логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Несмелов В. И.

bakica.jpgНа првите страници од Библијата се раскажува за еден крајно важен настан, за чие значење обично говорат само богословите, макар што тој настан има и длабока философска смисла. Таму, имено, се раскажува дека под влијание на зла разумна сила, туѓа на нашиот свет, човекот престанал да се задоволува со расположивата реалност и посакал да стане бог. Следствено, тој во однос на самиот себе создал необична илузија и, врз основа на таа илузија, ја отфрлил својата стварна состојба во светот во полза на друга состојба – не реално постоечка, туку посакувана состојба. Но, бидејќи претставата за таа посакувана состојба претставувала негирање на реалноста, само по себе е разбирливо дека и реалноста можела да содржи во себе единствено негирање на човековата илузија. На секој чекор таа му укажувала на човекот дека тој не е бог, туку е обична ништожност: со глад и студ и со сите други неволји таа постојано ја уривала претензијата на човекот на особена положба во светот и постојано ја потврдувала неговата целосна зависност од случајните дарови од природата. Но самата околност дека човекот можел да се прелаже смиот себеси со желбата за божествен живот, дека можел да биде незадоволен со својата реална положба во светот и да ја отфрли таа положба – самата таа околност докажува дека човекот не е случајна творба на земјата и дека не е вистински роб на природата. Зашто, обично животно никогаш не си создава какви било илузии, и затоа никогаш не ја негира реалноста во која постои. За обичноо животно дури и чувството на жестока болка, дури и измачувачкото страдање поради насилна смрт не ја негираат реалноста, туку само непроменливо ја потврдуваат; бидејќи во областа на животната мисла секое страдање е ограничено само со сознанието за простиот факт дека заедно со пријатните појави во животот, во реалноста постојат и непријатни  појави, и ако тие постојат, со нив ништо не можеш да сториш, зашто е таква самата реалност. Доколку животните би расудувале поинаку, тие, секако, би можеле и да ја негираат реалноста, а ако ја негираат, би можеле да се стремат кон нејзина промена, и ако се стремат кон нејзина промена, тогаш навистина би го манифестирале таквиот стремеж во светот – но такви стремежи досега не се забележани. Животните живеат единствено затоа што дошле на свет, а само човекот живее затоа што може да го реализира својот живот.


Човекот не само што живее, туку и си дава отчет за својот живот, и затоа што си дава отчет за својот живот, тој може да живее не како што соодветствува, туку како што тој сака. Од личните размислувања над фактите тој си создава жива претстава за богатствата на животот и од гледна точка на таа претстава ја оценува својата положба во светот и се поставува себеси во однос на творечкиот живот. Доколку реалноста не се совпаѓа со неговите претстави за богатството, за среќата во животот, тој не се задоволува со неа и се стреми да ја промени и да ја приспособи за задоволување на своите потреби. Во тие свои стремежи тој за себе постепено создал богата култура на секакви полезни растенија, постепено скротил и ги научил да му служат голем број диви животни, измислил занаети, открил различни видови индустрии и со тоа ги поставил својот живот и својата благосостојба надвор од каква било зависност од случајните дарови на природата. Во овие стремежи за создавање независна положба во природата, тој го поврзал богатството на својот живот со богатството на животите на множество други луѓе – тој, имено, врз себе ја прифатил обврската да ги ограничува дивите пориви на својата физичка сила и своите лични склоности и желби да ги усогласува со желбите и со склоностите на целата заедница на луѓето, и така станал силен, поради колективната сила на својата заедница и со тоа ја поставил основата на цивилизацијата, односно на позитивното законско определување на условите и на формите на својот живот, кога грубото самоволие го заменува законот кој подеднакво ја ограничува волјата на секој член од заедницата и, преку тоа ограничување ја гарантира слободата на личниот живот на секој од нив.


