Прашање од Елизабета С.:

 Дали плаќаат децата за гревовите на своите предци, дали секој плаќа за своите гревови, и дали секој грев се простува ако се покаеш  до солзи...

Одговор:

 

Гревот покрај тоа што претставува престап, или беззаконие, тој го нагрдува Божјиот украс во човекот - слободната волја и подобието и не прави да робуваме на бесловесните страсти. И ако така го набљудуваме гревот од аспект на Божјата љубов кон човекот подобро ќе ги сфатиме епитимиите и „казните“ кои ни се испратени од Бога. Со секој сторен грев во душата човекова се случуваат драстични промени и тие не исчезнуваат без покајание. А, што е најжалосно колку човекот паѓа, толку помалку прибегнува кон покајание или се обраќа кон Бога. И токму затоа е потребно Божјото милосрдие кое никогаш не не остава да не отрезне малку. Значи, епитимијата не е задоволување на Божјата правда, туку подавање рака одозгора, кога најмногу ни е потребно... А од тука произлегува дека се што се случува се случува по Божјата промисла за нашето спасение, вклучувајќи ги и казните. Но, пред Бога ќе одговараме само за гревовите што сами сме ги направиле, за да се очистиме.
Кога сме пак кај простувањето светите отци велат дека на човекот што би се покаал би му се простила дури и хула против Светиот Дух. Но токму непокајанието е хула на Светиот Дух и токму затоа не може да се прости, затоа што не,а преумување. Светите Ефрем и Исак Сирин доста пишувале за покајанието и неслучајно Светата Црква секогаш ги препорачува за омекнување на срцето... По нивните молитви Бог да не помилува. Амин!

Подготви: П.П./З.Д.

Друго:

Premin57.jpg

отец Григориј Јакимов - ТАЈНАТА НА ПОКАЈАНИЕТО