Ги подготвуваме децата за задзавчерашен свет (предавање на Људмила Петрановскаја-психолог од Русија)

95% од она што се учи во школо е неактуелно.

    Постои таков израз: генералите секогаш се подготвуваат за минатата војна. За родителите и педагозите тоа уште повеќе се однесува. Родителите го воспитуваат детето во сегашниот ден. Кога размислуваме за тоа што би било добро за нашите деца, гледаме наоколу, го анализираме она што се случува и според тоа заклучуваме, за што да ги учиме, што да не ги учиме, како да ги насочиме. Но, притоа ние ретко размислуваме, дека во она време во кое нашите деца ќе пораснат, денешниот ден за нив ќе биде, задзавчерашен..
    Самото училиште ги наведува натаму родителите, кој исто така ги спрема децата за задзавчерашен  ден. Веќе денес 95% од тоа што го учат децата во школо и на што си ги трошат силите и времето, е неактуелно, нерелевантно дури и за сегашниот ден, а да не говориме за идното. Тоа е еден парадокс на воспитанието, во сите други сфери ние однапред планираме, се занимаваме со стратегиско планирање, размислуваме, што ќе биде понатаму, а  што се однесува до делото за воспитание на децата, ние како да забораваме на тоа, дека времето-минува, а животот-се менува.

За десет години ќе исчезнат 15% од оние  професии кои сега постојат

    Според прогнозите за следните десет години ќе исчезнат 12 до 15 % професии кои сега постојат. Вашите деца сè уште не ќе се пораснати,  многу од нив ни школото ќе го немаат заврешно, а веќе нема да постојат 12-15% од основните професии,  кои ги има сега околу нас. Со напор можеме да претпоставиме, што ќе се случува за 20 години, кога точно вашите деца ќе пораснат.
    Современиот свет се карактеризира, со голема брзина на промена. Дали паметите кога се појави првиот личен (пероснален) компјутер? А првиот мобилен телефон? Дури и во оваа сала има луѓе, како сето тоа не постоело, односно неможат да си претстават, како може сето тоа да го нема.
    Дали сте си го поставиле прашањето, зошто често дејствието на многу акциони филмови не се случува во современиот свет, туку да речеме во 80-те години. Многу едноставно, затоа што ако си претставиме дека хероите имаат мобилни телефони, задачата на акционоста се воведува во поредок. Режисерите просто го преместуваат сижето во време кога нема мобилни телефони. Така се добива движење: некој се изгубил, некој друг го бара,  еден  не знае каде е другиот, друг не кажал, трет не разбрал.
    Што да се прави сега, кога сите имаат мобилни телефони? Мора да се направи некаква уметничка ситуација, во која на пр. херојот западанал во некоја зона каде што нема сигнал, или го придушиле вонземјаните. Такви филмови има многу.
    Мобилниот телефон  не е просто некоја мала техничка направа-тој  го менува нашиот живот и нашите односи,  со на пример, децата, кои сега растат во ситуација на постојана контрола. Дали вашите родители порано знаеја што вие правите по цел ден? Додека пак, денес дали некој од вас, може да се помири со тоа да не знаете дури до вечерта, каде се наоѓа вашето дете, дали си ја ставило капата, дали јадело.
     
    Мамичката пишува во WhatsApp:
    
    -Си го стави капчето?

    Тој одговора:
    
    -Си го ставив.
    
    Таа повторно пишува:
    
    -Направи селфи  и прати ми го.

Децата многу работи разбираат подобро од родителите

    Колку силно ни го менува животот интернетот? Во смисла на сè, почнувајќи од можноста на работа оддалеку, завршувајќи со тоа што ние веќе неможеме да конролираме, што и кога ќе дознае/научи нешто нашето дете.
Некои ги прашуваат психолозите: «Од која возраст можеше да му дозволиш на детето, да се вклучи во социјалните мрежи?» Другари, тоа воопшто и не ве прашало! Тоа за минутка на одморот, од телефoнот на другарчето, ќе направи профил, ќе оди кај сака, а вие нема ни да знаете. Конечно тоа во сето тоа многу подобро се разбира од вас.
    Тоа е  една многу интересна нова појава-во нешто децата се разбираат подобро од родителите. Никогаш во историјата на човештвото, немало такво нешто, а сега тоа е нормално.
    Во ситуација на такви брзи промени, таква непредвидливост, таква многузначност, возрасните се нервираат, бидејќи не знаат што ќе се случува понатаму. Така да не е воопшто случајно, што во моментот се популарни футуролозите, кои се обидуваат да разберат, што ќе се случува понатаму. Кога родителите се нервираат, почнуваат да ги притискаат децата, барајќи тие да бидат соодветни за иднината, за коja не знаеме.
    Ми изгледа како една особеност, на нашето време: од една страна ние сфаќаме, дека не можеме да го предвидиме идното, а од друга страна ние страдаме. Но, да се вознемируваш за идното е невозможно, бидејќи неможеш да се вознемируваш за она што не го знаеш!
    Поради тоа, ние се секираме, за тоа што можеме да си го замислиме. Како тој ќе ги положи екстерните испити, дали  ќе го усвои 95% непотребното знаење во школската програма, дали го научил ова, дали го запомнил она. Неспокојството се наоѓа во древните слоеви на мозокот, тоа е таква инстиктивна програма, реакција на стрес, а одгоре се наоѓа умниот кортикален мозок, кој не сака когнитивена дисонанца, кога ние постојано се беспокоиме незнаејќи за што. Мозокот веднаш почнува да бара причина, бара одговор на задачата која си ја поставил. И ете се секира за екстерните испити.  Каква ли е таа логика?



