Секој ден повторувајте си дека среќата е во пријателството, во секојдневната доверба едни кон други, во тоа да се насладуваме едни на други и (според правилото) да правиме отстапки едни на други; никој помеѓу вас да не се поставува како командант. Сласта на кроткоста нека биде со вас.

Ако некој од умор, или од душевно растројство е наклонет кон гнев, раздразливост, немир, единствено кротоста може да го смири во неговата растроеност. Опоменувајте се за Божјото присуство насекаде. Затоа, задолжително молете се наутро, во текот на денот и пред заминувањето на почивка. Задолжително постете во среда и во петок, за да не Го навредите Оној, Кој е секаде присутен.

Старец јеросхимонах Сампсон

 

Избор од ФБ на:

Марија Јакимовска