логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Филип Стојанов, теолог
Иван Кантурски, теолог

Korica.Istorija.religiite.jpg   Korica.Istorija.religiite.jpg


НОВО ДЕЛО – СОВРЕМЕНА БИБЛИСТИКА
Александар Мењ, Историја на религиите, Скопје 2010
Превел од руски јазик: Проф. д-р Ратомир Грозданоски

 Најнапред да изнесеме збор-два за дејноста на писателот и творецот на едно вакво грандиозно дело, дело што го потхранува човековиот идеал и вера со знаење, дело што со сигурност би го привлекло нашето внимание и не би нè оставило рамнодушни, незаинтересирани, ладнокрвни и без сопствено мислење и коментар.

  Александар Мењ, несомнено, е еден од најголемите пастири, научници – библисти, дејци, проповедници на светата Црква. Тој бил избраник на Господа да го шири „...Благовестието Божјо“ (Рим. 1, 1), како нов апостол во новово време. Неговиот научен труд и неговата широка лепеза на знаења безусловно ги вклучил во создавањето дела од многу области: од библиологијата, религијата, историјата на културата и литературата, кои ни ја смрзнуваат крвта и нè оставаат без здив. Имал многу исполнет живот и секој дел од секундата го користел рационално, служел во храмот, пишувал книги и статии, најразлични текстови, предавал на повеќе универзитети и училишта, со што целосно Му се предал на Бога.

 Утрото на 21 септември, пред дваесет години, во Руска Мисла (Русская Мисль) излезе текст во чиј воведен дел имаше напишано: Постојат многу великани покрај кои  се чувствуваш мал и незначаен. Но, вистинскиот великан е оној во чие присуство се чувствуваш почист, подобар и повреден. Таква  личност беше отец Александар. Авторот на текстот беше московскиот свештеник Александар Борисов, близок пријател на отец Александар Мењ, односно на  човекот чија смрт пред 12 дена од објавувањето на текстот се претвори во политички настан. Грозоморното убиство на  отец Александар Мењ никогаш не доби расветлување. Диктирано од тогашниот режим излегоа неколку претпоставки во кои, главно, беше нагласен антисемитизмот како причина за убиството, иако на повеќето им беше јасно дека оваа информација е производ на  пропагандата наметната од тогашното КГБ.

Правилното разбирање на неговите дела, а за нас конкретно и новопреведената Историја на религиите,  зависи од специфичноста на неговата мисла и историскиот контекст во кој се пишувани делата. Во оваа смисла професорот  Џон Х. Ериксон, декан на теолошката семинарија „Св. Владимир“ во Њујорк, потенцира: Како што теологијата, Христологијата и еклисиологијата на св. Игнатиј Богоносец правилно можат  да бидат  разбрани единствено  во светлината на неговото мачеништво, слично и кај отец Мењ неговата теологија, Христологија и еклисиологија единствено може да биде разбрана во специфичните околности во кои живеел. А, пак, во воведниот дел од статијата на д-р Валас Л. Даниел, проректор на универзитетот Мерсер, објавена во списанието за пост-советска демократизација Демократизаццја  (Демократизация), се вели: Мислата на Александар Мењ зазема посебен дел во Руската религиозна и културна традиција... Мењ ја пропагира отвореноста, толеранцијата и хуманоста како главни перспективи, централни за Руската црква ...Тие основи, тој верува, се искривени не само од владеачката елита, туку и од црковните авторитети. За поправање на тие основни принципи потребна е волја и имагинација, да се гледа минатото на нов начин, што тој го смета за главна цел на црковната мисија.

  Јаков Кратов, историчар, новинар и свештеник, во својата статија во која се обидува да го демитологизира ликот на Мењ, вели дека творечкото дело на Александар Мењ е адресирано до неверниците, а во својата суштина најпрво е борба против атеистичките митови на Советската пропаганда.
Делата на Александар Мењ се каректеризираат со нагласување на креативноста како основна одлика на христијанството и центар на православното учење. Под влијание на руските филозофи на религијата: Соловјов, Берѓаев и Булгаков, тој длабоко се залага за персонализмот, т.е. за нагласување на длабочината на човечката личност во која  постои духовната основа како  извор на религиозното препознавање и духовното ослободување. Во неговите текстови се среќава идејата дека самото воплотување е врв на Божјата креација, кога Логосот, воплотувајќи се, ја благословува и спасува сета твар, изразувајќи ја Својата љубов и посветеност кон секој човек.

Според Мењ христијанството мора да остане отворено кон светот, бидејќи создадени според ликот и подобието Божјо мораме да го култивираме тоа вдахновение на слободата на духот. Потребно е исто така  да се проширува погледот со кој го набљудува светот и во исто време да се продлабочуваме кон внатрешноста на личноста, барајќи ја длабочината на сопствената светост. Кај Мењ постои  претпоставката дека уметничкиот импулс е истиот оној од кого се создадени сите големи религиски системи, затоа и несвесната потрага по апсолутот е иста и за двата типа на луѓе. Делови од тој апсолут се всемени и во самиот акт на уметничката креативност, па затоа во секое уметничко дело постои нијанса на религиски сензибилитет.

