Одговор:

Почитуван Златко,

Најголемиот христијански празник, Воскресението Христово, вообичаено се прославува во сите храмови на МПЦ, меѓутоа, поради повеќе причини се случуваат и отстапки.

Св. Илија е нов  и сеууште недоизграден храм, па секој дар од верниот народ е добредојден. Скопска епархија има големо разбирање за потребите на верниците, и веројатно доколку се обратите до нив, ќе ви излезат во пресрет во решавањето на вашите потреби.  За конкретното прашање, најдобро е да им се обратите лично во Архиепископија во Скопје, како би можеле да ги усогласите духовните потреби на луѓето од вашата населба , со конкретните можности на епархијата.