Монасите ќе се молат он лајн

Монасите од Света Гора имаат пристап до интернет откако грчката телекомуникациска компанија ОТЕ инсталира мрежа "Вајмакс".
Како што пренесува МИА, пилот-мрежата е изградена во исклучително непристапен терен со ограничена патна и друга инфраструктура и каде што нема електрична енергија. За таа цел беа изградени вкупно шест станици, кои покриваат 50 километри поединечно и ги опфаќаат манастирите на Света Гора, како и целиот Атоски Полуостров.
"Вајмакс" мрежата ќе се напојува од генератори и сончеви колектори.

 

 Извор: Вечер

Посети:{moshits}