Трајан Масев

 


 
Македонскиот манастир посветен на Св. Прохор Пчински - Мелбурн
 


Во март месец бев во куса посета на Австралија во градот Мелбурн на гости кај мои блиски. Во разгледувањето на убавините на овој град со својата прекрасна околина, моите домаќини ме однесоа и во месноста Дониброк (Donnybrook), што се наоѓа во непосредна близина на Мелбурнг каде што тече изградбата на Македонскиот Православен манастир Св. Прохор Пчински.


Инаку, ова познато излетничко место на кое Македонците и другите жители од ова подрачје со години го користат за пикнинг и други семејни и верски обележја во поминување на убави пријатни моменти на другарување и прошетки, од минатата година е во сопственост на Македонската Православна Црква.


Уште на самиот влез на посетителот во очи му паѓа поставената голема информативна табла на која, на англиски јазик, пишува дека е во тек изградба на Македонскиот Православен манастир Св. Прохор Пчински.

    

Градењето на Манастирот, према зборовите на Игумен отец Гаврил, започнало веднаш по осветувањето на камен темелникот на 09.09.2006 година и оттогаш па наваму работите се одвиваат непречено.  Према планот и програмата за изградба, се предвидува објектот целосно да биде завршен за две години. 


- Манастирот ќе биде епископско седиште граден според нашиот убав стар традиционален македонски стил со конаци и придружни објекти, вели Игумен отец Гаврил.  Инаку, паралелно со изградбата  сите верски обичаи и семејни потреби редовно се извршуваат во привремената мала Црква изградена во манастирското место. 

Секоја прва сабота во месецот се одржуваат општи трибини - веронаука, секоја сабота, недела и празници се одржуваат редовни служби - Lитургии, а во рамките на манастирот работи и хорот составен претежно од млади луге.  Хорското пеење, поради слабото познавање на македонскиот јазик кај помладата генерација, се пее на англиски и македонски јазик.  Во богатиот организиран манастирски живот се опфатени и младите кои секоја среда се собираат и членовите од Младинската организација МОЈА (MOYA).

Кога го посетивме ова македонско светилиште, и ако денот беше обичен, Македонците со своите автомобили доваѓаат, ја следат редовната утринска служба, си палат свеќи за здравје, а потоа прават и прошетки низ пространото манастирско двориште во кое спокојно си шетаат пауните.  Оние кои веќе подолго време се спријателиле со „разговорливите“ папагали во големиот кавез, разменуваат и по некој збор на аглиски.  Најповеке околу нив се задржуваат децата во обид да чујат што повеке зборови од овие говорливи птици.  Во непосредна близина, посетителите се освежуваат и со природната минерална вода од поставената рачна пумпа, а потоа, по обиколката на прекрасното пространо двориште со придружни спортски објекти и детски игралишта, отседнуваат во малата гостоприемница каде што од љубезниот и гостопримлив персонал, поминувајќи во пријатни мигови на разговор, беспрекорно се услужуваат.  Граќаните-посетители на овој македонски верски бисер, кои од срце и душа подаруваат доброволни парични прилози, помагајќи ја со тоа изградбата на Манастирот, грижливо се  запишуваат и за секој подарен долар добиваат белешка од персоналот на Манастирот.  Покрај паричната помош, нашите граѓани учествуваат и со доброволна работна сила.  Убав впечаток ми остави еден македонски брачен пар кои со гордост на Игумен отец Гаврил му го подарија Евангелието дело на нивниот син  кој во Мелбурн работи како дизајнер.  Нивната животна приказна , за која со интерес и внимание ни ја раскажуваа, обилуваше со маки, среќа и непресушна желба синот, кој моментално со другарите се наоѓал во Париз, да се ожени и да направат убава голема и незаборавна свадба.  Им посакавме желбата да им се оствари и да се венчаат во новиот  Македонски Православен Манастир посветен на Св. Прохор Пчински, и со убави мисли и желби ја завршивме и нашата прва посета на ова убаво македонско верско катче сместено од другата страна на земјината топка десетици илјади километри оддалечено од Татковината.  Македонската Православна Црква своите чеда, било каде и да се, не ги заборава.

 

 
Фотографии и текст: Трајан Масев - Гетеборг, Шведска


 

На 13.о3.2007  се обавиа последните завршни работи околу поставувањето на темелите.




 
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА-ЕПАРХИЈА ЗА АВСТРАЛИЈА И НОВ ЗЕЛАНД


Фотографии:
 
- Копање темели за Манастирот Св. Прохор Пчински

- Информативна табла поставена на влезот на објектот


- завршни работи со поставувањето на темелите.


- Цртежите по кои се гради Манастирот Св. Прохор Пчински.

  Посети: {moshits}