Во грандиозниот развој на тие процеси на културата и на цивилизацијата, човекот го преобразувал целиот земен свет, и на крајот станал негов господар. Но, неговото гордо владеење над светот не му дало дури ни трошка од онаа среќа во чија содржина реалноста би се совпаднала со мечтата на човекот и во неговата вознемирена душа би го вратила изгубениот рај. За постигнување на својата среќа, во текот на својата многувековна историја, тој  вложил неизмерен труд и пролеал море крв и солзи, но со тоа острата противречност меѓу злото на реалниот и богатството на посакуваниот живот не само што не се изгубила, туку, спротивно, со секој нареден чекор во неговиот развој станувала се поголема и поголема. Златниот век на луѓето секогаш им изгледа како да е зад нив, но не во некаква неизмерно далечна историја, туку сосема блиску зад нив. За секое поколение златниот век речиси секогаш се поистоветува со времето на нивните дедовци и прадедовци, така што во сознанието на секое поколение квантумот на страдањето несомнено се зголемува и, следствено – придвижувајќи се постепено напред во развојот на културата и на цивилизацијата – луѓето всушност не се чувствуваат посреќни, туку обратно – се чувствуваат понесреќни од своите предци. Следствено, содржината на човековиот живот  во стварноста никогаш не соодветствува на оној принцип во чие име таа содржина се создава од страна на луѓето, т.е., принципот на богатството на животот, и таа постојана несоодветност постојано ги тера луѓето да се свртуваат кон поточното дефинирање на самиот тој прицип: што треба да се смета за богатство на животот и каде треба да се бара тоа богатство? 


Практично решение на тоа прашање е, директно, животот на секој одделен човек, бидејќи секој човек секогаш и безусловно се стреми во својот живот да го достигне највисокиот можен степен на среќа, и затоа секој човек безусловно живее – ако не со директна илузија на каква-таква среќа, тогаш барем со мечта за среќа и надеж дека ќе ја стекне. Философијата секогаш се занимавала со теориско решавање на ова прашање, и уште од дамнешни времиња разработила три различни решенија за него. Според едното решение, богатството на животот се состои во задоволствата, според второто – во достигнувањето на лична и општествена полза, и според третото – во добродетелите. Првото од овие решенија треба да се прифати како основно, а второто и третото – како дополнителни, затоа што ползата и добродетелите секогаш може да се разгледуваат како најдобро средство за остварување на задоволството. Но, дополнувајќи го основното решение на проблемот на богатството, вториот и третиот одговор, очигледно, го дополнуваат само од страната на неговата определеност, зашто тие не само што ништо не внесуваат во неговата содржина, туку, напротив, во значителна мера ја ограничуваат. Вториот одговор, имено, вели дека не е секое задоволство богатство, туку само она коешто е полезно; третиот одговор во тој поглед оди уште подалеку, бидејќи вели: не е секое полезно задоволство богатство, туку само морално полезното задоволство. Следствено, вториот и третиот одговор не говорат директно за тоа што треба да се смета за богатство во животот, туку само за тоа по кој пат треба да се бара тоа богатство. Така, тие поставуваат јасни критериуми за определување на вредноста на задоволствата како богатство на животот, но бидејќи патиштата за достигнување на тоа богатство им изгледаат различни, и вредностите  на задоволствата ги утврдуваат различно. Принципот на утилитаризмот го поставува богатството надвор од човекот – во материјалните производи на човековата активност и во социјалните услови на живеење, коишто го зачувуваат и го зголемуваат степенот на ефективноста на културниот труд. Принципот на идеализмот укажува на богатството во самиот човек – во спознанието на човекот за својата сопствена вредност и во развојот на таа вредност по пат на бескрајно усовршување. Принципот на утилитаризмот, очигледно, обезбедува напредок и среќа во животот и затоа тој нема потреба од оправдување, туку само од разјаснување. Принципот, пак, на идеализмот, напротив, како принцип кој ја истакнува ништожноста на секое богатство во светот, но и ништожноста на самиот свет, не само што преку себе не ги обезбедува среќата и напредокот во животот, туку директно го осудува човекот на многу страдања, и затоа тој принцип има потреба не само од разјаснување, туку и од оправдување. Во интерес на тоа оправдување, идеализмот и го поставува прашањето: во име на што човекот треба да живее на земјата – заради достигнување на задоволства по пат на страдање, или заради достигнување на некаква друга цел? Од решавањето на ова прашање се развива нов принцип на живеење, покрај принципот на богатството. Од решавањето на тоа прашање се развива прашањето за смислата на животот, и макар што принципот на богатството не го отстапува своето место, тој сепак ја губи својата врховна позиција и му се потчинува на друг принцип – на принципот на разумот на животот, од чија гледна точка се определува содржината на богатството. 

(Продолжува)

 Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 Прашањето за смислата на животот во учењето на новозаветното откровение (II)

 

Посети:{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 853
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1124
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1070
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »