логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Митрополит Антониј (Сурошки)

✤✣✤

Што значи да се биде Христијанин?

(I дел)

✤✣✤

Што значи да се биде христијанин? Како се станува христијанин во современиот свет? Да се биде христијанин, во извесна смисла е многу едноставно. Христијанин - тоа е ученик и Христов другар. Овие поимања се сродни, но помеѓу нив постои разлика. Од една страна, ние сме Христови ученици, Негови следбеници и должни сме да учиме за Него преку Евангелието, за она во што Тој верува, за она во што Тој поучува. Не го употребив залудно изразот: „Она во што Тој верува”. Еднаш во Москва, на скалилата на ресторанот „Украина”, еден млад офицер ми постави прашање: 

-Добро. Вие верувате во Бога. А Тој ваш Бог, во што Тој верува?

-Бог верува во човекот, му одговорив. Тоа е многу важен момент во христијанскиот живот: да се верува во Бога и во човекот, започнувајќи од себе самиот. Христос не залудно ни вели дека должни сме да се љубиме самите и ближниот како себе си. Да се љуби - тоа значи да се биде подготвен да се направи сѐ што е можно, за секој човек да ликува во својот живот, за да расте во полна мера на своите можности и да биде достоен на своето човечко име. Затоа, првото на што нѐ учи Христос кога стануваме Негови ученици, е да се надеваме и да веруваме во човекот, да се љуби човекот дури и по цена на сопствениот живот. И тоа не значи, доследно, да се умре за него, можно е да се даде целиот живот за еден човек или за некоја група луѓе без да се има потреба телесно да се умре во буквална смисла на зборот. Но, Христовите ученици умираат телесно, сведочејќи за својата вера во Христос. Понекогаш човекот е должен да умре, за другиот да може да диши слободно, да оживее, да најде простор во својот живот, должен е да се жртвува себе си, да се заборави себе си, за да се помни другиот човек. Никој нема поголема љубов од оној кој е подготвен својот живот да го даде за ближниот. А животот е и долг, и тежок. Првиот чекор е направен - кога човекот не размислува за ништо што го приврзува за себе самиот, но само за можноста да им служи на другите.

Да се биде Христов ученик - тоа значи да се верува во човекот, започнувајќи од себе, а потоа и во сите други. Ние сме убедени дека во секој човек има светлина, има добрина. Светлината свети во темнина. Темнината не секогаш ја восприема светлината, но таа не е во состојба да ја опфати или да ја изгасне. Светлината има самобитност, сила, живот, додека темнината е отсуство на сето тоа. Во оваа смисла, ние сме подготвени да веруваме во човекот. Освен тоа, во Евангелието сретнуваме многу нешта кои ни укажуваат на кој начин можеме, заедно со Бога, да ја реализираме својата вера во човекот, како можеме, заедно со Него, до последен миг да се надеваме на тоа дека дури и престапникот може да порасне според мерата на сопственото име - човек. Се случува, човекот да живее недостојно во текот на сиот свој живот, па одеднаш, среќавајќи се лице в лице со можноста, односно, со увереноста во тоа дека му претстои смрт, да се вразуми и да стане совршено друг човек. Човекот може да живее како престапник, а да умре како праведник. За тоа сведочи и Преп. Серафим Саровски. Тој вели дека почетокот на животот, годините на детството и крајот на животот во најголем дел се спокојни, светли и добри, но во средината на животот се случува вистинска бура. Должни сме да го знаеме тоа кога размислуваме за себе и за другите.

Често слушаме: Да се биде христијанин - тоа значи да се исполнуваат Христовите заповеди. Секако! Но тие не се наредби:треба да се живее така, да се живее вака; и доколку не живееш на тој начин, ти следува казна. Не! Христовите заповеди не се наредба, тие се откровение, за тоа какви сме повикани да бидеме, какви можеме да бидеме, а со самото тоа и какви сме должни да бидеме. 

Си спомнав и за тоа дека должни сме да бидеме не само Христови ученици, туку и Негови другари. Ми се случува на исповед да ми дојде, поточно, да ми испратат дете на возраст од 7 - 8 години. На исповедта тоа набројува една цела редица гревови. Јас само слушам, а потоа му поставувам наједноставно прашање:

-Кажи ми: дали се чувствуваш виновен или го повторуваш тоа за што те укориле твоите родители? 

-Не, мене мама ми рече дека јас мора да го исповедам тоа што неа најмногу ја лути, а со тоа јас го нарушувам спокојниот живот и домашниот мир.

-Добро! Сега заборави. Не се работи за тоа. Ти не си дошол кај мене за да ми раскажуваш за тоа што најмногу ги лути твојата мајка и твојот татко. Најпрвин кажи ми: знаеш ли нешто за Христос?

-Да.

-Си го читал Евангелието?

-Мама и баба ми раскажуваа нешто, а и јас по нешто сум читал, и во црква сум слушал...

-Кажи ми: Христос тебе ти се допаѓа како Човек?

-Да.

-Ти би сакал да се здружиш со него?

-О, да!

-А ти знаеш што воопшто значи некому да му бидеш другар?

-Да! Тоа значи: да се биде другар.

-Не, тоа не е доволно. Другар - тоа е човек кој му останува верен на својот другар во сите околности во животот; кој е подготвен да направи сѐ за да не го разочара, да не го измами, кој ќе остане со него доколку сите други му го свртат грбот. Другар - тоа е човек кој на својот другар му е верен до крај. Еве, замисли си: ти си на училиште. Доколку Христос би бил едно обично момче и сиот клас би се нафрлил на Него, што би направил ти? Би имал ли храброст и верност да застанеш рамо до рамо со Него и да кажеш: доколку сакате Него да Го тепате, тепајте ме и мене, зашто јас сум со Него? Доколку си подготвен да бидеш таков другар, тогаш ти можеш да кажеш: да, јас сум Христов другар: и пред себе веќе ги имаш прашањата за твојата исповед. Читај го Евангелието! Од него ќе научиш како да живееш, како да не се разочараш себе си; ќе научиш да живееш за Он да ти се радува, гледајќи каков човек си станал благодарение на таа дружба. Го разбираш ли ова?

- Да.

- Подготвен ли си за таков потфат?

- Да!...

Продолжува

Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 823
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

« »