Прашање од Ивица Цветковски

 Дали дозволувањето некој да не искористува се смета за грев?

Го имам овој проблем одамна, никогаш не сум имал храброст во очи да им кажам на оние што претеруваат во барањето услуги од мене. На крајот дури и ми се потсмеваат и со некоја иронија ми говорат: „Ајде уште ова заврши го и не ти барам ништо. Ајде знам дека можеш ти, вреден и добар дечко си.” Имено во мене се собира гнев поради таа ситуација, и единствената помисла со која се тешам и смирувам е: „Ако, има Господ, ќе ги казни”
Можам да заклучам дека обостран грев има тука, и од моја и од нивна страна, и дека доколку не би го допуштил сето тоа нема ни во мене гнев да има, ниту тие пак ќе ме искористуваат. Дали сум во право?



Evpra.Vecerna.jpg


Одговор:


Најпривин треба да сме свесни дека страдањето ни е единствен пат кон спасението. Меѓутоа не смееме да си допуштаме да земаме подвизи над нашите сили. Доколку кај нас се јавува гнев, значи сеуште не сме подготвени за тој крст, барем не додека нашето срце не се смири. Но никогаш не смееме ниту сожалувајќи се себеси да си дозволиме да се  извлекуваме од нашите должности или можности да помогнеме. Пред се да се молиме на Господ да ни даде сила да успееме и закрепниме во доброто и да бидеме послушни на духовниот отец. И тоа ќе ни го врати мирот. А за другото, да се молиме едни за други. Тоа најмногу ќе ни помогне.

П.П/З.Д.