Средба на Атандсиј Андреевич со отец Всеволод
Орел, 1922 година

Во Воведенскиот женски манастир имаше млад свештеник отец Ковригин Всеволод. Беше човек високо образован. Завршил медицински факултет на Ленинградскиот универзитет.
Ние кај него одевме на часови по веронаука. Отец Всеволод зборуваше многу и за неговиот живот. Еднаш нам ни ја откри причината поради која станал свештеник: двајца негови школски другари го завршиле животот со самоубиство, оставајќи по својата смрт писма, во кои кажуваа дека не ја нашле смислата на животот.
- А, јас, ете, ја најдов смислата во Бог, - рече отец Всеволод. Еднаш, кога дојдовме во храмот на час по веронаука, дојде и Атанасиј Андреевич. Кога го виде отецот Всеволод, рече:
- Ова е старец Арсениј.
Кога отец Всеволод му пристапи, средбата беше многу радосна: двајцата се радуваа еден на друг, се прегрнаа и се целиваа и почнаа да зборуваат, но во што се содржеше разговорот - тешко кој може да разбере: зборовите како да се руски, а што зборуват - не е јасно.
Кога Атанасиј Андреевич замина, го запрашавме отец Всеволод каков човек е Атанасиј Андреевич, и зошто ние не го разбираме. Отец Всеволод одговори:
- Вие сега не го разбирате, но треба да го слушате, тој е слуга Божји.

За облеката и предметите на Атанасиј Андреевич

Кој ги читал житијата на светиите, знае дека облеката и предметите на светителите лечеле болести со еден допир.
Облеката на Атанасиј Андреевича, исто така и предметите, кој ги држел во раце, имале сила и делувале посебно на оние луѓе кои биле опседнати од нечисти духови.
Еднаш добив разгледница од Атанасиј Андреевич, на која беа два каранфила. Разгледницата не беше потпишана, а пликото го имаше потпишано старателката на старецот, така што не знаев дали старецот ја имал таа разгледница во рака. Решив да проверам. Имав познаничка, Људмила, која беше опседната со нечист дух. А, работеше во трафиката „Сојузштампе" на железничката станица. Решив кај неа да ја „проверам" разгледницата. Дојдов додека работеше и ја покажав разгледницата. Кога ја запрашав дали има иста таква без да се посомнева, ми ја зеде разгледницата од рака за да ја погледне. Одеднаш и се слоши. Сета се стресе, некако чудно затепка, се наежи и се сокри под тезгата, и стана тешко. Таа брзо отиде во тоалет, оставајќи ме мене пред трафиката. После пола час се врати бледа, па рече:
- Каква разгледница ми даде? Така исповратив се, што си помислив дека се однатре ќе ми испадне.
Тогаш и кажав дека разгледницата ја добив од Атанасиј Андреевич, но не бев сигурна дали старецот ја држел во рацете.
Сите предмети кои беа во рацете на Атанасиј Андреевич имаа благотворна сила.

 

 

 

ЈУРОДИВОСТ

Јуродивоста на Светите заради Христа се состои во тоа што подвижниците, останувале да живеат помеѓу луѓето, се труделе да се ослободат од обичаите и условите на средината, во потполност занемарувајќи ги интересите на животот и правилата, и невидливо за другите се предавале на духовниот живот.
Гледано од страна, животот на таквите подвижници изгледал чуден, несфатлив, се противел на се, со што тие доаѓале во допир. Животот на јуродивите е најтежок христијански подвиг. Да се одречеш од сиот имот, удобноста и животната наслада, ослободен од поврзаноста за земното, немајќи одредено место на живеење и подложувајќи се на разни случаи на бездомно живеење, тие како да се дојденци од некој друг свет. Храната, облеката, местото на живеење, за нив како да не претставувале суштинска потреба.
Јуродивоста заради Христа - тоа е доброволно, постојано мачеништво, постојана борба против себе, против светот и злото. Не срамејќи се секому да му ја кажат вистината во лице, јуродивите со своите зборови или необични дела и постапки, сурово ги разобличувале и им нанесувале пораз на неправедните и грешните, често и на насилните луѓе од овој свет, а понекогаш ги тешеле и радувале побожните луѓе. Порочните ги поправале, спасувале и враќале на патот на вистината и доброто.


„... нека биде луд за да биде мудар.
Бидејќи мудроста на овој свет е лудост пред Бога".

 

Издавач:

„СВ.ЃОРЃИ ПОЛОШКИ“, Велес 2016

Главен и одговорен уредник:

Митрополит Повардарски г. Агатангел

13.09.2018 лето Господово