Излагање за вероучението во образовниот процес во претстојната школска година во Р. Македонија од страна на Презвитера Весна Ѓорѓиева (вероучител) на трибината за веронауката оддржана на 13. 08. 2008 во Неготино
 

vinjeta.m4.jpgЦелта на воведувањето на часовите по веронаука во училиштата во петто одд. е да децата се запознаат со основите на нашата света православна вера. На овие часови ќе се трудиме низ слободна комуникација (прашања, дискусии, сугестии) да обработиме определени поими од христијанската вера и морал. Со тоа ќе го избегнеме чувствoто на оптеретеност со уште еден наставен предмет. Всушност со наставната програма се разработени целите, содржините,основните поими и активностите за поттикнување на пријателството, довербата, и почитта во одделението, развивањето на оделенската заедница и заедницата на учениците во училиштето, за тоа како може на училиште и дома меѓусебно да си помагаме.

Веронауката има за цел да ги поттикне учениците на одговорно однесување во училиштето, во семејството и во животот, и да развиваат дух на толеранција и почитување на различноста меѓу луѓето, а посебно во верата. Наставата по овој предмет, им овозможува на сите ученици чување и развивање на нивниот верски и културен идентитет.Драги родители, не плашете се на вашето дете да му овозможите да ги посетува часовите по Православна христијанска веронаука, зашто овој предмет не подразбира верско организирање или дејствување. Како може едно дете да ги изучува останатите религии, кога не ја познава сопствената религија.Во наставната програма по веронаука се вклучени методски единици кои опфаќаат запознавање со другите религии (како јудеизам, ислам), но основното изучување на еден православен христијанин е изучувањето на православната вера. Во повеќето поголеми земји веронауката е задолжителен предмет не само во основното, туку и во средното образование.Пример се нашите соседни земји: Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, како и источноевропските земји: Полска, Украина, Романија, Чешка, Словачка, Унгарија, Русија, Бугарија, а да не говориме за Грманија и Грција.Ние сме последна земја која дури сега ќе ја воведе веронауката. Многумина од луѓето си го поставуваат прашањето зошто овој предмет не се одржува во Црквите, па кој сака да присуствува на нив. Затоа што голем е процентот на луѓето кои во Црква одат само само на Велигден и Божиќ како празници кои традиционално ги обврзуваат луѓето да отидат во Црква, или кога имаат потреба да Го помолат Бога, да им исполни нешто во нивна корист.

Таквите луѓе ќе им оневозможат и на своите деца да израснат во една здрава и морална личност. Зашто со посетување на часовите по веронаука детето ќе научи да ги почитува родителите, ближните, себе си, да не краде да не лаже, и да има вистинска престава за верата и за Бога. За да го нахраниме телото потребна ни е телесна храна, но, за да го нахраниме духот потребна ни е духовна храна, која децата кои ќе го изучуваат предметот веронаука ќе ја примаат преку него. Родители, вашето дете нема да го сметаат ниту за конзервативно, ниту за глупаво и смешно, затоа што изучувањето на сопствената вера е зачувување на вистинските вредности кон кои сите ние треба да се стремиме. Со методските единици предвидени по предметот веронаука и со изучување на истите, освен што децата ќе ги изучат основните вистини на православната христијанска вера, јас искрено се надевам дека значително ќе се намали бројот на децата кои посегаат по разни пороци, а тоа се случува уште во најрана возраст. Возрасните сигурно размислуваат дека сето ова не му е потребно на нивното дете.     Ако човекот со своето срце се уште не ја почуствувал живата потреба од верата и од Спасителот, значи дека тој сето ова го слушал само со ушите, но не и со душата. Но, кај децата е поинаку. Тие се почуствителни, порадознали. На пример, ако на едно дете му ја кажеме молитвата ,,Оче Наш'' тоа во неа ќе пронајде таква смисла, која што возрасниот нема ни да ја забележи. Затоа оваа расправа за воведување на веронаука станува беспредметна и бесловесна. Јас би сакала накратко да ви ги изложам наставните теми кои ќе ги опфаќа предметот веронаука. Најнапред ке ги воведеме децата во веронауката; 2.за Библијата која е книга над книгите; 3.Созданието како дар и дарот на создавањето; 4.за работата, одморот и празнувањето; 5.да не го правиме тоа што не оддалечува од Бога; 6.Со Бога по патот на доброто и животот; 7.верата е таа која не поврзува сите; 8.Верскиот и духовен живот во Македонија; 9.верата применета во нашиот живот. Со сето ова ќе им се овозможи на децата, а преку нив и на родителите да дознаат дека со одење во Црква треба да се помолат и да испросат од Бога нешто разумно и свето, здравје, а нивната молитва да биде срдечна, искрена и нелицемерна. Многумина имаат погрешна престава за Бога и за верата. Па ветуваат разни работи со цел Бог нда им ја услиша молитвата, палат големи свеќи, носат јагниња мислејќи дека на Бог му принеле жртва. Но веронауката во училиштата ќе ни објасни дека средствата од свеќите и од иконите не се за да го смилостивиме Бога, туку за да може Црквата да ја продолжи својата историска мисија за приведување на светот и човекот кон вечните вредности на животот во Царството Божјо, ако ни објасни дека последната жртва е Христос и дека поважно е да се каже Оче Наш или Господе Исусе Христе помилујме, отколку да се колат јагниња и дека како христијани треба да не познаат по добрите дела, ако ни објасни дека суеверието и верата се две дијаметрално спротивни работи, тогаш не гледам причина за да не ја подржиме веронауката. Свети Јова Кронштатски вели: ,, Младоста поседува доста во главата, додека за жал многу малку, често и ништо во срцето.'' Јас мислам дека со почнувањето на веронауката тоа ќе се смени, а таа ќе не спаси од суеверие и паганство. Училиштето кај нас, одамна веќе ја оставило верата понастрана, но сето тоа повторно е најмногу на штета на децата. Жално е кога ќе се каже дека нашиот млад човек се уште расте и се развива без познавање на Христа и Неговото учење и без знаење на основните вистини за својата вера.

