логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Н. А. Берѓаев

Живееме во универзалистичка епоха, во епоха на светските обединувања – на религиозни, културни, интелектуални, економски, политички обединувања. Светските организации, конгреси, собири, разни меѓународни средби, се симптоми на таа насекаде присутна волја кон зближување и кон обединување. Сето тоа започна по крвавиот раздор предизвикан со светската војна. Светот сè уште го потресуваат силните националистички страсти. Гревот и болестите на национализмот сè уште ги деформираат христијанските исповедања. Ужасот на можноста од нова војна сè уште ги мачи европските народи. Но, никогаш не владеел таков копнеж по единството, таква жед за совладување на партикуларизмот и на подвоеноста. Оваа светска тенденција се забележува и во животот на христијанската црква. За христијанската свест екуменското прашање станало прашање на денот. Христијанскиот Исток излегува од состојбата на вековна затвореност, а христијанскиот Запад како да престанува себеси да се смета за единствен носител на вистината. Многу се пишува и се зборува за соединување на разделените делови на христијанскиот свет, за соединување на Црквата. Почнува силно да се спознава дека поделбиде и раздорот внатре во христијанството претставуваат голема соблазан пред лицето на нехристијанскиот и на антихристијанскиот свет. Но, постојат ли благопријатни психолошки претпоставки за зближување и за соединување? Тоа е првото прашање коешто треба да го поставиме. Прашањето за премостувањето на поделбата, за вселенското единство на христијанското човештво не треба многу да ги загрижува оние православни, католици и протестанти кои чувствуваат совршена самодоволност од својата конфесија, кои во неа ја гледаат полнотата на вистината и ја сметаат за единствена конфесија во која верно е зачувано христијанското откровение. Потребно е човек да почувствува неспокој и незадоволство, да ги спознае историските гревови на својата конфесија, да ја почувствува неполнотата и потребата од исполнетост, за да се загрее за екуменско движење. Нужно е да се почувствува настапувањето на новата светска епоха, да се спознаат новите задачи што стојат пред христијанството, за да се надвладее провинцијализмот на конфесијата. Екуменскиот проблем не постои за сите христијани, и многумина овој проблем го сметаат за лажен. Самото поставување на проблемот претпоставува постоење не само на личниот грев, туку и на гревот на црквата, се разбира, во неговиот човечки аспект. Екуменскиот проблем не е само проблем на христијанското единство, туку и проблем на христијанската полнота. Но, кон полнота се стреми само оној што ја спознава, кој има потреба од исполнетост. Сè уште има многу христијани на кои нивниот провинцијалски светоглед им е и вселенски светоглед. Екуменското прашање особено им е тешко и сложено на католиците. На католиците официјално им е забрането да учествуваат во екуменското движење, тие не испраќаат свои претставници на конгреси и на собири. Одделни католици го поддржуваат движењето, учествуваат во приватни интерконфесионални кружоци и собранија. Но католичката црква има свој со векови разработуван однос спрема светското обединување, и католичката психологија им се спротиставува на новите движења за таквото обединување. Вселенското единство католичката црква го признава за своја основна карактеристика, којашто изворно постои во неа, и од него го изведува и своето име. На оние што копнеат по светското единство католичката црква им вели: дојдете при нас, и неспокојството ќе исчезне, зашто ние го имаме тоа што го барате. Екуменското движење за католичката црква едноставно е движење за соединување со католичката црква. Католичката свест го смета за природно неспокојството и незадоволството присутно кај шизматиците што се одвоиле од вселенската црква, но не им го дозволува на католиците коишто се во крилото на црквата, коишто ги познаваат полнотата и единството. Постојат, секако, и католици коишто ги измачува раздвоеноста на христијанскиот свет и коишто покажуваат неспокој, но тие не ја определуваат католичката политика во однос на екуменскиот проблем. Католиците под соединување на црквите го подразбираат присоединувањето кон католичката црква. Но и православните под соединување на црквите подразбираат присоединување кон православната црква. Силно експонираните протестанти, коишто во католичката и во православната црква гледаат пагански и магиски елементи, го очекуваат личното преминување во црквата на Словото Божјо. Така, школата на Карл Берт, најинтересната струја во религиозната мисла на современа Европа, е рамнодушна спрема него. Причината за тоа е нејзиниот протестантски патос, нејзиното враќање кон изворите на реформацијата. Но поголемиот дел од протестантите, особено од англосаксонскиот свет, е настроен поинаку. Екуменското движење се родило во рамките на протестантизмот. Ако за православните и за католиците самиот термин „соединување на црквите“ е неточен и двосмислен, зашто тие веруваат во една видлива црква, за протестантите, пак, овој термин е нормален, зашто тие веруваат во една невидлива црква, додека видливи цркви може да има многу –колку што има христијански заедници. За православните, учествувањето во екуменското движење е полесно отколку за католиците (тие се многу послободни од католиците), но потешко отколку за протестантите, зашто и за православните постои единство на видливата црква со  догмите и со таинствата.

