лого

8ти ноември   2020 лето Господово


    Ќе говориме за тоа да не си «совршен», за надежта на тоа да не си одличник. Темата, која ја избравме, навистина звучи малку необично-«Полетај кон низините со отец Ливиј». Полетај ниско, зашто е многу убаво да се познаеш себеси, да ги уништиш лажливите идеи и да започнеш да живееш, знаејќи кој си, надевајќи се на Бог, Кој се соблече од Својата божественост, од Својата сила, од Своето совршенство и станува Човек и нè пресретнува. Така некако да започнеме...

    -Гледајте, во нас култивираме една тенденција, т.е. имаме склoност за сила, за власт, да се истакнеме и да бидеме уникатни. Таа желба да се разликуваме многу пати влегува дури и во Црквата и како резултат на тоа ние влегуваме во неа со сознанието, дека станувајќи христијани и водејќи духовен живот, живеејќи во црковната заедница, на некаков начин веднаш треба да сме «бериќетните»: дека Црквата е предел за печалење, место каде сите треба да сме бериќетни во сите сфери на животот.
    
    Бидејќи сум христијанин, значи секогаш треба да имам здравје, ништо лошо да не ми се случува, да немам проблеми и болка, да имам благоденствие и убав живот. Поточно да созадам еден мит, во кој сè-ако е возможно, да биде совршено. Христос всушност, токму тоа и не го кажал, туку кажал, дека ако човек сака да си ја спаси душата, човек треба да ја загуби. Со други зборови, во Црквата не печалиш, туку губиш нешто. Ако влегувам со мислата, дека одам, за да спечалам, тогаш конечно ќе ја загубам и врската со Бог и Царството Божје. Но, ако одиш со акцентот, дека одиш да дадеш нешто, да оставиш нешто и да загубиш нешто, биди сигурен, дека конечно си спечалил. Следствено, Црквата не е место, на кое ќе се утврдам во социјален аспект, ќе го засилам својот нарцизам, ќе се зголеми моето его, туку место, кај што треба доброволно да се смирам, да се предадам на Бог, на Неговата љубов, на ближниот и да ја загубам, за да ја спечалам. Во Црквата бериќетен е оној кој загубил. Но, за жал, денес нештата се изопачени што се однесува до посланието на Христос и тоа не ни станува разбирливо.

    -Вистина е дека, повеќемината во ова општество на потребата го бараме корисното и на тој начин приоѓаме кон Црквата, и кон Евангелието, сакајќи да спечалиме нешто, секогаш барајќи го корисното. Но, тоа «корисно» уште повеќе нè оддалечува од разбирањето за давање, за љубовта и создава во нас едно «Јас», кое изгледа фалшливо. Таму некаде лежи и лицемерието на луѓето, кои влегувајќи во пределите на Евангелието, на светлината, сакаат да изградат едно индивидуално «Јас», а не да учествуваат во светлината, и да си претстават едно духовно совршенство.

- Да, тоа се случува во религијата, која за православните христијани не е религија, туку Црква, имено тоа е нешто сосема различно. Што всушност прави религијата? Таа го потцртува буржоаскиот мит за човекот. Тоа е човекот, кој се ограничува и смета дека е успех да има убава работа, добро семејство но, кое се врти само околу неговиот индивидуален интерес, не се отвора кон другите луѓе; моето семесјство, моите деца, моето добро, мојата полза и во сето тоа формирање на буржоаскиот мит, кај што сè ќе биде совршено, влегува и религијата. Оттука и одењето во црква, постот, дури и молитвата станува удобна возможност да го засилам тој мој буржоаски мит. Затоа многу пати слушаме дека е добар човек, оној кој оди во црква. Никогаш нема да речеме дека тој е негодник и оди на црква. Таа е блудница и оди во црква, туку ќе речеме, тој е многу добар човек, оди на црква, црковен е. Затоа што религијата се претворила во патерица на моите обиди да создадам моќен профил во општеството, како добриот, беспрекорниот, совршениот човек, совршената глава на семејство, совршениот службеник, совршениот работодавател.