    Учениците учат многу работи; читаат од она што им се нуди од повозрасните или одбираат сами, но сеуште како да е најтешко да се сретнат со верата и со верското живеење. Без православна вера и без Црквата, Македонецот е празен Македонец или Македонец на збор, а без содржина и без македонски дух. Затоа на македонската држава и народ, ако им мислиме добро и ако сакаме просперитетна иднина, тогаш драги Македонци и Македонки, почитувани родители – мајки и татковци, ќе се заложиме нашите деца да учат веронаука во училиштата. Нашиот македонски народ не треба да ја запостави својата света вера, па на разни начини преку семејна или црковна грижа, да ја зачува љубовта кон верата и кон Црквата, но не и знаењето за нив, оти немало од каде да го добие тоа знаење. Затоа нашиот заклучок е краток и јасен: нема вистинско и целосно воспитание и образование на учениците без религиозното. Нашиот народ бил измачуван, гонет и протеруван низ историјата. Во тие прогони и бегства немал материјално богатство за да го понесе со себе си, па во своето срце и душа си ја понел верата во Бога и ви својата Црква, насекаде каде што одел ширум светот. Преку веронауката сакаме да ја надминеме морално духовната криза кај нас, која најмногу се чуствува и се изразува кај најнезгрижените – кај малите и младите. Потрбна е духовна обнова со која младите ќе ги вратиме на традиционалните вредности и на возвишените верски, евангелски идеали. Со веронауката и верското воспитание учениците ќе добијат вистинска мудрост и човечност. На часовите по вероучение, нема да се учат природните науки, хемиски или математички формули, ниту јазици, туку детето ќе се одвикне од јазикот на лагата, од измамата и од лукавството. Ќе го разбира јазикот на совеста и обврските. Ќе се научи да разговара со Бога. Верата има значајна улога во животот на луѓето. Таа е ср'жта на човечката личност. Верското воспитание е потребно и за разбирање и за развој на културата, зашто нема вистинска култура без вера. Кај нас сета култура е суштински сврзана со верата. Во вероучението, секако вниманието ќе биде свртено и кон библиската вистина дека нашава земја Македонија е вратата низ која влезе христијанството и Евангелието во Европа. Македонија е библиска земја и апостолска, затоа што свети апостол Павле кога решил да влезе и да го проповеда Евангелието и во Европа, најнапред дошол во Филипи, во Македонија(Дела 16, 8-12). Од Македонија во првиот век, прозрачило низ цела Европа сонцето на светото Евангелие. По десет века, повторно од Македонија и од Охрид, засветлува духовната светлина на охридскиот црковрн просветен и културен центар на свети Климент. Со тоа ќе покажеме пред светот дека овде се раѓале црковната цивилизација и култура за целото словенство и за цела Европа.

Извор: Повардарска епархија

Посети:{moshits}