razboinik

 08/02/2016   Поуки - совети

* Солзите, како својство на паднатата природа, заразени се со болеста на падот, како и сите други својства. Некој, по природа, е посебно наклонет кон солзите и ги излива во секаква згодна прилика: таквите солзи се нарекуваат природни. Постојат и гревовни сози. Гревовните солзи се нарекуваат и солзи, кои се проливаат од гревовните убедувања. Такви солзи многу и особено лесно проливаат луѓе, предадени на сладострастие; солзи слични на сладострасните, проливаат и оние кои се наоѓаат во прелест; солзите обилно се леат и од суета, лицемерие и човекоугодување.

Конечно, нив ги лее и злобата: кога е лишена од можноста да стори зло, да пролее човечка крв, таа лее солзи. Вакви солзи имал Нерон, во кого современите христијани, заради неговата суровост и омраза кон христијанството, мислеле дека го гледаат антихристот. Во природни солзи, спаѓаат и солзи заради огорченост; кога пак огорченоста има гревовен карактер, тогаш и овие солзи стануваат гревовни. И за природните и за гревовните солзи, Светите Отци ни заповедаат, веднаш штом ќе се појават, да ги претвораме во богоугодни, т. е. да го менуваме поводот за солзи: да се присетуваме на своите согрешенија, на неизбежната и неизвесна смрт, на судот Божји и да плачеме од тие причини.

* Солзите, како дар од Бога, служат за обележување на милоста Божја: “Солзите во молитва – вели Свети Исак Сирин – се знаци на милоста Божја, со која душата се удостоила заради своето покајание и дека таа е примена и дека со солзите, почнала да влегува во полето на чистотата#.

* Солзите кои се проливаат заради гревовите, најнапред стануват горки, тие течат во болка и мака на душата, а таа болка и мака, духот ја пренесува на телото. Малку по малку, со солзите почнува да се соединува утехата која се состои во особено спокојство, во чувство на кроткост и смирение; заедно со тоа, се менуваат и самите солзи, сразмерно со утехата, притоа во значајна мера губејќи ја горчината, па така тие течат без болка или со помалку болка.

Прво, солзите ги има многу ретко; потоа, малку по малку, почнуваат да се појавуваат с¢ почесто и да стануваат пообилни. Кога пак, според милоста Божја, дарот на солзи се засилува во нас, тогаш престанува внатрешната борба, помислите стивнуваат, па почнува да делува особено развиена умна молитва или молитва на духот, која го заситува и развеселува внатрешниот човек. Тогаш, од умот се трга покривката на страста и нему му се открива таинственото учење Христово, додека солзите се претвораат од горки во слатки. Во срцето расне духовна утеха, на која ништо слично и нема меѓу земните радости и која им е позната единствено на оние, кои се бават со молитвен плач и имаат дар на солзи. Тогаш станува вистинито Господовото ветување: Блажени се оние што плачат, зашто ќе се утешат (Мт. 5, 4).

* Суштината на покајанието, се состои во смирение и скрушеност на нашиот дух, кога духот ќе заплаче заради смирение. Кога недостига телесна сила преку кои телесни подвизи и дејства би се изразило покајанието присутно во душата, тогаш плачот на духот ги заменува сите телесни подвизи и дејства, меѓу нив и солзите.

* Плачот е побожна тага, верна на душата која се набљудува себеси во огледалото на Евангелието, гледајќи ги во неа сите свои безбројни гревовни дамки.

Таквата душа, своите дамки ги измива со света вода – солзи, а ги брише со света тага.

Неизречена утеха, неизречена леснотија се разлева по срцето, откако ќе се пролијат спасителните солзи заради гревовите, заради падот, солзите кои се јавуваат како резултат на духовното осиромашување.

* Кога вашата мисла ќе стане тивка, и некаква спокојна тага како дожд ќе наврне на вашата душа, па потоа с¢ во вас ќе стане јасно и радосно, знајте дека тоа е дејство на духовниот плач, кој во вас се појавил заради вашите страдања и затоа што се трудите, со него да прибегнете кон Бога. Бидете внимателни и побожни, зашто духовните чувства се многу префинети и се оддалечуваат од невнимателните и непобожните. Ако бидете внимателни, облаците со време ќе станат с¢ погусти, за да конечно произведат солзи, со какви до тогаш не сте плачеле. Насладувањето со тие солзи, претставува најголема утеха и во вас ќе завладее чудесна тишина и спокој!

* Не се удирај ниту во градите ниту во главата, за да се натераш на плач: зашто таквите солзи се потресување на нервите, крвни, не го просветлуваат умот, не го омекнуваат срцето. Солзите, со покорност очекувај ги од Бога. Некаков свет невидлив прст, некаква најпрефинета смирена помисла ќе те допре до срцето и ќе се појави тивка, чиста солза, која ќе ја промени душата, но нема да го измени лицето; од неа нема да поцрвенат очите – кротко спокојство ќе се прелие во изразот на лицето и ќе го направи налик на ангелски.

* Отсуството на плач, задоволувањето самиот со себе и насладувањето со својата замислена духовна состојба, ја покажуваат гордоста на срцето.
 

Подготви: Весна Апостоловски

Изво: Преспнско- пелгониска епархија