    - Во секој случај е чудно, затоа што евангелското слово го отфрли тој буржоаски мит и евангелското слово повеќе одговара на: «ете, блудницата оди на црква». «Ете,  негодникот оди на црква», согласно евангелското слово, оние кои имаат нужда од лекар, се оние кои се болни. Во крајна сметка, болните учествуваат во собитието на Црквата, во спасението, во исцелението.

    -Да, тоа е евангелското послание, крајното послание е тоа.

    -Како се доаѓа до тоа изопачување?

    Тоа се случува веќе неколку векови, затоа што од моментот, кога религијата станува дел од една власт, логично е дека некои ќе се прикрепат таму и заради психолошки причини, и заради социјални, за да се чувствуваат силни во својот социјален статус, во општеството во кое живеат. Затоа многу често гледаме, дека оној кој влегува во Црквата, не бара на прво место, љубовно соединување со Бог, со Христос. Она, кое го бара не е соединувањето со Христос, не го сака самиот Христос, туку го сака она што Христос го дава. Разбирате ли? Го сака она што Бог го дава, но, не и Самиот Бог. Не го сака Самиот Бог, туку го сака Божјиот рај, Божјата закрила. Затоа и го гледаме тој контраст-егзистенцијален контраст во секојдневниот живот, та додека говориме за духовни нешта, за идниот живот, за вечноста, за таворската светлина и сите тие работи, не гледаме дека Христос е живо присутен во нашите секојдневни дела, избори и желби.

    -Религијата се претворила во потрошувачки продукт.

    -Да, ние сме потполни различни во недела во црква и целосно различни, кога ќе се вратиме дома. Може и веднаш, може и од понеделник. Се менуваме наполно, затоа што се случува не една средба, туку една ала-бала, каде што човек сака да земе нешто но, не и Самиот Бог. Во тоа е  проблемот. Затоа и постојат тие големи контрасти. Ќе видите луѓе, кои долги години се во Црквата и наместо да омекнат, стануваат се потврди, посурови, наместо срцето да им се шири, тоа се стеснува, наместо внатрешно да се откриваат, тие се сокриваат. Зошто станува така?-Затоа што постот, молитвата и сè друго прават, за да се почувствуваат добро и тоа не се љубовни односи кон Самиот Христос. Односно постам, не затоа што на тој начин ќе создадам однос кон Некој Друг, туку затоа што тоа нешто ми дава, го засилува убедувањето во мене, дека сум добар, дека верувам добро, дека успеав. Затоа некои велат: «Не се причестувам редовно, затоа што не се чувствувам спремен». Или: «постев, беше многу убаво». «Се причестив, колку е убаво светото Причастие!» Како да е свински кебап. Односно немаме осет дека ја култивираме  врската со Бог, туку што ќе земеме од сето тоа. Посебно на она рамниште, кај што се храни егото. А што сака егото? Тоа сака цели, да направи завојувања, и ако може да бидат што потешки. Затоа многу луѓе тешко прифаќаат дека на крај ќе ги спаси Божјата љубов, а не нивните дела. Неможат да го примат тоа и многу им е тешко. Секоја година кога проповедам за блудниот син, имам проблеми, затао што после тоа луѓето ми велат:
    
    -Отче, не беше во право!

    -Ама зошто? Зборував за Евангелието.

    -Да, ама, ние сметаме, дека големиот син бил во право, кога не го прифатил враќањето на неговиот брат.
-Разбирате ли? Има тука една тешкотија.

    -Мислам, дека многу лесно повеќето од нас го распознаваат во себе буржоаскиот тип на човек. Кои се патиштата по кои можеме да го разрушиме тој лик, како можеме да полетаме навистина ниско, да се видиме себеси и да се свртиме со љубов кон Господ?

    -Проблемот е, што треба да бидеме подготвени да го смачкаме својот имиџ. Во пространствто на духовниот живот го имаме многу пати порочното разбирање, дека непрестано треба да се утвдуваме во профилот на добриот, благиот, совршениот, безгрешниот човек.