    Постојат многу можности да се добие своето образование

    Јас сега многу се гледам со луѓе од Русија, кои заминале во Европа со децата и одат во општинските школи.  Имено, обете страни се шокираат едни од други.
    Велат, дека швајцарското министерство за образование, спроведува специјално советување, што да прави со руските мајки. Ним им дале назив-мајка хеликоптер. Тоа е мајка која, налик квадрикоптер, го надлетува детето и го следи, односно се вознемирува.
    Притоа, една моја млада колешка, која замина во Европа, пред неколку години, вели дека таму имаат сосема различен однос кон образованието: веднаш после училиште во универзитет одат  или јарко изразените интелектуалци-ботаничари, кои би се занимавале со истражувања, или децата на богатите родители, во кои тоа е варијанта  да се продолжи детството.

     Сите останати претпочитаат најпрво малку да поработат и да се преиспитаат себеси извесно време, работејќи на нискокласифицирани работи, да пропатуваат по светот. Да бидат во својство на асистенти и помошници во разни сфери, а потоа одат во некој  бакалавриат (подготовителен степен за магистратура-заб на прев.) По неговото завршување, една или неколку години работат, а потоа се запишуваат на магистратура, понекогаш по друга специјалност.

    На првиот курс на бакалвриатот седат еден покрај друг и некој со 30 и некој со 50 години. И сето тоа е нормално. Имено, човекот порано немал можност или пак тој воопшто не разбирал  за што е.

    Но, ние упорствуваме: ако детенцето не се запишало веднаш на факултет-животот не успеал, а на лошата мајка и е сè воопшто ужасно, катастрофа, «ќе бидеш чистач на улици»
    Има прогнози кои говорат за тоа, дека децата родени по 2000 година, со голема веројатност, ќе живеат 100-120 години, ако  ништо катастрофално не се случи. Вие пак им го вадите паметот за контролната по хемија.
    Понекогаш едноставно можеме да поразговараме со детето за тоа што тој има да живее до 120 години, за да не планира да скокне од прозор за поради некој лош испит и ли несреќна љубов.  Може да се поразговара со него дека пред него има долг живот и дека сето тоа ќе се измени уште 10 пати и ако тој посака да изучи хемија (доколку му е потребно), тоа ќе биде возможно.
    Погледнете само колку сега постои огромно колилчество можности да им го довериме своето образование, доколку во свое време не сме го добиле. Ние ќе се движиме кон тој модел. Ние нема да учиме еднаш за цел живот, туку во теко т на целиот живот ќе учиме и доучуваме многу пати.


Ние пак се обидуваме да им ги всадиме на децата погледите на нашите родители

    Еве пример. Колку многу внимание им доделуваме на странските јазици. Јасно е дека во современиот свет неможеш да функционираш без англискиот јазик. Лошото познавање на јазикот ја тормози нашата наука, затоа што просечен барател на докторска титула понекогаш неможе да ги прочита современите статии.
Но, судејќи по сè, нас не делат пет, максисмум десет години од google-преведувач кој добро работи синхроно, така што тие часови и години изгубени на англиски јазик ќе бидат  просто непотребни. Да,  google-преведувачот никогаш нема да ни  овозможи да го читаме Шекспир во оригинал, да се насладуваме но, кој процент од да речеме оние кои го знаат англискиот јазик, го прават тоа? А ако сето тоа биде исто, зошто не.
Луѓето секогаш ќе имаат екзотични хобија. За 15-20 години, егзотично хоби ќе биде да знаеш да возиш автомобил, исто така како што сега некому му се допаѓа тоа и тој знае да да јава на коњ. Луѓето бараат специјални места, каде што се обучуваат за тоа и даваат многу пари и јаваат од задоволство. Некогаш пак било ненормално  луѓето да незнаат да јаваат на коњи.
Во таа ситуација ние се занимаваме со застарени нешта и се грижиме за децата и се обидуваме да им ги пресадиме тие погледи, тие претстави за тоа што е правилно,  што е подобро, а што полошо, онака како што било кај нашите родители, или предци.
Кога се наоѓате на премногу стрмни скали, вие инстиктивно се фаќате за оградата. Кога настанува пребрзо темпо на промени, луѓето инстиктивно се фаќаат за носталгијата и си мислат: «Леле колку беше подобро порано.» Сигурно сте ги чуле оние носталгични фрази: «Колку порано во советското школо се учеше добро.» или  «Порано децата ги слушаа своите родители», или «Децата порано имаа уважение (кон постарите-прим.  прев.)», или  «Децата порано читаа книги»? Психолошки, тоа е сосема разбирливо.
    Второ прашање: ти биди носталгичен или неносталгичен, линијата на времето сепак се движи во една насока. Конечно може да биде, да се случи некоја сесветска религиозна фундаментална револуција и ние сите да носиме паранџи (хиџаб-прим. прев.), или да се случи нуклеарна војна и ние ќе ловиме со стапчиња некои двоглави зајчиња и ќе бидеме изгорени од сонцето но, тоа е сепак виша сила. Но, сите ние сепак се надеваме на најдобарата варијанта, што сите ќе се опаметат и нема да дојде до тоа.



