„Страстите се болест на душевните сили, како и нивна злоупотреба, кои преку навиката станале наша втора природа. Со наш труд и со помош на Божјата благодат, страстите треба да се преобразат во добродетели, та сите наши душевни сили да дејствуваат здраво – согласно Божјата волја. За ова е потребен духовен подвиг во Црквата, под вистинско духовно водство.

Страстите се примамливи затоа што нѐ мотивира чувството на гревовна сладост што се случува при нивното задоволување. Задоволувањето на страстите предизвикува гревовна сладост, без оглед на тоа дали се работи за умствена, за душевна или за телесна гревовна сладост. Но, по гревовната сладост следува и отрезнувачка болка – телесна и душевна.“ - дедо Наум

 

 

Избор од фб профил на

Monika Nikolova