7.Vselenski.sobor

Зошто празнуваме Нова Година ноќта 31 декември и 1 јануари? Дали нешто би се променило ако ја празнуваме неа од 28 на 29 август?

Во суштина ништо нема да се промени и можно е бирократски да кажеме дека тоа е само календар и всушност нема ништо посебно во тоа.
Но, погледнете што се случува во светот.

Луѓето од сиот свет се трудат да бидат добри еден кон друг. Се трудат да си разменат еден кон друг пријатни подароци, вкусно да се нагостат, да си кажат најубави зборови исполнети со љубов и грижа. Луѓето си посакуваат меѓусебно среќа и се надеваат на чудо токму во Новата Година. Нашите срца сепак чувствуваат нешто повеќе во тој празник. Затоа што и нашите молитви со вашите во овој храм и чувството на милијарди луѓе ширум светот во оваа новогодишна ноќ се слични на молитвата. Луѓето со надеж се обраќаат кон "непознатиот Бог", барајќи радост и среќа, љубов и чудо. За нас тоа не е ново, зашто во Црквата тоа е сé. За нас секој ден е ново " лето Господово благопријатно".

И не е случајно што овие новогодишни чувства се појавуваат веднаш до претстојниот Божик.
Еве ја вистинската надеж!
Еве го вистинското чудо!
Ова е навистина ново за целиот свет и човештвото, зашто во светот ќе дојде нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

- од проповедта на Митрополит Псковски и Порховски Тихон (Шевкунов) за новогодишната ноќ 2020 год.

 

Подготви.

Снежана Корнет