    -Затоа што тоа преставува сведоштво за светот.

    - Да, ќе биде сведоштво за светот но, сведоштвото за Христос нема врска со «совршениот» човек, со човекот кој се плаши да направи нешто, за да не го растури својот лик, ниту со човекот кој никогаш не паѓа, никогаш не е крив, никогаш не греши, нама паѓања, туку со еден човек, кој е спремен да ја загуби својата репутација, да го разруши својот надворешен лик, кој е расположен да го загуби дури и рајот, за да го спаси братот. Она, кое го кажува еден старец: «Спремен сум да отдам во адот за сите други да отидат во рајот»-по примерот на Исус Христос, Кој умира за сите, за да го спаси човечкиот род, т.е. прифаќа една улога, која, додека е безгрешен, не е Негова и нема никаква должност да го прави тоа, но, Него воопшто не го беспокои да го растури својот «имиџ». Го обвинуваат дека е винопиец и прождрливец, дека се дружи со митари и блудници, дека е еретик, дек е богохулник, дека е безбожник т.е нема обвинение, со кое не го обвиниле но, Тој не гледа назад да го покрие и оформи Својот добар надоворешен образ, тоа воопшто не го интересира. Тоа се гледа при влегувањето Негово во Ерусалим, каде што луѓето го восфалуваат но, Тој не се задржува на ракоплескањата, на пофалбата, бидејќи многи добро знае, дека тие ракоплаескања по неколку дена ќе се претворат во «Распни го», како што сите гледаме во животот. Колку лесно некој ни ракоплеска, а за кусо време не обвинува. Свети Јован Златоуст вели нешто многу убаво, дека кога слушаш некоја уста лесно да фали, да знаеш, дека со истата леснотија ќе те обвинува. Сметам, дека повеќето сме го преживелае тоа. Христос оди да загуби работи, не оди за да сочува нешто за Себе или пак добрата Своја репутација. Мислам дека тоа е првото: да бидеме расположени да пројавиме љубов кон братот, кон ближниот. Важно е да бидеме спремни да загубиме некои нешта, да не се боиме, дека ќе го загубиме своето име, реноме и разни други нешта.

    Друго што треба да научиме да оставаме на Божјата промисла, да не сакаме постојано да ги конролираме нештата, да владееме над собитијата и течението на животот. Тоа е многу тешко, зашто егото не го сака тоа, туку сака сè да контролира, сè да уреди, дури спасението, ако е возможно, тоа да бидат едно, две или три нешта. Затоа многу ни одговара исклучително многу да знаеме, т.е. одиме кај еден старец и прашуваме: Кажете ми што да правам, за да се спасам? Разбирате ли? Затоа што спасенито не означува да ти кажам штода правиш, за да се спасиш, треба да влезеш во еден процес и животот означува ризик. Понекогаш успеваш, понекогаш не успеваш, ќе паднеш, ќе станеш, нема сигурности, ќе се извалкаш, ќе се очистиш, не постои таа сигурност-«Кажете ми две-три нешта, кои треба да ги правам, за да се спасам!» Нештата не се толку прости и шаблонизирани, затоа што зборуваме за жива врска со вистинскиот жив Бог. Како може тоа да влезе во некакви рецепти без смисла, кои се потполно безлични? Затоа е многу важно да ги раскинеме своите одбрани за да може е да ја задржиме врската со Бог.

    Трето, треба да избегаме од едно чувство, кое се култивирало во нас, чувството на перфекционизам, за исполнување на совршенството, чувството дека Божјиот човек е совршен во сите сфери, во сè. Ние во Црквата,  веруваме наполно, дека човек има во себе и светли моменти и страни но, и темни образи. Тоа е избавувачко односно, човек да се прифати себеси и да не си вообразува, дека некаде постојат совршени луѓе. Дури и светителите не биле такви во таа смисла.

 

Подготви: Маја Белева

 2017-06-24

 

Друго:

 3.angeli.so.truba

 

 

Извор

TVITer270

П.П. 2017-06-24 02:01:49