4vek4.jpg

Одговор:

„Верувам Господи, помогни му на моето неверие..“, ( молитва  од Правосл.молитвеник) Слава му на Бога и на неговите светии што допреле до вашето срце. Да, како што веќе сте забележале корен на секој наш грев е гордоста. Од многу работи и пороци ќе се откажеме, но таа секогаш преминува од фаза во фаза, од степен во степен, и финалната битка со неа ни преостанува на крајот ;) Како што велат светите отци: послушанието претходи на молитвата, или послушанието е мајка на молитвата. На почетокот на духовниот живот Бог ни ја дава Неговата благодат која ни ги отвара очите, и ако ја искористиме за очистување на нашите гревови, ќе напредуваме од благодат во благодат. Но, ако премине од расудување во осудување и почнеме да ги осудуваме ближните, ќе тапкаме во место...
      Засега останете кај вашиот духовник и молете се за него. Дури и да не е во право, молете се и него, а воедно и за вашето семејство и не избрзувајте со одлуки. Во врска со Исусовата молитва навистина е потребен благослов, но не само тоа туку и духовник кој ќе не води по тој пат. Затоа, доколку сте свесни за тоа што сакате, што ви е потребно и кои се вашите слабости, молете се и Бог ќе ви го открие оној духовник кој е за вашето срце. А дотогаш може да набљудувате, и да барате. Бог да биде со сите нас... во сите дни на нашиот живот.