sv.prorok.ILIJA.jpg

ВО ПЕШТЕРАТА НА СВ. ИЛИЈА

Истата онаа пештера која е прикажана на иконите на Св.Илија пештерата каде што гаврани му донасале јадење.


На патот од Ерусалим кон Ерихон, помеѓу планините лежи пустината Хозев. Помеѓу голите пустински ридови денес се наоѓа Хозевитскиот манастир кој наликува на оаза среде пустина. Веднаш над манастирот се наоѓа и пештерата во која некое време живеел свети Илија .

Во оваа пештера во библиските времиња дошол и Св.Јоаким да се моли на Господ да им дарува рожба со Св.Ана и овде му се јавил Св.Архангел Гавриил и му рекол дека молитвите му се услишани и да појде да и` соопшти на неговата жена Св.Ана дека иако во поодминати години Бог ке им дарува ќерка и ќе се вика Марија (Богородица). А по некои преданија, Св.Ана откако ја оставила во црква својата тригодишна ќерка Марија, идната Мајка на Единиот Бог, исто така со неколку благочестиви жени дошла во оваа пештара и остатокот од својот живот го поминала овде.

 

 

Православие.Мк †