Топ-6 застарени идеи кои ние се досега ги внедруваме во главите на децата


Кога се подговотував за предавањето составив  список на стравови на поколенијата


    Идеја бр. 1: Добро е да се има професија која е надежна за цел живот

    Има професии кои најверојатно нема да исчезнат. Ќе има секако лекари, но тие ќе бидат лекари, пред сè, многу малку слични на денешните. А за да стане човек таков лекар,  ќе треба пренаучи сè во потполност.

    Кога јас го завршував училиштето икога сакав да се запишам на психологија, ми зборуваат: «А што ќе работиш ти? Знаеш ли ти дека психолог е работа за оние во клубот до 30» Треба да почнам од тоа што е  «оние во клубот до 30»-ова е навистина смешно. Тогаш постоеше специјален клуб за неликивиди, оние кои не нашле пар  до 30 години и сега со помош на психолог и  специјално организирани танци, тие имаа шанси за создавање на семејство. Сега народот во 30 години само си го чешка тилот: Да се женам -да не се женам, да се мажам-да не се мажам, да почекам уште малку, а не порано. Да не спомнувам за тоа што психолозите станаа многу потребни.
 Ниту тие можеа тоа да го замислат, но, тоа така се случи. Имав приајтели филолози: жената учеше на катедрата за класична филологија, изучуваше старогрчки јазик и латински, а мажот учеше на катедрата за славјанска филологија и ги изучуваше јазиците на братските народи (ова се случуваше во советски времиња).  Додека тие учеа, беше очигледно, дека мажот има сигурно парче леб во рацете, затоа што преводите на комунистичките писатели одеа, пристигаа делегации, тоа беше постојан обем на работа.
Таа пак учи некое женско ракоделие, некои глупав латински, кој никому не му е нужен. Потоа се случи перестројката, мажот остана без работа,  а таа доби полн замав, затоа што сите почнаа да отвораат класични гимназии, сите сакаа да ги учат децата на латински јазик.

Идеја бр.2: Потребно е да се штедат пари

    Следното убедување, кое  кое сме го добиле од бабите но, сами го исповедаме и се трудиме да им го предадеме на децата-нужно е да се одложува за «црни денови», воопшто да се собираат пари. Но, што во современиот свет значи да штедиш пари? Како? Се сеќавате кај Агата Кристи: тој нејзе ѝ оставил  толку и толку фунти, а таа ги ставила во во банка за процент, живеела во својата драга селска куќиќчка, со две спалнички, и со малечка градина покрај неа и пиела чај кај Тифани, понекогаш.

    Во современиот свет тоа е неможно, сите ставки се  веќе одамна негативни, а да штедиш и да  одложуваш пари, е можно на некаква кратка перспектива. Имено, што ќе правиш понатаму со нив? Треба некаде да се вложат, а каде-треба да се знае. Просто така, да се однесат во банка, да се положат и да се успокоиш е невозможно, а пак во чорапче да ги ставиш е уште поглупо. Вусшност, незнам што е поглупо, зашто можеби во ситуација на банкова криза, попаметно е во чорапче. Но, статегијата, собирај/штеди пари и ќе имаш среќа, веќе не функционира.
    Во истиот контекст, ние често  ги поучуваме децата на грижливост кон некоја облека, што исто така денес не е релевантно. Во современиот свет често  пати, е поедноставно да ја смениш облеката, отколку да се тресеш да не ја скинеш или извалкаш. Тоа е пообјективно  и поправилно од сите страни. Од економска, вбројувајќи ги парите, времето и останатото, не сметајќи ги нервите.
    Во книгата «SelfMama»,  пишував за животните вештини за вработената мајка. Ако во училиштето на вашето дете, постои униформа, купете три пати повеќе облека, отколку што му е објективно потребно. На тој начин вие го економите своето време и нема да бидете принудени да ја простирате и сушите со фен таа униформа ноќе, во недела или сабота, доколку сте работеле.
    Кај луѓето се појавува шок: како може така? Што би кажала мојата баба, ако јас купам три пати повеќе облека на моето  дете, отколку му е потребно?  Добро, ајде да седнеме и да пресметаме. Колку чини излишното здолниште или излишниот елек за вашето дете? Колку чини вашиот работен час?  Често тоа се луѓе, кај кои работниот час чини повеќе од здолнштето, а бабата не го кажувала  тоа.
    
