отец Арсениј Папачок
ЗА СТРАДАЊЕТО

Идеологиите на другите вероисповеди се разликуваат од христијанството по тоа што тие сакаат да го избегнат страдањето. Во Православието, пак, само преку страдање се спасуваш од страдање. Значи, светот не може да биде спасен на друг начин освен преку жртва.

    Од сѐ срце Му благодарам на Бог што ми даде крст. Вака раз-мислував: „Бев вистинољубив во животот, но тоа не е доволно; мора да се распнеш себеси!“ И многупати реков: „Треба да умираш и да воскреснуваш секој ден! Ако не знаеш како да умреш, не надевај се на воскресение!“

    Христијанското разбирање на спасението е токму ова: страдање, но не како впрегнување во колата на гонителите или нешто слично. Меѓутоа, ако ја браниме вистината, несомнено ќе почнеме да страдаме колку што ја браниме, бидејќи постојат цела редица пое-динци, како што покажала историјата на секоја доба, кои знаат како да прогонуваат, да се прослават со безмилосното жртвување на другите.

    Таму каде што Христос не е присутен, таму има лажно смире-ние. Најзлобното нешто од коешто треба да се очистиме е гордоста. „Сакам луѓето добро да зборуваат за мене, а не да ме озборуваат!“ Ова не е важно. Мора постојано да размислуваме за Божјото мислење за нас, не за световното, бидејќи ова им ги скастрило крилјата на мно-гумина великани. Луѓето мора да разберат дека спасението е невоз-можно без крстот. Страдањето е дар од Бог... човекот бега од стра-дањето како кукавица. Не велам дека треба да бараш страдање, но ако те снашло, порази го!

    Потребно е во себе да имаме внатрешен мир, срдечна радост, во кои може да престојува непрестајната молитва. Состојба на радост, ослободена од животните проблеми. На кој било начин да се тру-диме да бидеме во таа состојба, затоа што со тагата ние сме „инку-батор“ на ѓаволски јајца. Треба да бидеме ослободени од неприрод-ното. Ако човекот не умира во духовниот подвиг, ако не го подига знамето на вистинската вера, тогаш целото создание страда. Ние жи-вееме во тесна меѓусебна врска, бидејќи целото Божјо создание е едно. Ако се одделиме од тоа сеопшто единство, тогаш се уништуваме самите себеси. Затоа, препорачувам духовно да се подвизуваме.

    Убаво исповедајте се. Сфатете дека тоа е Тајна, која нѐ спа-сува. Бидејќи „што ќе разрешите и Јас ќе разрешам!“ (Мт. 16, 19). Тајната е вте-мелена во Светото Писмо, и точка! И гревовите повеќе нема да ти бидат спомнати ниту на Последниот суд ниту на митарствата. Значи, готово е!

    Литургијата не е човечко дело, мил мој, ниту ангелско, таа е непосредно Божествена! Бидејќи, не можеш ти да претвораш; Тој е Оној, Кој Е! И ако би било можно да се отворат небесата, па дури и покривот над олтарот, ниту на небото не би можел да видиш повеќе Светлина и таков поредок како оној што го има во светиот олтар, ниту толку ангели, бидејќи со нас е Христос. Ние дури имаме и една мо-литва кога го правиме входот: „И направи, Господи, нашиот вход да биде вход и на светите Твои ангели, кои служат со нас!“ Значи, свештеникот има власт, затоа што тие се таму, мноштво ангели! Тоа е Христос!

    Моли се смирено за да Го доведеш Господ во срцето и не вознесувај се со умот, и не талкај во височините, бидејќи подобро е да бидеш ништо отколку херој на кој било друг, освен на Христос.

    Без смирение нема никаква надеж за спасение. „Ако во твоето срце нема кротост, тогаш знај дека има некакво високоумие.“ Неопходно е да се сфати дека Бог многу малку бара од нас за да го здо-биеме Неговото наследство. Кротост, кротост и уште еднаш – кротост!

    Ако ја сведочиш вистината, ќе тече крв.

    Во животот ништо повеќе не ми помогна како страдањето. Самото страдање претставува највисока теолошка катедра. Сигурен сум дека ангелите ни беа љубоморни, затоа што тие го немаат тоа страдање над границите на природата.

 

Ако не можеш да си ги сакаш непријателите, барем не ги мрази; тогаш не си во калта, туку на лествицата.

    Вистинското значење на христијанското учење не претставува да мислиш само на твоето спасение, туку по секоја цена да мислиш и на спасението на другиот. Спасувајќи, спасувај се! Господ нè создаде не само за нас, туку за целото создание.

    Прогонството дојде. Од самиот момент кога ќе се крстиш, треба да знаеш дека прогонството започна.

    Еден народ ќе опстои преку младите, кои доброволно ќе се искачат на крстот, и од неговата висина ќе се борат без да кажат нешто. Бори се и не отстапувај!

    Човеку, кога само би си ја знаел вредноста!

    Да знаеме да умираме и да воскреснуваме секој ден.


    Кој се моли само кога се моли, тој, всушност, не се моли.

    Најважниот совет: љуби, љуби, љуби со цела душа и... простувај.

 

Извадок од книгата „Вистинската слобода: Романски новомаченици и исповедници“