лого

26ти декември   2020 лето Господово

св. Пајсиј Светогорец

Кога велиме „Слава Ти, Боже", демоните се фрлаат во морето

-    Старче, загрижена сум бидејќи имам многу здравствени проблеми.
-    Сето тоа да го примаш како голем дар Божји. Бог не е неправеден. На небесата ќе имаш голем одмор, ќе имаш голема пензија, ако самата не ја намалиш со твоето негодување.
-    Како тоа, старче, кога јас сега не го чувствувам во себе небото?
-    Не го чувствуваш небото, бидејќи не Го славословиш Бога. Кога човекот влегува во областа на славословието... се радува од сè. Постојат световни луѓе кои ќе ни судат нам, на монасите.

Да ги видите Бедуините каква мака тргаат, но Му благодарат на Бога и се радуваат! Пченицата не ја чистат, за да ги извадат камчињата, туку ја мелат како што е, и нивниот леб е целиот како камен! И нивната храна изгледа го нема потребниот состав, калциум и др., така што забите им се ронат потполно. И ги гледаш Бедиуните како имаат само по еден заб и се радуваат како да е забот од бисер. А на некој друг му фали еден заб и се чувствува непријатно. Со сето она што го слушате, да се поттикнувате постојано кон славословие и да Го славословите деноноќно Бога за Неговите добрини.


Ми раскажуваше еден епископ дека во еден храм, во моментот кога ѓаконот го читаше Евангелието за исцелувањето на демонизираните во Гетсиманија, еден човек, многу едноставен, стоеше зад епископскиот трон и постојано велеше: „Слава Ти, Боже".
Почнува ѓаконот: „Во она време пристигна Исус во земјата Гергесинска", - слава Ти, Боже - вели човекот, „Го сретнаа двајца бесни", - слава Ти, Боже -„беа многу лоши" - слава Ти, Боже -... „И одеднаш сите свињи се сурнаа низ стрмнината во морето и се издавија во водата" - слава Ти, Боже.


„Сфатив дека имаше право овој едноставен човек - ми рече подоцна епископот - кој велеше „Слава Ти, Боже", бидејќи тоа „Слава Ти, Боже", ги фрла демоните во морето. И вие секогаш да велите „Слава Ти, Боже", додека да скокнат во морето.


Славословието осветува сè. Со славословењето човекот се топи од благоразумие, се радува од добри мисли, прославува сè. И кога човекот Му благодари на Бога дури и за малите нешта, тогаш доаѓа толку богат благослов од Бога, што не може да го издржи и тогаш ѓаволот не може повеќе да остане и бега.

Превод од грчки јазик
Изворник: Αγιος Παϊσιος Αγιορείτης: То <Δόξα σοι ο Θεός > ρίχνει τους δαίμονες στην θάλασσα
http://www.agioritkovima.gr

Извор: http://amvon.mk/slavoslovenje-pajsij/

 

26ти декември  2020 лето Господово

Извор

TVITer270

П.П. 2015-09-10 10:31:49