ТАЈНОТО ПРЕСТОЈУВАЛИШТЕ НА СРЦЕТО

Обично се жалиме, аргументирајќи дека на нашиот пат кон спасението се чувствуваме неудобно поради оние кои нé опкружуваат и поради неповолните околности со кои мораме да се соочиме, закучувајќи дека е невозможно да се најде некое тивко место за да се скриеме од празнината што ја има насекаде. Во такви ситуации забораваме дека во нас постои ‘‘едно скриено и мирно катче во срцето’’ (1. Петар 3:4). Забораваме дека е толку длабока комората на нашето срце, што би можеле да се сокриеме во неа од сета баналност и од било каква надворешна бура. Треба да се навикнеме да размислуваме постојано на Бог, да го задржиме во нашите срца стравот од Бога во Неговата Семоќност и Неговата Правда и да се потсетуваме на Страшниот Суд и нашата гревовна нечистотија. И “со страв Божји и вера’’, да влеземе колку е можно подлабоко во нашето срце.

Колку посилни се бурите кои се креваат против нас и збунетоста што ни ја испраќа злото и колку повисоки се горчливите и мрачни бранови “на морето на животот’’, толку повеќе треба да побрзаме да влеземе во длабокото престојувалиште на нашето срце. Од таму треба да издгнеме една молитва кон нашиот Господ и Спасител, Кој направи Својот народ да го премине морето со ‘‘суви нозе’’.

Можат да бидат наречени комори на срцето (Јован 14:2): искреното покајание кое станува сé подлабоко и подлабоко во посветеноста на волјата Божја и нашата искреност во молитвата што секогаш е наша порта кон самозаштита на секој од нас. Можеме да ја додадеме длабоката молитва во срцето, напуштајќи се кон волјата Божја.

~ Јеромонах Петар Серегин

извор: https://doxologia.org/es/palabras-de-espiritualidad/la-morada-secreta-del-corazon

 

Подготви:

Snežana Cornet