 Неговата животна желба за создавање учебник по Историја на религиите, која била нецелосно исполнета поради неговата трагична смрт, е веќе минато. Желбата е реализирана во целост, благодарение на неговите пријатели и другари и на неговиот грандиозен и бесценет, научен архив што го оставил зад себе.

Делото Историја на религиите го дополнува широкиот дијапазон на научната работа на самиот автор, во кое ни дава и ни изложува неизмерно богатство на доста исцрпни и детални податоци од областа на религијата. Во него се опфатени многу значајни теми, пишувано е со стил и јазик разбирлив за сите, текстот е концизен и јасен, речениците се добро осмислени, дадени се многубројни примери, а ни е презентирана и неговата целокупна истражувача дејност. Тоа е направено на таков начин што ќе му го овозможи и ќе му го олесни пристапот на секој читател, без разлика на неговата возраст или, пак, на неговото образование, со што ја зголемува неговата вредност.

По филозофскиот вовед во кој авторот нè упатува во својството на верата како остварена врска помеѓу единката и Бог и интуицијата како спознајна сила на самата вера, настапува конкретната хронологија на излагање на религиските форми во која монотеистичките религии имаат предност во содржински квантитет пред политеизмот, со оглед на фактот што двете третини од книгата им припаѓаат на  главите во кои е опфатено христијанството. Нужно се споменуваат и позначајните личности од античката филозофија со фокус на нивните идеи и карактерот на нивната религиозност.

 Книгата е поделена на два дела: првиот дел „Во потрага по Патот, Вистината и Животот“ и вториот дел „Патот на христијанството“. Во првиот дел авторот истражува за историјата на религиите, а се говори за почетните верувања од доисториската мистика, па сè до претставувањето на живиот Бог, за појавата на древната израилска религија, која на светот му го дала ослободителскиот оган на Светлината и Вистината, за доаѓањето на Месијата, Неговиот живот и Неговата победа над смртта. Додека, пак, вториот дел го опфаќа периодот на илјада години по Христовото раѓање. Се говори за ширењето на христијанството, мисионерската работа на Христовите ученици, за првата христијанска империја, причините за големиот црковен раскол, за покрстувањето на Русите и присоединувањето на илјадници луѓе со огромна љубов кон Црквата.
Генералната идеја во Историја на религиите е дека низ секој религиозен систем Бог ни се открива постапно (прогресивно), каде врвот на таквото динамичко откровение е воплотувањето Христово како круна на сè.

Карактеристиките на ова книга се  наоѓаат во едноставноста и убавината на стилот. Специфичниот тип на наративност при доближување на одредена тема и нејзината систематска разработка каде целта е синтентизирање на сè што е корисно и согласно со идејата на авторот.

 За да се создаде ваков труд, потребно е да се вложат силни напори, трпение, макотрпна работа, многу непреспиени ноќи. Но, да не гледаме на тоа како нешто заморно и мачно, туку, напротив, сиот тој труд и сета таа работа e исполнета со Божјата љубов и со Христовата благодат.

 Исто така, важен е и вложениот труд на преведувачот на ова дело, на оваа полезна читанка Историја на религиите, проф. д-р Ратомир Грозданоски. Тој, пак, несомнено, е нашиот најголем библист во Македонската православна црква, кој е изобилно даруван со Божјата љубов која му дава сила и неисцрпна енегргија да вложи големи напори, труд и деноноќна макотрпна работа за несебично да ни го даде ова дело. Не сакаше тоа да го знае само тој и сам да се насладува на неговата убавина, туку си зададе задача да го преведе трудот од руски јазик и да ни овозможи денес да го имаме достапен и разбирлив на нашиот македонски литературен јазик. Преку неговото предобро јазикознание и нему својствените преубави изразни форми, внимателно одбирајќи и селектирајќи ги зборовите, составува јасни и слаткоречливи речениците. Помакедончувањето го направил толку успешно што човек ќе помисли дека делото е пишувано на македонски јазик, а не преведувано. Внатре се вградил себеси, та дури и неговиот авторски израз е препознатлив. Тоа дише со неговите зборови и со неговата карактеристика во пишувањето, односно, со јаснотија, без ни мала неразбирливост, без конфузност и двосмисленост. Таквата успешност во преводот доаѓа оттаму што проф. д-р Ратомир Грозданоски, зад себе има повеќе напишани дела што претставуваат репрезент и се од огромно значење како за библистиката, така и за науката, културата и книжевноста... И тој не застанува тука, туку енергично продолжува да чекори по патот Господов и да создава трудови што ќе бидат од полза за студиите по теологија и полезни читанки и четива за секој читател, каков што е и новопреведениот труд на Александар Мењ, Историја на религиите.

 

  Korica.Istorija.religiite.jpg

 

 Изданието е од Книгоиздателство ВиГ Зеница, Скопје со кое раководат познатите книжевници: проф. д-р Венко Андоновски и Глигор Стојковски.
 Книгата ја има и по црквите  во епархиите: Скопска, Повардарска, Дебарско-кичевска, Брегалничка и Полошко-кумановска епархија.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5803
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6404
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5598
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная