Никогаш не ја оставај молитвата, под изговор дека си болен или изнемоштен. Кога се наоѓаш во недоумица поради нешто, направи три поклони и кажи:

”Господи, Ти гледаш, Милостив, душата моја се двоуми, и се плашам да не погрешам. Вразуми ме, Господи!”
И првото што ќе ти се појави во душата после молитвата, прифати го како укажување од горе.

Откако ќе завршите со утринските и вечерните молитви навикнувајте се со усрдност да поминете неколку мигови во безмолвие(тихување), очекувајќи во вашето срце одговор, вразумување. Тие неколку моменти можат многу да ве научат. Тоа ќе ја зголеми вашата постојана молитва и одрекувањето од својата волја, а исто така ќе ја зголеми желбата за придобивање на Светиот Дух.

За време на секојдневните разговори, треба да ја одржуваме молитвата во срцето, и да имаме постојано на ум дека Он, нашиот Отец Небесен, се наоѓа до нас и не набљудува. Никогаш не треба да заборавиме на Божјата сеприсутност. Без молитвата човекот не живее туку умира, и покрај тоа што не забележува. Кога сте на молитва не се брзајте. Секој нејзин збор е свет и не приближува кон Бога.

од книгата:
,,Господи Ти си мојот живот"

 

   Зошто нашата искрена молитва, која ја принесуваме едни за други, има толку голема сила?

Затоа што за време на молитвата, јас се соединувам со Бога, станувам еден дух со Него, а оние за кои се молам со голема вера и љубов, ги соединувам со себе, и на тој начин, Светиот Дух кој дејствува во мене, истовремено дејствува и во нив, бидејќи Тој исполнува се. Доколку за некоја кавга со некого сметаш дека си во право, и тогаш прв барај помирување.

Старец Сава Псково-Печерски

 

   Во моментите на голема омраза и злоба во вашите домови, молете и се на Мајката Божја. Таа како Себлага и Семоќна, најумешно од сите, може да ги смири срцата човечки. Мирот и љубовта потекнуваат од Единиот Бог, од неговиот Источник, а нашата Владичица е Едно со Бога, и како Мајка на Христа, ревнува и се моли за сиот свет, а најмногу за христијаните.

Пристапувајќи на молитва кон Мајката Божја, пред молитвата биди цврсто уверен, дека нема да си отидеш од Неа, без да добиеш милост.

Достојно и праведно е така да мислиме, и така да се надеваме на Неа. Таа е семилостива Мајка на семилостивиот Бог, и за Нејзините неисцрпни и безбројни милости, објавува Црквата Христова низ вековите. Таа навистина е “Бездна на добрината и милосрдието”, како што се пее за Неа во канонот”Одигитрија”.

Старец Сава Псково-Печерски

од книгата:
,,Господи Ти си мојот живот"

 

 Избор од ФБ профил на: Библиотека св.Гаврил Лесновски