 Идеја бр.3:  Потребно е да се собираат знаења и да се разбираш во сè

    Јас зборував за собирање пари, а сега ќе зборувам за собирање знаења. Човек е должен да знае сѐ. Детето треба да прочита «100 книги, кои задолжително треба да ги прочита вашето дете», «100 филмови кои  задолжително треба да се гледаат». Музеи по список  задолжително, ова  задолжително, она задолжително. Додека всушност да се насоберат знаења, во современоста, воопшто не е важно.
    Обемот на инфомации е таков, што да се насоберат е невозможно, притоа достапноста до информацијата е таква што, да се помни нема никаква смисла. Апсолутно е нерелевантно. Школото во потполност се основа на тоа-да се насоберат знаења. Широката образованост, ерудицијата 50 години наназад давале конкурентна предност, а сега единствено каде што можете тоа да го примените е да играте игра на телевизија.

    Во пракса во современиот свет-само за тоа се говори-дека е многу подобро ефектно да се ориентираш во морето од информации, да умееш да ја пројнајдеш, да умееш да ја структуираш, да умееш да ја разликуваш вистинската од лажната информација. Каде  учат на тоа? Човекот сам се научува на интернет. Не во школо, не од родителите. Некој научува, некој не.

 Идеја бр.4: Потребно е сè да се прави добро и квалитетно

    Потребно е  да сè прави добро, не туку-така, но квалитетно. Мојот дедо велеше: «Не треба ништо да се прави туку-така».  Нерелевантно. Но, доколку во современиот свет вие се обидете да правите сè добро, вие нема долго да издржите, чесно ви говорам. Задачата во современиот свет, е напротив  е противположна-да се умее итро и брзо да се определи, што ние правиме апсолутно добро, што правиме прифатливо, а што правиме онака.

    Тоа е она истото што школото  не учи добро, а тоа што задаваат толку многу, што е невозможно да се изработи сè. Ако родителите не го уништат мозокот на децата од своја страна и не го бараат тоа безумие, рефератите по москововедение (предмет за градот Москва-историја, култура, топоними) да бидат за петка, напишани самостојно после учењето литература.

    Кој од вас е постар, се сеќавате колкав беше типичниот обем  на домашна задача, на пример во основното училиште? Три примери и една вежба. А гледајте што сега задаваат? Ваквата ситуација ги учи децата како да прават избор, но, важна е позицијата на родителите: дали тие надвисуваат над децата дека се треба да сè прави добро, а потоа се жалат што детето 5-6 часа седи над предметите, со нервоза, со хистерија.

    Или тие му говорат на детето, дека во таа ситуација е новозможно сè да се направи, па ајде да се ориентираме,  да видиме што е можно да се скрати, што е можно да се направи квалитетно, дај ќе ти помогнам тебе. Неопходната компетенција во современиот свет-е да се рангираат задачите: што треба да се направи по совест, што  треба да се направи на равништето «ќе се натокми», а што треба да се прави само да се ослободиме.


     Идеја бр.5:  Потребно е да се погрижиме, да бидеме успешни преку усрдност


    Уште една важна вистина, која нашите баби и дедовци ја сметале за незабиколна е дека се добро се дава преку тежок труд и затоа ти си должен да се грижиш со усрдие да дојдеш до резултат.
    А што ние гледаме наоколу? Наоколу ние гледаме успешни луѓе, а могумина од нив многу работат. Но, можно ли е нивната работа да се нарече со зборовите »усрдие« и «преку труд да добиеш«?
Тие работат како споулавени, затоa што тоа им се допаѓа и тие се во своето течение. Додека пак некој случајно стекнува успех, а некој секако не во соодветност на усилбите.

    Зошто сопственикот на компанијата Facebook  стана многу богат човек, додека сопствениците на другите системи, кои можеби биле подобри, беа купени од  Facebook? Доволно случајно, се погодил среќен момент, се сложиле работите така. Децата не се идиоти, тие гледаат, дека во современиот свет, усрдноста воопшто не е рамна на успех, а ние продолжуваме да бараме од нив упорност и усрдност како главни доблести.



     Идеја бр.6: Нагоре по скалилата на кариерата

    Кариерата во современиот свет се помалку има вертикален карактер, хиерархиски карактер. Тоа што отсекогаш постоело-чекор по чекор, скаличка по скаличка: прво бил обичен работник, потоа надзорник, потоа началник на погонот итн. Ти треба да се најдеш во голема хиерархија, во крупна корпорација, во некојаси голема структура и таму, скаличка по скаличка да се возиш нагоре. Така што ако не се најдеш во таа хиерархија, кај тебе тогаш нема некои посебни шанси.

    Што гледаме во современиот свет, благодарение на поврзаноста. Повторно се појави хоризноталната кариера. Кога таа последен пат постоеше? Средновековие, град на маестри, ти не создаваш кариера во корпорации, ти едноставно  најдобро правиш глинени садови,  плетеш черги, ти доаѓа слава, дека никој  друг така не изработува.

