Varna.2009.jpg

Започна Недела  на православната книга, која се одржува во Варна, во деновите од 7 до 13 септември. Книги, главно од бугарски автори ќе бидат претставени оваа година, објавија организаторите од Варна и Великопреславска митрополија на прес-конференција.

По традиција, литературата ќе биде изложена на базарОТ  пред храмот "Свети Николај Чудотворец", а ако времето не дозволува - во припратата  на црквата. Темата на  Единаесеттото  издание на семинарот  е "Карактер, принципи, цели и содржина на обуката по предметот религија-православие, и на нАравственото образование - хуманитарен профил ". Со предавања и свои изданија од странство ќе учествуваат митрополит на Чешка и Словачка Христофор, Струмички Митрополит Наум од Македонија, архимандрит Макарий Веретенников - шеф на диригентска школа на Московската духовна академија, како и популарниот писател и музичар Клаус Кенет од Германија.

Во првиот ден митрополит Кирил претстави второто и дополнето издание на "Подвиг на Болјарино полковник Николај Киреев и Ослободувањето на Бугарија", а отец Теодор Стојчев - "Значењето на крстот Христов во пораката на св Апостол Павле до Галатјаните.
Повеќе од 10,  се книгите за кои ќе се зборува пред  публика во Варна- секоја вечер од 18 часот во пленарната сала на општината. Меѓу нив се и новите наслови на издавачката куќа "Омофор", "Добротолюбие", "Синтагма".

Во среда ќе биде отворена документарна изложба "Светите царски маченици - семејство Романови", а во петок ќе биде прожектиран и   филмот за цар Николај II. Организатори на Меѓународниот форум се  од Варна и Великопреславска св митрополија, Балканскиот православен младински сојуз, општина Варна и духовнопросветния центар "Свети Архангел Михаил".

Извор: http://www.dveri.bg/content/view/9749/29/