Најважно од сè е да се спознае дека црквата е богочовечки процес, заемно дејство на Божеството и на човештвото. Во историјата на црквата не дејствува само Бог, туку и човек. Во животот на црквата човекот ги внесува како својата позитивна творечка активност, така и негативната активност, активност што искривува. Човекот го оставил својот печат во историјата на сите цркви и на сите конфесии, и тој секогаш е склон да го смета својот сопствен печат за Божествен печат. Зад преданието, зад традицијата, не само православната и католичката, туку и протестантската – зашто постои и протестантска традиција – секогаш се крие човечка активност. И таа човечка активност не само што го развивала тоа што, како семе, било положено во Божественото Откровение, туку често самата го заменувала Божественото Откровение. Така, постојано и паралелно во историјата на црквата Евангелието било прекриено и пригушено со човековото предание. Премногу често на новото човеково творешто се спротиставувало не само Божественото Откровение, туку и веќе закоравените резултати на старото човеково творештво. Човековото творештво и активноста од минатото понекогаш пројавуваат инерција којашто им пречи на човековото творештво и активноста од сегашноста Ова постојано го гледаме и во историјата на христијанството. Потребата од зачувување на преданието на татковците и на дедовците често претставува неверување на татковците и на дедовците, коишто во своето време твореле нешто ново. Живото предание не само што се зачувува, туку и понатаму се твори. Во религиозниот живот ништо не може да се разбере ако не се има на ум дека дека откровението е двочлено и дека претпоставува Бог Кој не само што Самиот се открива, туку и го прима откровението на човекот. Човекот во восприемањето на откровението не може да биде подобен на камен или на парче дрво, тој е активен. Кога човекот го слуша Словото Божјо, тој не може да биде пасивен, тој секогаш има творечка реакција во самото слушање, секогаш постои активно осмислување на оној што слуша. Восприемањето на откровението веќе претставува и одговор на него. Затоа и елементот на божественото и елементот на човечкото во животот на црквата, во христијанската историја се толку многу помешани што многу тешко може да се разликуваат и да се разделат. Апсолутна гаранција за чистотата на божествениот елемент, којшто не е усложнет со човечкиот елемент и не е изменет со него, речиси и не постои. Таквата гаранција би претставувала ограничување на човековата слобода. Католиците ги бараат таквите гаранции во непогрешливиот авторитет на папата, протестантите – во автортитетот на Светото Писмо, православните – во соборноста и во Црковното предание. Но во тие барања гаранциите не излегуваат од порочниот круг, зашто авторитетот на папата постои само дотогаш, додека верата на католиците – вера човечка – му го дава таквиот авторитет на папата, зашто самото Свето Писмо, словото  Божо, минува низ човечкио телемент, изскажано е на човечки јазик и ни е пренесено преку Црковното Предание, зашто соборноста на црквата претпоставува човекова слобода, и надвор од таа слобода самото предание не постои. Учењето на Хомјаков за соборноста ја има таа предност што во него свесно во центарот е поставена идејата за слободата, а не идејата за авторитетот. А Достоевски идејата за авторитетот дури ја сметал за антихристова соблазан.

Прашањето е сложено затоа што сета изопаченост, искривеност и гревовност во црковниот живот произлегува од човечкиот елемент, но од него произлегува и сето она што е творечко, што обогатува и што развива. Човековата активност на минатото, човековото предание често го попречуваат разрешувањето на задачите, поставени во нашата епоха, но тие задачи може да бидат решени само со нова човечка активност, само со создавање на ново предание. Човечкиот елемент, со своите активни реакции, го индивидуалзира христијанското откровение, го преточува во национални типови на мислење и национални типови култура, се соединува и сраснува со национално-политички форми. Вселенската вистина на христијанството се восприема на различни начини и дава различни типови христијанство на Исток и на Запад, во латинскиот, германскиот или англо-саксонскиот свет. Не ни е познат тип на христијанство што не е човечки индивидуализиран. Оваа индивидуализација, сама по себе, претставува позитивно обогатување. Гревот на човекот не е самата индивидуализација, туку раздвојување и омраза. Доколку не би постоела поделбата на црквата, сепак би постоела огромна разлика меѓу источен и западен тип христијанство. Оваа разлика била огромна меѓу источната и западната патристиката, кога црквата уште била единствена. Доколку Индија и Кина би станале христијански земји, во нив би се создал нов индивидуализиран тип христијанство, различен од источното православие, од западниот католицизам и протестантизам. Вие нема да ги убедите индусите или кинезите, коишто станале христијани, дека античката грчко-римска култура, со Платон, Аристотел и со стоиците, е нужен составен дел од христијанското откровение. Кај нив владеела сосема поинаква мудрост, тие имале свои големи философи, и тие и понатаму би им биле поблиски одошто Платон или Аристотел. Ова треба да се поврзе со човечкиот, а не со божествениот елемент. Нашето христијанство до скоро било речиси исклучиво христијанство на народите на средоземноморската, грчко-римска култура. Таква била човечката почва којашто го примила христијанството. Навистина, таа почва се формирала во елинската епоха, којашто била универзалистичка, но тоа сепак била грчко-римска култура усложнена со источни влијанија. На Исток се јавила, главно, грчката култура, на Запад – латинската. На едните влијаел, главно, Платон и неоплатонизмот, на другите – Аристотел и стоиците. Но ако веруваме во апсолутноста на христијанството, тогаш не можеме да го сметаме за средоземноморска, грчко-римска религија. Нужно е да се разликува христијанското откровение од типовите на мислење во кои тоа влегло. Ниту една конфесија не ја воочува доволно таа разлика. Ако Аристотел го направиле нераскинлив дел од христијанското откровение, ако томистите сметаат дека исповедањето на философијата на Аристотел е неопходен услов за правилно восприемање на откровението, тоа значи дека човечкото-партикуларното е прифатено за божествено-универзално. Човечкиот елемент, човечката стихија, го преобразува апсолутното христијанско откровение во конфесии во кои вселенското единство се ограничува. Несомнено, народите, цивилизациите и конфесиите имаат свои специјални дарови и мисии. Но спознанието на тие дарови и мисии не смее да го парализира спознанието за вселенското единство. Националните и цивилизациските типови, карактерот на мислењето и различните формулации доведуваат до поголеми раздвојувања отколку самите религиозни реалности и самата вистина на откровението, од самиот духовен живот.  



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5834
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6646
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6442
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5630
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная