1. НЕКОЛКУ ЗАБЕЛЕШКИ ВО ВРСКА СО ПРИМАЊЕТО НА СВЕТАТА ТАЈНА ПРИЧЕСТ

pricest.jpgПрашањето и противречностите околу честото примање на светата причест, околу врската помеѓу светата тајна Причест и покајанието (исповедта), околу суштината и значењето на исповедта, денес, во нашата Црква, не се знак на слабост или на духовно пропаѓање, туку знак на живот и будење. Не може да се негира фактот дека во православниот свет се појавува зголемено интересирање, суштинска глад и жед, за повисок духовен живот и за тоа треба да Му бидеме благодарни на Бога. Ако, постои криза, како што многумина мислат - тогаш, неизбежно, и сите испитувања и продлабочувања на духовната будност се криза, а тоа е добра криза, во вистински момент. Би било погрешно, а и невозможно, да се прават обиди таа криза да се реши со административни мерки, декрети и забрани. Ние денес сме соочени со тешко духовно прашање коешто се однесува на сите аспекти на нашиот живот, а јас би додал, и на самата суштина на православието, во нашиот длабоко разбрануван модерен свет.

Само духовно слепите и потполно бесчувствените би можеле да негираат дека на нашата Црква - без оглед на нејзините успеси и релативни достигнувања, претежно надворешни и материјални - и се заканува опасност однатре, ужасна опасност којашто е во пораст, а тоа е опасноста на секуларизмот. Што е секуларизам? Во една статија, објавена пред неколку години, се обидов да го дефинирам вака:
.. .универзалното гледиште, а доследно на тоа и начинот на живот според кој основните аспекти на човековото постоење - семејството, воспитувањето, пауката, професијата итн. - не само што немаат корен во нашата вера и што не се поврзани со нашето исповедање на верата, туку се порекнува и неопходноста, а и можноста за таквата поврзаност. Се смета дека секуларната област на животот е автономна, т.е. дека со неа управуваат нејзините сопствени вредиости, принципи и мотиви, коишто се сосема различни од верските. Секуларизмот е, помалку или повеќе, составен дел на модерната цивилизација, а особено на американската, којашто во овој случај најмногу се однесува ла нас. Американскиот секуларизам ниту е антирелигиозен, ниту е атеистички. Тој, напротив, смета дека религијата претставува еден од неговите битни елементи, така што и неговиот конечен став коп религијата со право може да се нарече религиозен.

Тоа е исто толку философија на религијата колку и философија на животот. Отворено антирелигиозното општество - како што е Советска Русија или Црвената Кина - не може да се нарече секуларистичко. Таму религијата е непријател што треба да се уништи. Сите компромиси со неа можат, во најдобар случај, да бидат само привремени. Меѓутоа, карактеристичните црти на американската култура и на нејзиниот начин на живот, се такви што религијата ја прифаќаат како нешто суштинско за човекот, а истовремено, негираат дека таа е интегрален, сеопшт поглед на светот, и дека таа го вообличува тоталитетот на човековото постоење.

Секуларистот може да биде многу религиозен човек којшто и е оддаден на Црквата, редовно да ги посетува Богослужбите, да биде дарежлив со своите прилози, да биде многу точен во молитвите. Тој својот брак свечено ќе го склучи во Црквата, ќе ја освети својата куќа, ќе ги исполни своите религиски обврски, и сето тоа, без дволичност. Меѓутоа, сето тоа не го менува фактот дека неговото поимање на сите аспекти на животот - бракот и семејството, куќата и професијата, и, на крајот, самите верски должности - не потекнува од верата што ја исповеда во Црквата, не потекнува од неговото исповедање на верата во воплотувањето, смртта и воскресението на Христа,   Синот   Божји,   туку   од   животната   фшософија, односно од идејата и убедувањето коешто не само што нема ништо заедничко со верата, туку е дури и спротивно од неа. Треба само да наброиме неколку клучни вредности на нашата култура: успех, сигурност, конкурентност, добивка, престиж, амбиции - за да сфатиме дека тие му се потполно спротивни на целокупниот етос и евангелска инспирација...

Дали ова значи дека религиозниот секуларист е циник, фарисеј или схизофреник. Воопшто не значи. Значи само дека неговото сфаќање на религијата потекнува од неговиот секуларистички поглед на светот, а не обратно. Во несекуларистичкото општество - единственото општество што православието го познавало во минатото - религијата и нејзините вред-ности биле критериум на целокупниот човеков живот, биле мершо, по кое се проценува човекот, општеството и културата. Дури и кога отстапуваат од ова мерило, кога во животот се раководат од световни мотиви и живеат по световни мерила, и тогаш религијата е таа што ги опоменува, па макар само со својата пасивна присутност. Според тоа, "начинот на живот" може да биде нерелигиозен, иако "животната философија" е религиозна. Во секуларистичкото општество е сосема спротивно: религијата е вклучена во "начинот на живот", а "животната философија" ја исклучува.

Прифаќањето на секуларизмот, радикално ја трансформира самата религија. Секуларизмот може да се придржува кон сите нејзини надворешни и традиционални облици, но сепак, однатре тоа е сосема поинаква религија. Кога секуларизмот ја "одобрува" религијата и и дава почесно место во општествениот живот, го прави тоа само затоа што и самата религија прифаќа да биде дел од секуларистичкиот поглед на светот, да биде оправдување на неговите вредности и помошник во достигнувањето и остварувањето на тие вредности. И навистина, кога секуларизмот зборува за религијата, не употребува ни еден збор повеќе од зборот "помош". "Од помош е" односно "од корист е" да се припаѓа во некоја верска организација, човекот да се идентификува со религиската традиција, да е активен во Црквата, да се моли. Накратко, " корисно е" да "имаш вера ". А бидејќи религијата "помага", бидејќи таа е корисен фактор во личниот и општествениот живот, тогаш нејзе треба и да и се помогне. Оттука, сите статистики го потврдуваат восхитувачкиот успех на религијата во Америка. Секуларизмот ја прифаќа религијата, но под свои услови. Тој и одредува функција, и, под услов религијата да ја прифаќа функцијата што и е доделена и ја исполнува, секуларизмот ќе ја награди со богатство, почести и престиж. В. Херберт пишува: Изгледа дека Амерша во исто време е и најрелигиозната и најсекуларистичната земја ... Секој аспект на современиот верски живот живот го одразува овој парадокс: незадржлив секуларизам во религијата, којашто е во подем...

(продолжува)

отец Александар Шмеман

Великиот пост

Издавач:ИКОНА

Посети:{moshits}