логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Капор е еден од најпознатите српски книжевници, писател, сликар и новинар кој ја освојуваше читателската публика со необична непосредност и леснотија. Животното искуство го стекнувал со секое ново будење, внесувајќи го во своите книжевни дела, сценаријата за филмови, театарски и радио-драми, но го пренесувал и на фантастичните слики и карикатури.

Во една прилика, прашан што е неговото занимање, осторумно одговорил:

„Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а  да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.

Ова се најубавите цитати од легендарниот Момо Капор:

•    „Човек може да најде колку што сака пријатели со кои ќе може да зборува, но малку се оние со кои ќе може да молчи.“

•    „Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

•    „На многумина би му се допаднал доколку не се трудеше да му се допаднеш на сите.“

•    „Никогаш немаме доволно време за оние кои нè сакаат, туку само за оние кои ние ги сакаме.“

•    „Ѕвездите паѓаат и дење, само многумина не се во состојба да го видат тоа.“

•    „Човек може да каже дека не го промашил животот ако може да направи барем една работа  подобро од другите.“

•    „Сите оние, кои бараат нешто важно, нешто скапоцено, нешто што одамна го изгубиле, чекорат на ист начин. Ќе ги познаете по тоа што кога одат по улиците и ништо друго не ги интересира: само гледаат пред себе и бараат, бараат...“

•    „Љубов... Таа е тешка како болест и кога човек има среќа да ја преживее, засекогаш му остануваат лузни кои бодат во определено време; при споменување на нечие име, во некое бледо предвечерие, со музиката која некогаш заедно сме ја слушале, дури и при површниот поглед на уличниот часовник каде што се сретнувавме.“

•    „Можеби среќата се состои во тоа навреме да престанеме да трчаме по неа? Да стигнеме до животот пред лекарите да ни го забранат пушењето, алкохолот, храната, пливањето, сончањето и љубовта?“

•    „Се бара една стара, користена недела, без вести за несреќи и војни! Се бараат пријатели, макар и дотраени, сите оние исчезнати, раселени, изгубени, се бараат сите оние кои нè разнесуваа парче по парче, дел по дел: делови од нашето време, нашите љубови, се бараат да ни ја вратат љубовта!“

 

Извор:


https://www.fakulteti.mk/news/17-04-10/momo_kapor_osamenosta_ne_e_vo_toa_shto_sme_sami_tuku_vo_toa_deka_ne_postoi_nishto_po_koe_kopneeme
  



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 402
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

« »