Бесмртноста – одмор или служење?

Бесмртноста не е одмор, туку делателност [работа, активност]. Човекот е устремен или кон одморот (кон детството), или кон бесмртноста (кон делателноста без крај). Работа со Бога и во Бога. Во Бога за човекот нема одмор. Светиите – тие се трудбеници во Христа. + + +

За зависта

Зависта може да биде емоционална реакција, но може да биде и постојан емоционален комплекс, навика, страст. Како емоционална реакција, зависта е карактеристична за инфантилниот период од развојот на личноста, и е пропратена со невротичен комплекс на себепонизување и идеализирање на другиот. Како страст, зависта се заснова врз несоодветна проценка, градење слика за себеси, комплекс на постојано споредување со другите. Овој комплекс се гради врз две вредности – праведност и еднаквост.

+ + +

„Лажната“ личнoст е сокриено себепознание, гордост и слепа самотија.

+ + +

Главната тајна на човекот е неговата духовна природа – душата!

+ + +

Отец Андреј Лоргус свештеник, психолог, антрополог


Извор: http://pravoslavie.mk