контакт со надворешниот свет а не па уште да има луксуз.Така да цела ваша интеракција со надворешните граѓани на Македоније ви е глупава фарса. Нема поента??? Не сум видел досега една хуманитарна донација или било што од свештено лице за било каков трагичен настан, така да сте многу лош пример са хуманост па уште со колите паркирани прред соборниот харам на сите ни е јасно каде идат парите.А со тие сретства ќе се спасел некој чиовечки живот или ќе му се помогнело на некому. Најдобар примеер за тоа дека треба да се верува во Бога или не сте вие и баш ви благодарам на одговорот!!

Одговор:
Брате прашањево ти е ептем провокативно .
Јас со Божја помош ќе се обидам да ти ја предочам реалноста но не на таков начин како ти ги постави своите критики или прашања, сеедно.
Прво, дека црквата не помага тоа не е точно. Но треба да имате во предвид дека Црквата не може да делува на поле на материјалната помош ако оние кои повеќе имаат не ја помагаат црквата .

Така црквата помага колку има можност, но сепак помага . Тоа што вие не сте виделе по медиуми не значи дека такви активности нема од страна на Црквата. Прилозите кои ги оставаат  верниците пред се треба да се дадени од срце, оние кои се грижат за распределување на тие средства имаат одговорност пред Бога и пред надлежните органи на Цргвата каде полагаат отчет за сите приходи и расходи на храмот. Со приложените сретсва се покриваат повеќе потреби кои се прилично високи, на пример санација на храмот и негово одржување, трошоци за плати и придонеси за вработените при храмот како и оние во црковната управа, издвојување на средства за богословското школо и активности поврзани со ширење на верата и многу други работи.

Второ,свештениците или , поповите, не земаат плата од црковната каса, но живеат од парохијата од остварените молитвословија и свети тајни за кој имаат утврден таксеник по кој бидејќи се обично во свештеничко братство треба да се придржуваат затоа што приходите ги делат подеднакво, ако како братство проценат заради тешката економска состојба на некој од верниците тогаш треба да посочат како со личен пример така и со апел за да  на тој верник му се помогне.

Трето, колата е потребно сретство на секој парохиски свештеник бидејќи тој треба не да седи постојано  во црквата,  туку да оди и по својата парохија за да ги задоволува духовните потреби на верниците и да проповеда. Дека повеќето попови возат луксузни коли  не би рекол зошто таквите се поретки заради општата економска состојба, а дека треба да се има нова или во добра форма кола тоа секако дека на еден свештеник му е потребно. Денес секој кој работи и има просечна плата може да земе кола на кредит што е чест случај и кај поповите.
Јас лично имам застава 101 од 1991г. и се надевам дека во некое догледно време ќе бидам во можност да ја сменам затоа што е доста извозена и не е во најдобра форма. 

На крајот би ве советувал, немојте да судите, а ако поповите со својот личен пример не ви се баш  некој урнек за духовен живот тогаш подобро сетете се на Христовите зборови: ,,Слушајте ги што ви говогат /- проповедаат за Евангелието и за спасението/, а не и гледајте ги што прават, така ќе се спасите, а судот оставете го на Господа.


Поздрав - Христос Воскресна