    Понатаму ја разработуваш својата хоризонтална кариера, така што нема да станеш началник  на сите глинари, ти само изработуваш најцврсти глинени садови и  кај тебе доаѓаат од сите околни градови и  на твоите садови им расне цената. Примаш луѓе во голем број во подмастерство, тие исто така изработуваат нешто слично, но сепак не така како ти. Ете тоа е хоризнотална кариера. Современиот свет ја прави возможна.

    Јас имав еден многу стар роднина, кој за време на перестројката имаше 70 години. Тој целиот живот работел во некој мал оддел во царинската служба на СССР и туркал некое поморско царинско право. Кога падна железната завеса,  се открило, дека такви специјалисти нема воопшто. После тоа сите оддели и министерства му се валкале крај нозе буквално и биле готови и на раце да го носат од станот во автомобилот, а потоа и во кабинет да го пренесат, само за да не отиде во пензија.Така се случи, што за време на неколку години, тој беше единствениот специјалист во Русија воопшто во некоја област од самото право. Седел човекот цел живот на малечка министерска должност и  одеднаш прекуноќ како резултат на процеси кои не зависеле од него, тој се покажал како хиперпотребен специјалист.

Концепцијата на кариерата во современиот свет не е за тоа, што треба да се приклучиш на нешто подобро во структурата на искачувањето, туку во тоа што ти ќе знаеш нешто особено и уникатно. Ти можеш да бидеш специјалист по крстен вез по методот на древните сумери и во принцип луѓето кои ги интересира крстниот вез по методот на древните сумери, во цела земја може да биде 500 луѓе, од сите 7,5 милијарди.

Порано ти немаше ниту една шанса да заработуваш со тоа и мораше таму некаде да работиш, додека со своите сумерски крстни везови можеше ноќе дома да се занимаваш,  во кујна. Сега, доколку ти се покажеш како мастер, кој има вештина да везе крстно по сумерски, благодарение на поврзаноста со помош на интернет, ти можеш со тоа да заработуваш: за тие 500 луѓе ќе правиш вебинари,  ќе одржуваш мастер-часови, тие ќе доаѓаат кај тебе на консултација, ќе ги купуваат твоите изработки.

Јас се сеќавам на една совршено потресувачка консултација, која ја имав со мајката на едно 16-годишно момче. Таа многу му беше лута, затоа што оти тој го пропуштал школото, не учел, плукал на екстерните испити итн. Сѐ на сѐ, таа дојде кај мене со овој текст, имено што моето дете е таков мрзливец, ништо не прави, јас немам поим, како тој ќе живее, нешто кошмарно претстави.

Јас почнав да објаснувам, што тој прави, кога не учи, збор по збор се објаснувам, дека детето прави музика за компјуерски игри, заработува  на пример 3000 евра за месец, имаат потреба од него во Австралија, во Канада, и незнам уште каде. И притоа тој не сака да оди во школо и недоволно усрдно ја чита «Војна и мир».

Ако ние бараме од детето тоа сè да прави квалитетно, тоа нема да има шанса да стане најдобро во нешто.
Јас на толку можев да се сетам. И сметам, дека ако вие поразмислите, ќе се сетите на примери на непоколебливи вистини кои ние им ги внедруваме на децата в глава, а тие не соодветствуваат на реалната положба на нештата. Ние едностанвно немаме брзина на анализа и критичко мислење, за да успееме да се сообразиме. Ние просто по инерција се движиме, некаде. Впрочем тоа не е ништо страшно, сите родители се такви, ние не сме исклучок, доколку не пројавуваме вишок усрдие.

Проблемот на современите родители е што тие често се однесуваат кон тоа дело со неверојатно усрдие, тие така ги притискаат децата за тоа да ги подготват за светот, кој повторувам, кога тие ќе станат возрасни ќе биде задзавчерашен, тие толку многу не можат да се помират со тоа, што нивното дете нема да знае англиски на седум години, или нема да чита на пет или нешто слично.

Денес што веќе нема, а  многу деца водат таков начин на живот, така што на пет години детето нема време, да поигра. Од една активност оди на друга, од втората на трета. Притоа доколку детето со нешто само се занимава, често пати не предизвикува никакво уважување кај родителите: «тоа е некоја негова глупост, секако, па добро малкуцка поиграј, помеѓу задачите и активностите по дополнителен англиски».

Од друга страна ние разбираме дека понекогаш тој има шанси да створи кариера  за сметка на нему интересното, во кое што тој може да стане вистински мастер. Тоа е како прашање на избор: што да се прави кавлитетно, а што онака. Ако ние бараме од детето да прави сè квалитетно, тоа нема да има шанса да стане најдобро во нешто, а во современиот свет имено, тоа е залог за успех, а не рамномерноста «сè како што треба» како резултат на притисокот од страна на родителите и школото (конечно тука школото ги поттикнува родителите на тоа) доведуваат до тоа, што  децата имаат чувство, што им е одземено кормилото на управување со животот и тие сами не решаваат за себе ништо, туку само ваму-таму, таму-ваму. Се чини, дека тоа е добра средина за развој но, детето нема никогаш слободно време просто да си полежи, да си почита, да се подружи со друштвото. Просто да ги погледне облаците и времето.

