Прашање од Игор:

Ве молам да ми појасните за разликата помеѓу Стариот и Новиот Завет и кои се најважните молитви кои секој Христијанин би требало да ги знае?


Разликата помеѓу Стариот и Новиот Завет пред се се состои во тоа што Новиот Завет е исполнување на Стариот. Поради помраченоста на човечкиот разум и неможноста на човекот правилно да ги сфати вистините за Бога, Тој полека му ги откривал преку Стариот Завет и Законот кој бил воспитувач за Христа до исполнувањето на спасението на човечкиот род - со овоплотувањето на Спасителот. А откако Го примивме Духот, по Него сме должни и да постапуваме исполнувајќи ги заповедите на љубовта, кон Бога и кон ближните.

А за молитвите Православната Црква пропишува да се знаат  Цару Небесен, трисвето, Оче наш, Богородице Дево, Символот на верата.и по можност 50 псалм. А по благословот на духовникот да се практикува Исусовата молитва: Господи Исиусе Христе, Сине Божји помилуј ме грешниот.

Амин

 

Подготви: П.П./З.Д.