Ако некого го прашате, да речеме, за виша математика, тој ќе ви каже: „Тоа не е моја тема, јас за тоа ништо не разбирам.’’
Ако го прашате за готвење, тој ќе ви каже: „Јас дури ни супа не знам да сварам, тоа не е во мој домет.‘‘
Но, кога станува збор за вера, тука сите имаат сопствено мислење. Еден вели: Јас разбирам вака; А друг: Јас разбирам така. Еден вели: не треба да се пости. А друг: мојата баба беше верничка и вака правеше, затоа треба вака да се прави. И сите земаат да судат и толкуваат, иако во повеќето случаеви ништо од тоа не разбираат.

Зошто кога прашањата се однесуваат на верата, секој се стреми сигурно да го искаже своето глупаво мислење?
Зошто по тие прашања луѓето веднаш стануваат специјалисти?
Зошто тие се уверени дека се‘ тука разбираат, се‘ знаат?
Затоа што секој мисли дека тој верува во онаа мера во која е неопходно. А всушност тоа не е така и тоа е лесно да се провери.
Во Евангелието е кажано: „Ако вие имате вера колку синапово зрно и и‘ кажете на планината: „Премести се од тука овде’’, и таа ќе се премести.’’ Ако тоа не се изврши, значи нема вера дури ни колку синапово зрно. Така кога човек е ослепен, тој мисли дека верува доволно, а всушност тој не може да изврши дури ни таква играчка, како што е придвижување на планината, која и без вера е можно да се придвижи. И поради недостаток на вера произлегуваат сите наши проблеми.

Протоереј Димитриј Смирнов


Извор:

Подготви: Снежана Корнет

19-ти јуни 2017 лето Господово

 

Друго:

Во понеделник на Светлата седмица на Атон, Празник на иконата „Сладок бакнеж’’

Што преставуваат предметите во рацете на ангелите?

Протоереј Сергеј Адодин - Лошиот свештеник

СВ. ОТЕЦ ПАЈСИЈ: Ако сакаш да воспиташ дете, држи се до овие правила!

 

 19.06.2017 год.

Преминпортал