Имено, за cool се смета тоа кога човек нема време за тоа, просто да помисли, да  поразмисли, да почувстува, да потагува гледајќи го  дождот, например.  А невозможно е  затоа што тој за пет минути има да направи едно нешто, за десет нешто друго, а треба и да направи проект за задутре за тоа, тоа, тоа и тоа.

Кога детето чувствува дека е само пионче, тоа  почнува да дава пасивен отпор. Како резултат на сето ова, детето, обично во пуберететска возраст открива, дека може едноставно да каже «не», дека нема ништо да прави и тој ништо и не прави. Штом тој ќе го открие за себе методот на италијанси штрајк «ќе легнам на кревет и нема да станам од него»-токму така и прави. Исто така, тој открива можност кај себе, на пример, дека се плаши да излезе од собата-тој така и прави.

Во последно време се појави една стихијна беда  на «нови обломови». Во Јапонија ги нарекуваат «затворници». Млади луѓе се затвораат во соба, никаде не одат и ништо не прават, не учат, не работат, не се дружат со никој, во најдобар случај седат пред компјутер, а понекогаш просто спијат.

Млад човек кој  не учи, не работи, ништо не прави. Дури не може да се каже, дека се шета на школо, затоа што се дружи со другарите. Не, тој и со другари не дружи, тој воопшто ништо не прави. Скоро секој пат, кога ќе ги прашаш родителите, што се случувало порано, има анамнеза на на бурен ран развој, кога детето го влечеле, учеле, му влевале во глава голем број најразлични нешта. И толку очекувања постоеле, толку способно дете, такво девојче кое дава надеж, такво интересно дете,  треба повеќе да му се даде, затоа што тој има толку дарови, треба сите да се развијат.

Детето со години живее во таква состојба, кога му е одземено кормилото (пултот на управување), и тој се чувствува како пионче, кого го распоредуваат. Во еден момент тој ќе стане пубертетлија, во него ќе се случи криза на идентитетот и тој сфаќа дека  единствен начин да си ја врати својата субјективност, да си го врати  управувањето со себе-тоа е просто штрајк.  Знаете, како оние протестанти поддржувачи на ненасилство кога ќе седнат на асфалтот,  се држат за раце и полицијата треба да ги оддели. Ти не се дерат, не бегаат, но со таков пасивен отпор  ја изразуваат својата воља. Така и детето.


Какви квалитети (карактеристики) ќе им бидат потребни на децата во иднина?

    При сето тоа, современиот свет го изискува противположното: вклученост, ентузијазам, агилност. Специјалистите одделуваат четири  компетенции кои најмногу ќе им требаат  на децата во овој свет, кој веќе настапил делумно. Ги нарекуваат четирите «К»: комуникација, кооперација, креативност и критичко мислење. Јас ќе се осврнам на секој поединечно, а вие за секој од нив размислете, како со нив се справува училиштето на сегашноста.

    Комуникација. Што се случува кога децата општат за време на часовите, ги учиме ли на на разновидните  начини на општење? Имав тренинг со наставници, кои беа млaди луѓе и  имавме вежба  на која требаше да кажат какви сакаат да ги видат децата на час, тие веднаш кажаа: «неми и парализирани». Класен раководител или директор тоа никогаш нема да ви го кажат, туку ќе речат: «ние сакаме кај децата да се развива личноста, за да бидат активни граѓани». «Петров, затвори ја устата и седни!» каква комуникација?

    Многу родители претенциозно говорат: «Да тој оди на училиште за да се дружи и општи». Господи, како воопшто да оди некој во школо за да учи она што треба да го учи! Децата воопшто се големи пронаоѓачи, тие се способни да најдат начин како да се поучат во многу лоша атмосфера за  учење. Тие љубат да учат.


    Кооперација. Способност да дејствуваш во согласие со други луѓе заедно, постигнувајќи синергија на ресурсите. Дали нашата школа учи на тоа? Знаете многу примери, дали има во школите работа по групи? Замислете си, дека подоготовката за некоја контролна или испит да биде ваква: «Вие петмината, станете една група, вашата задача за прекутре е да претставите решение на тие задачи». И децата одат кај некој од нив дома и ли во некој пријатен школски агол, седнуваат и почнуваат заедно да работат на решавањето на тие задачи. Притоа дечињата се различни, кај нив има различен степен на подготовка и различен степен на знаење.

    Знаете ли што говорат нашите учители, кога ќе им предложиш нешто вакво? «А како јас да дознаам дека тој не препишал? А како јас да дознаам дека не решил самиот, туку некој друг?» Па слушајте, возрасните така и прават. Ако забележите како е организирана работата во вашата фирма,  во одделот на вашата мала компанија, каде и да сте работеле, така е: пред групата се става задача, групата тргнува, распределува, едни изнесуваат мислења, друг уредно запишува, трет критикува. Четвртиот ги бодри сите и укажува на нашите квалитети, а петтиот носи кафе, зошто и тоа е потребно.

