Име: Рената Ристеска

Прашање: Почитувани,

Би сакала да знам повеке за значењето на еден богослужбен чин. На големиот празник Иванден - Раѓањето  на пресветиот Јован Крстител, бев во манастирот Св. Јован Бигорски. Немам  зборови за она што очите го видоа и душата го дозивеа таму. Вечерта, во понеделникот наспроти вторник, имаше целовечерно бдение во црквата. Пред крај на службата, се случи чинот. Со посебен чин, владиката Тимотеј, ги отворија светите мошти во црквата, а потоа ние сите присутни целивавме три посебни предмети, како во кутија, кои тројца свестеници ги држеа, при што добивме и благослов од владиката.Не знам што предмети се тие, кое е нивното значење, не го знам значењето на чинот, а сакам да знам , затоа што посебно допре до мене.

Благодарам

Секое добро и Бог да е со вас.

Одговор:
Bigorci.Moshti.jpg
„Точно, на Хвалитните стихири излезе о.Партениј и ги отвори моштите (кивотот=кутијата, ковчегот) и зеде мазалка со масло од кандилото пред чудотворната икона.
Од олтарот излегоа: отец Доситеј, о.Макариј и о.Игор секој држејќи ковчеже со мошти, отец Доситеј со св.Стефан, о.Макариј со мостите на св.Агатангел Битолски, а о.Игор со св.Јован Руски. “ - о. Доситеј


За светите мошти и реликвии


 Вие сте Телото Христово, а поодделно членови (1 Кор. 12, 27)... Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината. Постоеше вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек што доаѓа во светов (Јн. 1, 8 – 9).


 Создавајќи го Бог човекот го создал и обдарил да биде по образ Божји, да расте од сила во сила, од благодат во благодат... И бидејќи тој паднал, Бог пак не отстапил од него, туку не престанал сè да прави додека не го извел на Небо Свое идно не му го дарувал. А тоа го направил соединувајќи се потполно со неговата, нашата природа, та станувајќи човек нас да нè направи богови по благодат. Таа благодат не ни се дава по наша заслуга, или заради делата кои ги вршиме... Само поради Својата љубов, и нашата која треба да ја возвратиме, да ја прифатиме Неговата. А кога човекот очистувајќи го срцето свое од страстите доволно за да го ослободи, да може да ја прифати таа Божја љубов, тогаш Бог се вселува во него и човековото јас целосно согорува во тој божествен оган на љубовта, и се исполнуваат зборовите на апостол Павле каде што вели: и веќе не живеам јас, но Христос живее во мене. О, колку се големи овие зборови на апостолот. Кога човекот би бил само свесен кого го прима во себе и што станува со него...  Преподобниот старец Силуан, познат како старец кој најмногу зборувал за љубовта Божја, уживајќи ја, вели дека кога човекот потполно ќе го возљуби Бог и се соедини со Него, тогаш и неговото тело нема да остане рамнодушно на тој Божествен чин. Примајќи ја таа несоздадена благодат која ја дава единствено Бог, човековото тело станува туѓо на распадливоста. Најчесто Бог, ги прославува своите светии со тоа што телото останува нераспаднато, или се излева скапоцено миро од нивните мошти (остатоци), преку пак кои се случуваат безброј исцелувања и чуда по потреба на луѓето за нивно спасение. Меѓутоа, тоа е само плод на нивниот живот во Христа, и самите чуда кои се случуваат пред сè се за неверните, за оние кои не веруваат да поверуваат, а останатите да се утврдиме во верата. Зашто ако живееме во Бога и Бог во нас за нас ќе нема чуда, зашто за Бога сè е возможно... Би го живееле Царството Божјо на земјата, како што и е предвидено.
 Нека Бог по молитвите на Пресвета Богородица, и на сите негови светии ни подари и нам да Го сакаме и живееме во Него, за еден ден да застанеме од Неговата десна страна во Царството Небесно. Амин!

Подготви: З.Д.