     На возрасните, од некоја причина им дозволуваат така да работат. А се знае и зошто: возрасните работат за пари и ако не го ползуваме ефективниот метод за работа, ќе се распаднеме, а тоа е ефективен метод на работа. Кооперацијата претполага распределба на обврските во сојуз со клучните компетенции, особености и согласие на дејство. Кога сите одат во строј и со нив еден командува, тоа не е кооперација.

    Дали нас школото нè учи на кооперација? За нив тоа е заговор, ако пробате да им предложите таква форма на работење. Веднаш се појавува она што претходно ви го кажав: «А како ние ќе дознаеме, како ќе имаме доказ, ако тој всушност не решил ништо?» Да, тој сам не решил но, тој создавал атмосфера. И кога некој друг решил и потоа му објаснил, тој многу подобро сфатил, отколку кога учителот објаснувал.

    Креативност.  Дали ја засилуваме креативноста кај децата? Епа кога ние ќе ја зададме темата: «Сега ќе ја цртаме Новата година», детето конечно избира дали ќе нацрта снегулки или топчиња. Тоа е креативноста кај нас. Дали сме подготвени кон тоа, детето да има право да нацрта нешто друго?  Например себеси сам како седи на столот, и да каже: «Тоа е мојата Нова Година, затоа што мене на нова година ќе ми биде тажно и ќе бидам осамен» . Во овој случај учителот веднаш ќе го прати детето кај школскиот психолог, оти за ваква креативност треба казна.

    Како ќе изреагираме ако детето  изработи на друг начин, ако избере некоја друга форма, за да ја искаже својата мисла? Во реалноста се засилува имитација на креативноста, во тесни рамки, «тука шаблонот може поинаку да се нацрта». Реалната краеативност, тоа е кршење на рамките, тоа е кршење на шаблоните, тоа е «да направам така како што никој досега не направил». А вие како постапувате? Ако детето го напишало расказот, како никој пред него не напишал, нема да добие од тоа ништо добро.

    На крај уште, критичктото мислење. Го развиваме ли кај децата критичкото мислење? Не дај Боже, да се појави кај нив критичко мислење, тие би станале и би си заминале од ушилиштето истиот ден. И ова не важи само за децата туку и за возрасните.  
Да се управува со луѓето без критичко мислење е лесно, затоа сè е направено така до тоа да не дојде, а ако некаде се случи, треба да биде задушено.

Најважните нешта кои родителите можат да им ги предадат на децата

    Видете, ситуацијата е многу чудна, и доколку не знаеме каде да го насочиме кормилото, тогаш го насочуваме во спротивниот правец. Бог со него, со школото, школото-тоа е една наша посебна болка. Но, ајде сега да размислиме сега за себе, како за родители. Земјаќи го во обѕир сето ова што го кажавме, како ви се чини, со што најважно и најпотребно треба да го опремиме детето во светов каков што е?

    Се сеќавате ко га мајка му на Д'Артањан го подготвуваше, татко му му дал коњ и   му рекол, бори се со сите кои нема да успеат да побегнат, мајка му го облеала со солзи, му дала парче леб во врзопчето. Какво врзопче треба да им подготвиме на децата, после ова што го говоревме? Како мислите, што најважно може да им дадеме?


1. Фундаментални животни вредности

    Воопшто разбирње за тоа, дека има вредности. Ние живееме во постмодерен свет, каде што мерата на таа неопределеност, непретскажливост, двосмисленост е таква, што се чини дека нема вредности, нема добро и зло, нема «арно и лошо». Многу деца во моментот растат, во таа на дело, неразбиирлива за нив каша, каде што не се знае  што е добро, за тоа што самите возрасни се дезориентирани. Самите ние, во голема мера не разбираме, какви вредности имаме. Не сме уверени дека имаме право да имаме  вредности и да говориме за нив. Односно, дека и другите имаат право да имаат вредности.

2. Увереност во себе и доверие кон самиот себе

    Увереност во себе, да се потпреш на себе, тоа се нарекува self.  Мене ми е поблизок изразот  «доверба кон себе», умешност да чувствуваш, што ти е нужно имено тебе, не плашејќи се да го признаеш тоа, не плашејќи се да го кажеш тоа, не плашејќи се да го побараш тоа. Оној човек кој има доверба кон себе, кој чувствува што му е имено нему потребно,  има повеќе шанси да ја направи таа хоризонтрлна кариера, да ги најде своето крстно везење, со кое тој ќе биде најдобар.
    За жал, она за што ние сега говоревме, односно-«изборот на кормилото на управување», повеќе од сè удира по доверието кон себе. Ние многу се беспокоиме за децата,  се нервираме, тука сакаме черга да постелеме, тука да предупредиме, онде да му кажеме, да не оди таму и како резултат на сето ова, ние го подриваме доверието кон себе на детето во голема мера.
    Сè на сè, ако вие погледенете на својот живот и  на животот на возрасните луѓе околу вас, може да забележите дека ништо не дава таква конкурентна надмоќ, како психолошката стабилност и здравје. Тоа е гораздо поважно, од било какви успеси.
Дали се сеќавате, како сите беа допрени од Јулија Липницкаја, кога таа на олимпијадата се откачи и скокна? Резултатот е што девојката има анорекција, таа си замина од спортот. Нејзиниот живот со тоа не заврши, слава Ти Господи, висок спорт не е единствениот  прекрасен начин да го поминеш животот и младоста, има време да се најде себе сè уште. Сепак во тоа било многу вложено, многу часови, усилби, грижа. Ако нема психолошка добробит, сето тоа е бесмислено. Вие можете во човека да складирате, колку што сакате, образование но, ако тој со депресија легнува на кревет, кај ќе биде тоа ваше образование? Вие можете да му го извадите  паметот  со своите повторувања ( на материјалот-заб. прев.), оценките и резултатите. Но, ако тој не е уверен во себе, ако го мачат неврози, депресија, која е смислата на сето тоа?

    Психолошкото здравје, психолошката добробит и стабилност, тоа што се означува со англискиот збор, resiliance т.е способност да се издржи стресот, да се издржат промените, станува едно најважно својство на човекот во овој свет кој премнoгу брзо се менува. Гораздо поважно, отколку количеството на знаење од оваа или онаа област.

    За жал, ние за да добиме успшеност во овој момент, удираме по тоа resiliance, затоа што сакаме, токму сега, детето  да го направи тоа што нам ни е нужно, и да ги покаже тие резултати кои нам ни се нужни.

    
3. Родителска поддршка

    Доколку ние детето го пуштиме во светот со таква неопределеност и непретскажливост, од самото тоа следува дека тоа ќе направи грешки. Просто невозможно е во ваков свет да не се направат грешки. Затоа ние треба многу да поработиме кон сопствениот однос кон грешката како кон беда, вина, чудовишна случка. Ова е проблем на нашата култура, што ние се однесуваме кн грешката како кон несреќа и вина, не мислејќи за тоа, лично говорејќи, дека грешката е само показател за тоа, дека човекот се учи на нешто ново.
Дали сте размислувале за тоа? Ако нешто чините без ниедна грешка, за што говори тоа? Дека вие умеете веќе да го правите тоа. Кога наутро правите омлет, најверојатно нема да направите ниедна грешка, бидејќи извршивте една автоматска работа. Резултат на  сето тоа, не се покажува дека вие се учите, туку резултат е омлетот кој го изедовте. Вие ништо не научивте како резултат, односно не го правевте омлетот заради тоа.
Ако човекот нешто прави без грешка, тоа значи дека ништо не учи во тоа време. Доколку прави нешто грешејќи, значи освојува нова делатност. Сè додека ние не почнеме да се однесуваме кон грешката како кон една точка на раст, како кон неизбежна во елементите на состојбата на обучување и развој, ќе ги притискаме децата за нивните грешки, и самите ќе се нервираме и уништуваме заради нивните грешки.
Притоа, немам предвид на ортографска грешка, иако многумина и при таква, брзаат да се вознемират. Зборувам за грешка при избор на факултет,  грешка при изборот на професијата, грешка при изборот на што да се заборави, а што да се прави. Луѓето ќе грешат, тоа е природно и потребна е огромна родителска поддршка, за детето да знае, што после секоја грешка, тоа може да започне повторно и да продолжи. Така што никаква грешка да не биде основа за да кажеме: «Ти мене ме разочара, ти ми го разби срцето, јас сум несреќен како родител.»


4. Слобода на изборот, самостојност


    Слободата на изборот и самостојноста- тоа е воопшто најсложеното, затоа што гледаме, дека современата цивилизација атакува на слбодата на избор. Гледаме дека нужни ни се сè повеќе безопасности. Мобилните телфони-тоа сè уште се цветчиња, потоа  ќе вградуваат чипови при раѓање, за да знаат точно каде се наоѓа детето, во случај да треба да се попречи во негативни дејности.

    Во таквата ситуација, ние на некој начин сме должни да му ја развиваме на детето љубовта кон слободата, страста кон слбодата и умешноста да се ползува со својата слобода. Тоа претставува мошне сложена задача, затоа што понекогаш, ние самите не знаеме, како со својата слобода, како можеме да си ја одбраниме, а камоли  да умееме да створиме кај детето вкус на слобода.

    Се сеќавате на« Матрикс»? Кога го изгледавте, рековте-«Ах!» Позборувајте со  современите  децата за тоа, тие имаат интересен поглед. Веќе имаат привиканато, дека најинтересните нешта се случуваат во  виртуелната реалност, дека животот, тоа е досада, тоа е реферат по московодение, а движењето, интересот и страста, тое е сè вирутелна реалност, тоа се игрите, сериалите, филмовите, сè е тоа некаде таму.

 

Подготви :Маја Белева

 

27ми септември 2019 лето Господово

Извор:

 https://www.pravmir.ru/lyudmila-petranovskaya-myi-gotovim-detey-k-pozavcherashnemu-miru/?fbclid=IwAR1r_89ZTSMmZWDvSsRMnqnh2KlMcIn54SzV17JLtowmQWH9wuUu2KEKEp0